1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ние не знам што ќе правиме , аплициравме во повеќе градинки во Општина Гази Баба и СЕКАДЕ МИ РЕКОА - ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЕ ПРИМИМЕ! Уште една ми остана уствари таа ми е и најблиску, ама сеуште се мислам , за другиве се распрашував има позитивни искуства ама јас сакав во Автокоманда да одиме , но најверојатно нема да не примат, пробав и со врски ама убаво ми рече жената се се некои деца на пратеници, градоначалници и слично и тешко дека ќе може. 300 апликации имаше пред 1јуни а од 1до30 јуни се поднесуваат апликациите.
     
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    ^
    ovoj datum vazi za site gradinki?
     
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Во градинките каде што јас бев ми рекоа дека е овој датум, но не сум сигурна дали и за другите градинки е така најубаво да прашаш.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Озбилно ова? Е кај да ги носиме децава, аман |(
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.902
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Ние овде треба да поднесеме барање на почеток на јули , инаку колку е глупаво треба да изберам 3 градинки , и да пополниме некои листови , и сето ова се прави во една канцеларија која што ако не прашаш некој што запишувал дете нема шанси сам да ја најдеш и тие што таму ги собираат документите се тиа што ги имаат овие три градинки. и ако земеш сам да и пополнуваш документите и ако згрешиш 1 буква - нема да се валидни документите така да ке треба да дадам 10 евра за да тие ми ги пополнат , парите во џеб кај нив си одат |( :| Сега јас ке одам со една жена која што исто така ке го запишува нејзиното дете и ми рече која градинка прва ке ја изберам таму 90% ке го запишат детето. Исто така кога ке сум ги дала документите , ке ми кажеле дали можеби ке ја примат или не :?:и како така ги бираат децава кое ке примат кое не според што..секако нивните деца таму први ке се :devil: се со врски треба да правиш секаде е исто балканска работа :@
    дај боже само нека ја примат :sweat:
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Озбилно Ана, јас навистина се зачудив. Мм вчера беше и во Хиподром во Пони и му рекле дека можеби ќе ја примат. Во Трубарево се градела нова градинка па кога ќе се отвори децата од Пони ќе ги префрлат таму, е сега кога ќе се отвори не се знае !
    Јас од Автокоманда и се откажав, го направиле како којзнае што да е и од Центар деца одат таму.

    Се разбира први се оние што имаат врски , и што ќе фрлат по некое евро. Немам коментар. КАТАСТРОФА!
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.902
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Ние бевме денес во една градинка дај а запишеме ќерка ми , да поднесеме документи , бидејки ке одам јас во МК и за тоа време ке се одвива уписот. Проблемот беше што неможе мм или некој друг да ја запише ,се бараат мои документи , мој потпис , нејголемата глупост што ја имам слушнато :tmi: :^)
    Како и да е веќе ги направивме сите документи, па на 25ти јули мм треба да оди во таа канцеларија и да се потпише во мое име , треба да избереме три градинки и во една од нив треба дај а примат , ајде со Господ напред се надевам ќе ја примат :whew: :party:
     
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Вчера со една комшика од разговор дојде до "тепачка".....
    Женава кога и да ме види ме убедува да го запишам детево во градинка,а јас не одам на работа факултетот ми е вонредно и немам потреба да ја носам во градинка
    Женава упорно ме убедува дека во градинка ке научела сама да јаде,ке научела песнички,да брои итн
    .А знае дека моево дете на свои 2ипол години брои до 10,ги знае сите песнички,дури и на српски знае неколку,ги знае скоро сите животни на англиски,боите(не ми е намерата да се фалам и ли слично,само сум многу изнервирана :envy: )
    Дали намерата и е да ми го понижи детето и да го потценува дека не оди во градинка,и дека децата што одат во градинка се понапредни,ама и тоа не држи вода...еве на јатрва ми децата одат во градинка сега ке прават 4 години,не знаат ни да бројат, ни знаат сами да јадат, ни имаат некоја култура,не знаат ниту една песничка не се разликуваат од моево дете кое е 1год и 2 месеци помало од нив,дури моево знае повеќе од нив...

    Не сакам да ме сфатат погрешно тие мајки што нивните деца одат во градинка,и јас да одам на работа или да имам некоја обврска и јас ке го пратам моето дете,ама вака да седам дома и да го носам детево во градинка.
    Башка имам триста давачки околу факултетот,а само со една плата па и за градинка да давам пари.....

    Ама понекогаш стварно се подзамислувам дали грешам :?: треба ли да го пратам детево во градинка?
     
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    немој никого да слушаш !твоето дете ти ке си го гледаш и воспитуваш онака како мајкати тебе те учела како бабата неја како е воспитан сопругот и како ти чувствуваш ! моите деца ниту еден ден не се бидени во градинка можеби и незнаат кај се наогаат градинките :) ама со сигурност можам да ти кажам дека се првенци во генерација со дипломи за јазици еве матура со 5 положија и 99.60 бодови за упис на факс имат поголемото! Јас не сум професор :D за моја возрас и стандарди од мое време имам солидно образование ама ко беја децата мали бев,,очајна домакинка,, и неможев да си дозволам трошоци за градинка носење ,земање!Секое дете си е надарено на свој начин ! Со срека!
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Многу ме утеши фалаа ти :*
    И јас така мислем дека интелигенцијата не се стекнува во градинка,тоа е нешто што едноставно го имаш во себе или не.
    А што да одговорам ако пак се повторат таквите глупави коментари?
     
  11. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас не одам на работа и го пуштив моето дете во градинка не ради тоа нешто демек ќе научи или не ти знам што,го пуштив зошто сака да си игра со деца,живеам во зграда и баш нема каде да си игра ајде летно време е полесно,ама есен,зима,пролет нема што да правиме,го носам кај мајка ми сега летно време таму има еден куп деца,инаку поради таа дружба со деца го пуштив,се привикна веќе два месеци оди и сега малце се подразболе го сопрев дома,секој ден наутро ги бара децата,инаку и градинката не е идеална,моето на година ипол си кажува за мочкања и ние дома не користиме памперс,кога го запишав ме натераа да носам памперс зошто тие немале нокшири за децата што биле во таа група,кога ќе го преместиле од септември во другата група демек ќе го стават на нокшир,се си има предности и мани ,така да секој си прави како му одговара,камо и јас да живеев во куќа и да имаше каде да игра,трче моето малечко ќе се подразмислев за градинка,а така на терасата стои и само вика по поголемите деца што минат пред зградата
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Да и тоа ми го рече,твоето по цел ден е само пушти го во градинка барем ке си игра со децата.Да,кое дете не сака да си игра со деца.
    Ајде и тоа нека биде причина ама не е толку голема за да ја пратам во градинка каде што ке фати којзнае каква бактерија,на една пријателка детето цел живот си има мака со стафилокока,па едно време фати и ешерихија,а за настинка или грип да не правам муабет :x цело време носот му тече и нонстоп кашла.

    Стварно сум револтирана кога некој ке почне да ми кажува дека е подобро детето да оди во градинка,отколку да седи дома да го чува својата мајка.А и ова ке го заборавев ми вика-Ти што и да ја учиш се погрешно ке ја научиш |( а што може дасе научи дете од 2ипол годинки освен бројки,некоја песничка,или на англиски неко збор тоа се некои најосновни работи,па ја сигурно нема да измислувам топла вода :|
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    вистина е дека нема никој да се грижи за своето дете како мајката, и вистина е дека мајката ќе се труди за да го научи детето на песнички, на бројки, странски зборови и други работи, ама според мене детето си сака деца, поинаква е играта на децата,
    а за разболување, неможиме децата да ги изолираме, оти ако не се разболи од некое дете во градинка, ќе се разболи од некој од дома.
    ете моето имаше стафилокока на рачето (на 6-7 месеци) од дома седење.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.902
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Кој како сака нека си мисли и прави , според мене во градинка е подобро многу работи ке почне да прави само детето и најважното нема да се врзува толку за родителите ;)
    јас не работам , ќерка ми си знае сама да мочка-кака во нокшир уште од 1,5 год. , сама јаде но ипак ке ја пратам во градинка. За разболувањето- немора да значи дека ако седи детето дома дека дома нема да се разболува. Сепак ова е мое мислење , кој како сака нека си прави :)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Многу сум изреволтирана во однос на градинкиве. Денес во нашата реонска градинка имаше листа на примени деца од септември, син ми не е меѓу нив. Разговаравме со директорката, ни кажа дека децата кои се примени биле пријавени уште минатата година (ние син ми го пријавивме годинава). Имало по 20 деца во група, наместо по 10, колку што биле предвидени. Рече дека дефинитивно ќе се знае со конечната листа, бидејќи може да се случи да остане слободно место, па ќе се заложела да биде примен. Искрено, ме нервира тоа што нас ни велеа да си го запишеме малиот во реонската градинка, како што е правило, а примаат деца кои не припаѓаат реонски во таа градинка. Зошто е син ми дискриминиран, сакам да го запишам во градинка во друга населба, ми велат дека не можам оти не живееме таму, а од друга страна, ваму кај што живееме градинката е преполна со деца кои не се од нашата населба. И сега чаре?
    Плус, директорката ме теши дека е подобро да тргнел во градинка со полни три години. А кој да го чува дотогаш? Да имав кој да го чува, не му се мислев, ама вака, дома не планирам да седам додека не стане тинејџер. А сам нема да се чува. Жена не сакам да земам, важна ми е градинката како дел од воспитувањето и социјализацијата на малиот. Освен тоа, жените кои чуваат деца прилично се скапи, а знам дека нас дополнително би не чинело, со оглед на тоа дека жените се претежно од Центар и Аеродром, а ние не сме им во близина. Освен тоа, не се остава дете секому. Не работам, да, ама активно барам работа (не само по струка), ако најдам, сигурно нема малиот со мене да го носам.

    Жити кампањиве за наталитет, што да раѓам деца, нема кој да ми ги чува. Место да си го стават прстот на чело и да обезбедат услови и можности за повеќе деца, владава гради споменици |(
     
    На DeMelo, bittersweet и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Во сите градинки се објавени листите или секоја градинка посебна политика?
    Малиов сега ќе полни година ,јас поднесов документи иако не сум на работа но во потрага сум исто како и ти ,24/7 сум со него,не дека ми се брза ептен ама да пробаме како ќе биде,што утре ако почнам со работа а детево ненавикнато плачки ќе има ,кој ке ме толерира на ново работно место,сигурно нема одма слободни денови да ми дадат .Јас бркнав некоја врска за градинка ама што ке биде кој знае ми рекоа на крајот на август ке бидат објавени листите.А за реонската поделба до некаде па и во право се.
    Еве јас како ги гледам работите,зборам за општинска поделба .
    Стевче градоначалник на Карпош не сака да прима деца од други населби ,конкретно Ѓорче бидејќи тогаш децата од неговата општина нема каде да одат,значи си гледа за децата од својата општина,и му нагласи на Сокол градоначалник на Ѓорче кој е на мандат веке 8 години да си изгради градинки за децата и во право е.Е сега има и друга поделба,мене градинката ми е на 500м и сакам таму да го запишам малиот,но знам дека нема да има место ,ке ме препратат во дуга градинка која е 2км одалечена од мојот дом ,зошто јас да одам таму во друг реон,нели треба да имам предност во оваа градинка.Некој кој е подалеку исто му е дали за 2км плус ке биде неговото дете и така пали кола,а мене не ми е исто пешки и со кола да го носам до друга градинка.Тоа е мое размислување,може некој нема да се сложи ,но секој си се бори за тоа што му одговара,и што мисли дека е правилно за своето дете.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Не знам за другите градинки, денес имаше листа во нашава. Јас се сложувам со реонската поделба на децата во градинките, ама нека биде ист аршинот за сите. Како што кажав, во нашата градинка (која btw ми е 20 минути пешки во еден правец) има доста деца кои не се од овој реон. И затоа е преполна, син ми не го примаат во градинките во Н. Лисиче и Аеродром, оти не живееме таму. По некоја логика, и нашава градинка треба да оди по тој принцип, ама не е така. Затоа сум изреволтирана.
    И она што го кажа - адаптационен период има кај децава во градинката, па морам јас тој период да го поминам со син ми, нема кој. А ако утре почнам да работам, нема да можам, што тогаш? И така кај нас е тешко да се најде работа, па ако ми се укаже прилика, не сакам да ја пропуштам.
     
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Така е нажалост кај нас на кого како му одговара така си прави ,нема ред во ништо па и кај градинкиве иста ситуација.
     
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Јас да ви кажам дека е објавена листата за примени деца во градинката во нас. Ченто - 25Мај - Објект Сонце.
    И ние сме примени :)
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Супер Јуник што сте добиле место во градинка , кај нас примаат деца над 2 години само :(
    Моево ке тргне од март 2014 во градинка . Би сакала уште сега ама нема :)
    Градинката не ми е баш по кејф ,амаи друг избор сега за сега немам . Детево си сака деца , сака да е цел ден надвор да трЧа , да игра .... па за неа само Градинка :lol: