Мислам дека еднаш го "преќуте"одговорот на ова прашање... Најдобронамерен ми е коментаров, те молам не ме сфаќај погрешно, ама може сака да го зачува градот или името на градинката за себе.
Во понеделник ќе ја носам прв пат, душа ми се стега. Кога ќе ја прашам вика дека сака да оди ама знам дека нема да биде така лесно сепак е мала иако збори како навиена, пак не е свесна фека ќе ја оставам и ќе излезам иако и го објаснувам тоа. А тамам почна да не плаче кога одам на работа сабајле и ме испраќа со гушкање и мавтање. Него се мислам како да направам. Не можам богзнае колку да одам покадно на работа освен 1 саат. Се мислам да ја однесам накај 7:30 да ја зрмам во 8 да ја вратам дома па да терам на работа. Да не е рано многу 7:30 за прв ден? Или поарно додека не се собрани сите??
Џабе сум јас презадоволна од градинка кога постојат родители кои носат болни деца во градинка. Однесов здраво дете, чисти брисеви и уредна кс во понеделникот, вчера растечен нос, денес температура и црвено грло. Немаме свест и совест! А тек е почеток, не сакам да размислувам за тоа како ќе биде тек.
@M&M Kako ti odgovara so rabotata, taka pravi. Pola saat plus minus ne menuva. Inaku eve primer mene mi rekoa podocna da go nosam, deka pomal, prvi denovi i demek prvo da gi soberele postarive deca ili tie sto odat podolgo, pa posle moevo za da Im obrnat vnimanie. Moze pa i taka e podobro da ja izbegnes guzvata. Zena ne ti ja cuvase tebe malata? Moze imam propusten nekoj post Kolku napravivte sega? Ajde so lesno, se ke bide
nosat prazni brisevi za negativni rezultati. idioti!!! mnogu se iznervirav koga mi go kazaa ova. nit da znaat nit da lechat.
Деца во градинка се разболуваат и тоа е тоа. Може немало до вчера ништо или имало негативни брисеви пред 1 недела па потоа закачило бактерија а немало симптоми. И што, ќе зимаш брисеви секој месец, на секоја бактерија дури и ако се смета за релативно нормална флора и не покажува симптоми ќе даваш антобиотик за да ја исчистиш? Ај полабаво малку, не е секогаш до родителите, сигурно дете со температура нема да го фати за рака и да го однесе во градинка. Пред некоја година по преглед од докторката во градинка на сите деца што имаа малку црвено грло им нагласија да се земат брисеви меѓу кои и син ми. Покажа позитивен (а немаше симптоми) му дадов антибиотик го оставив дома 2 недели и кога ја прашав докторката дали да правиме контролни ми рече *не бркајте чисти брисеви кај деца што одат во градинка и школо, битно е дали има симптоми или не, бактерии носиме сите*. Да и мене ми е страв и тоа премногу од разболувања посебно после престојот во болница пролетта (а уште не ни одеше во градинка) ама едноставно што и да правиме не можеме потполно да ги заштитиме.
мојата не оди во градинка па од денес кива ко луда и носот и тече без прекин.Промена на клима,температурни разлики,неминовно е дете да се разболи во есенски период. како да вашето е чисто ко солза и неможе другите да ги разболи ами затоа другите можат него да го разболат.
Рано е. Подобро да се повеќе деца, а повеќето ги носат околу 8 дека до 8:30 е појадокот. Да види што и како. Ако не плаче дека е поголема, можеш и да ја оставиш да доручкува.Одлуката си е твоја. Со лесно само, се ќе биде.
За да се разболи, доволно е да биде во просторија со личност која го има вирусот или бактеријата, може тоа да се слуши во шопинг центар, а може и некој дома да ја донесе "болеста". Во карантин не можеш да се ставиш ниту себе, ниту детето. Т.е. можеш, ама знаеш и самата дека тоа би значело контакт само со тебе и маж ти, под услов вие да не одите на работа и да немате контакт со никој од надвор. Можеби вирусот или бактеријата си му ги пренела ти, маж ти, некој од домашните, нема начин да се утврди.
Девојки мој совет за дечињата кои почнавте да ги носите во градинка: Вакцинирајте си ги децата од стрептокока. Вакцината ја нема во слободна продажба.Се оди кај матичната,ќе и кажете дека сакате таква вакцина,таа "требува" и штом ќе стаса во амбулантата ќе Ви јави (едно 2-3 недели). Детето треба да е сосема здраво,па ни растечен нос да нема.Тоа е условот да ја прими. Вакцината се прима наеднаш или во две дози (во зависност од возраста и тежината на детето). После вакцина Т или други појави немА. Стрептококата лесно се фаќа во градинка а ептен тешко се лечи. Овој совет го примив од докт.Венера (во Букурешт). Малото ја прими на 8 и 10 месеци. Фала му на Бога, сериозно не се разболе до сега,прележа само рота и сипаници фатени од градинка. Во градинка настојуваат воспитачките да не се примаат болни деца,ама за жал родителите ги носат со растечен нос. Колку пати чиста ќе ја пратам во понеделник,во 16 часот ја земам со солзи-мрсули.
Јас планирам да ја вакцинирам може требаше до сега веќе да го завршам тоа. Оријатели ја вакцинираа малата и од тогаш многу поретко се разболува, а и педијатри ја препорачуваат
Мојата 2 дена одеше у градинка. Вториот ден вечерта со повраќање следниот темп и пролив...у меѓувреме падна од кревет па заради повраќање бевме и на смимање на глава... Нејзе и помина малце јас качив 39 а после мене маж ми. Не кутна ептен од кревет не можевме да станеме а никој до нас барем за вода а мора и дете да се гледа. И сите на боледување... Се опоравивме и решивме маж ми да работи од дома неколку месеци оти вака никој не работеше а сите болни. Сега баба и ја чува и да е жива и здрава и мислам добро им оди. У градинка на 3 години ќе почне. Барем така планираме. Мајка ми ме убедува дека мора да се разболува и да стекне имунитет, дека мора да научи дека има обврски дека треба да се социјализира... Ама некако мислам дека ќе научи се тоа и покасно. Јас исто знам и за вакцина за рота кај нас ја нема а во странство била задолжителна. Еден период болница беше полна од рота па се уплашив. Понатаму пред градинка ќе ја барам. Една др ми рече дека мора да се поминат сите вируси ако не во градинка тогаш во школо и подобро сега... јас сум паничар ептен.
Дефинитивно е најдобро од 3г. Јас големиот до 3 го чував дома и после релативно ретко се разболуваше. Малава се решив од 2г бидејќи има постар брат што и влечка вируси и бактерии од школо ама во секој случај ќе пробам и ако почне многу да се разболува може ќе направам поголема пауза па ќе видам понатака.
Не станува збор за улизнување, станува збор за трпеливост, толеранција и култура! Првите денови од септември ни за воспитуавчикте не се најдобри, плачат 15 деца во хор, кое попрво да го смират и на кое да му се посветат?! Затоа велам дека си сака малку почовечен пристат и трпеливост, барем во повеќето случаи мене ова ми пали и го кажувам како совет. Јас најпрвин би пробала со воспитувачкта да најдам компромис и разбирање, би и ставила на знаење дека и верувам НО очекувам од нејзе малку повеќе да се потруди околу детето. Најчесто им пристапувам со ,,ќе може ли, ќе сакате ли, ќе биде ли проблем ако,, ЗНАМ дека не морам вака ама кога културно замолуваш тогаш потешко одбиваат. И не, не мислам дека се улизнувам туку сметам дека само културно и трпеливо се испонашувам! Велиш тие се таму за тие деца и ним им е тоа работа, а и сама знаеш дека во нашава МК во предност си кога ја познаваш воспитувачката, иако за сите деца е она таму! Јас се надевам дека твојата малечка ќе се навике, и дека со воспитувачката ќе најдете заедничко решение како да и помогнете на малата побрзо да се адаптира!
Спомнав ли дека беа 4деца првите дена кај неа, дека е нова? Значи 4,не 15. Јас имав 3дена човечен пристап, добив истрауматизирано дете. Знаеш ли зошто? Затоа што е чувано со сила, да плаче 3 часа, хрането додека не може да се смири од плачење. Не зборувам за тригодишно дете за кое и сама ќе го прашаш што и како и ќе ти каже, туку за дете од една година. И не е во ред прв ден една воспитувачка, а втор ден друга партиски пикната без ден школо и стаж. За МЕНЕ се направи отстапка да тргне детето во поголемата група јасли, но јас не сакам, затоа што таму сите деца одат, а мојата тек проодува. Ама ако сакам можам директно таму да ја пратам. А човечки однос со некој кој што ти вика дека детето ти е разгалено и ништо нема да биде од толку плачење, само почисти бели дробови, мало морген. Но, секако не можеш да сфатиш, бидејќи твоето почна покасно на градинка, а не се уште непроодено. Тоа е разликата. Јас можам да ја запишам и во приватна, ама сакам третман како сите деца, а не да седи во занимални и да гледа цртани. Затоа, @snegulkata не си во ситуација да мудруваш оти ќерка ти ќе дојде дома и ќе ти каже дали јадела, пиела, спиела, играла, додека моето ќе плаче и ќе се буди навечер и јас само ќе се нервирам.
Не ти мудрувам баш на тебе која секако најмногу знаеш, туку кажувам дека и родителите не секогаш се трпеливи и разбирливи кога се во прашање воспитувачките па трчат кај директорите како да директорката ќе им го чува детето! Ќе ти пишав уште нешто, ама ај гледам малце понервозна си па да не си кинеш нервите непотребно! Инаку да, се сложувам дека во предност е кога дете ќе тргне на 3 години и затоа не тргна мојата порано! Ако си во можност одлагај и ти, ем детето нема да ти плаче ем нема да се кареш со воспитувачките, или пак почекајте до октомври кога страшното ќе мине! Ама и што јас ти кажувам добронамерно како да правиш кога ти и онака се си знаеш! Убав ден !