Дури од 4от почнавме со канење. Можеби би размислила и за третиот ако децата си играат, ама за втор дефинитивно се мали. Сите мајки ќе ти бидат внатре кај децата место на маса ако воопшто дојдат. А за честитки не сме праќале, ама ми даде добра идеја за активност, да направиме дома посебно за секое дете. Секако лепи по дома свашта, си прави украси, може нешто продуктивно да направиме.
И на Вибер имаме група и на Фб, само родители учестуваат. Градинката има страна на Фб, кај што објавуваат слики од сите групи и тука може да следи кој сака. За на таа страна да се објави слика е само со дозвола од родителите. Нема мислам потреба баби, дедовци и поширока фамилија да следат се во групата. Јас ако има нешто интересно од моето дете препраќам на блиските.
Не, и не треба, и ја не би сакала слики од мое дете секој втор да може да ги гледа, мора некоја приватност барем да има.
Е па тогаш ќе кажеш да му го покријат лицето. Оти, што, и да не сум во групата брат ми ќе прати слика, јас ќе ка видам, ќе ја препратам на едната, на другата баба, ќе го видат комшиите. Некои па си ги објавуваат на фб, на Инстаграм, па во група никој да не го гледа. Не велам за тебе, општо кажувам.
Реалноста е дека и од родителите секој што е во група може да прави што сака со сликите, да праќа, препраќа и слично. Ама и јас сум за тоа дека не сакам кој ќе стаса да го слика и споделува моето дете по социјалните мрежи. И останувам на тоа дека доволно се родителите да следат група.
За тоа потпишувавме дозвола дали да ги сликаат. И моите знаат дека тие слики се само за нив, не смеат да се објавуваат. Ако препратам нели. Ама на Петкана свекрва и, не припаѓа во групата. Ни па нечија тетка, стрина.
Така е. И што ако бидат само мајките во групата? Не може Трајанка да и ја покаже сликата на комшиката кај што се заедно со моето дете? И скриншот ќе маани. Ма доволно е да го ставам на стори и да го споделам со сите пријатели, кој сака ќе направи скриншот. Е како сега, го ставам на стори на фб, а во групата да нема баби, тетки,вујни, стрини,ќе ми го видат детето... Која логика? Си го праам детево инфлуенсер шо фб и инста. Ама во ФБ групата не смее никој да го гледа?!
Да бе да. За родители е таа група. Шо има да го гледаш моето дете ти. На браат ти, ќе ти го пратат. Моето ја ќе си го објавам, за моите пријатели. Нечие е инфлуенсер и сите ќе го гледаме. Просто е.
Едно е јас, моето дете да го покажам на брат/сестра, кума, Петкана, кој да е. Моите и на сопругот знаат дека од детето не споделуваме слики на Фб. Сосема друго е ти како тетка на Х да си дел од групата и да ги гледаш сите 20-30 деца, па згора на тоа и да споделуваш слики или препраќаш некаде и од внучето и останатите деца.
Не знам како е во групата кај внук ти, но кај нас групите не служат само за споделување слики. Комшиката или тетката ли ќе дојдат на родителска, работилница или ќе даваат согласност дали детето треба да оди на екскурзија.
Па реално непотребна си во групата.Кај нас во таа група учителката споделува за проблеми со децата на час,што да носат следниот ден за некоја активност,за што треба пари да се собираат,до колку се дента на школо(доколу има измена),каде ке се оди на екскурзии и слично,термини за натпревари. Како тебе тоа како тетка те засега воопшто?
Не , и нема потреба според мене . И јас сум тетка па се што е нешто интересно поврзано со внук ми ми праќала сестра ми . Исто и од моето дете што треба им праќам на блиските односно баби и дедовци
A зошто ти е толку важно да членуваш кога групата е за родители? Што ќе испуштиш, зарем мора секој момент на внук ти да го следиш? Колку и да ти е глупо што е групата затворена, на крајот мораш да си ја знаеш и границата. Ако сакаат родителите да ти пратат слика, ќе ти пратат. И толку.
Ама ти очигледно е дека немаш дете. Па извини вака ама сериозно мислиш дека тетка треба да е во група од градинка или поттикнуваш дискусија?! Сеа си размислувам, брат ми да е во групата од градинка? WTF? Ако те интересира што прави внук ти, нека ти праќа брат ти слики и ќе бидеш информирана, ич нема потреба да си во тек со тоа кој сменил дуксер, колку пари треба за претстава или кое дете имало чуден осип на тело. Активности споделувале бе...што нема да прочитам по форумов.