Кај помали групи, конкретно јасли, можеби е и полесно. Ама кај поголеми деца, и те како има индивидуалност. Некои деца никогаш не се привикнуваат на градинка и тоа е тоа. Ретки се тие примери, ама знам деца кои никогаш не ја засакале градинката, од плачење, до запек, одбивање да зборат итн. Тоа што некои родители немаат избор е едно, ама знам деца кои гладни седат, сите спијат овие или лежат или си одат. Никогаш не го потцнувај карактерот на детето, небитно колку е мало.
Тоа што детето е такво на никој во градинката нема да му е гајле и нема да има посебен третман апсолутно.
Не ни кажав дека ке има. Кажав дека децата имаат карактер, и може да прават проблеми. Траума за децата и родителите. На најголем дел негователки знаеме дека не им е гајле. Коментирав на тоа дека во колектив нема индивидуалност, а и те како има.
Не знам за Ск, во градинката кај нас, вклучително и јасли е или ќе спие со сите во исто време или на пладне си оди дома и крај. Никој не го интересира оти моето имало 2, 5 или ниедна дремка во ден. Битно во времето за спиење, да спие. Поголемите може само и да лежат ама нема играње, нема зборување во тоа време. За јадење верувам дека и само леб или што и да е, ќе му дадат да не е гладно. Дека баш за моето од 20-30 деца им е посебно гајле и ќе му исполнуваат желби, тоа никако.
Индивидуалност во колектив нема, крај! Може ако не му смета галама и заспие да го остават да спие, ама дека ќе ги замолчат 25 деца за да спие едно, мало сутра. Дете мора да се научи да функционира во колектив бидејќи не е само градинка, во иднина во школо, на работа, во друштво, мора да се научи дека не може секогаш да биде се организирано околу него. Ова повеќе има врска со домашното воспитување отколку со воспитувањето во градинка и негователките. Јас имам лошо искуство лично со мене со една од негователките, но со дете проблем немало никогаш. Две деца во градинка веќе, во јасли било секогаш одлично, па и подоцна во градинка. Личните преференци на детето само дома, па и дома не може да биде приоритет секогаш бидејќи има братче, тука сме ние, цело семејство.
За време на адаптација (три месеци, некогаш и повеќе сите деца не се исти) попуштаат го залитнуваат полека полека го мешаат со другите деца не треба да има форсирање (затоа и постојат негувателки) со тек на време се учи да јаде, да спие затоа што постои дисциплина. За користење вц шоља ги учат сите. Ако не сака да јаде му даваат било што, ако не сака да спие мора да лежи. Правилата им се тие, е сега зависи колку се залагаат со децата или колку им се работи со децата и колку соработуваат со вас тоа е индивидуално. Јас сум презадоволна од моите. Ама верувај има вработени кај што им поминува времето само. Па после испаѓа само со твоето не може да се справат. Твоето не може да се привикне на градинка не ја сака и тн. Жално но вистинито
Не им е гајле ама треба да им е! Како педагози, негувателки и толку стручни да не можат да допрат до дете? Ајдее море или се вработија кафиња да пијат.
Еве пример по твое, како би изгледало тоа? Пример еве моето не јаде грашок. И сега што треба по твое да направи? Да не треба да излезе да му купи кроасан? Или да не треба помфрит да му спржи? Тој е начинот за да допрат до детето?
Хахаха не сум педагог и сигурно не е така а педагог сигурно знае како да се постави, нити јас како мајка не правам така. Ама ќе дадам нешто друго ќе си јаде било што. Јадењето е потреба можеби грашокот нема да го јаде ама ужинката сигурно ќе ја изеде.
пред да имам дете и да го пуштам во градинка имав замисла дека ќе оди ви мачилиште од се што слушав. откако иде во градинка, а мојата иде од 8 месеци, значи немам зборови колку сум задоволна. во јасли имавме едни негователки и се сменија во градинка, и од тие и од тие сум презадоволна, но она шо можам да го приметам овие години е дека родителите се најчесто проблемот, сите имаат некои големи очекувања дека нивното дете баш е посебно и на него треба да му се посвети некој, се е до мајнесетот, нормално е да разбереш дека тие таму се грижат за 25 деца и дека твоето е исто како и сите други, исто и за јасли мене отворено ми кажуваа дека ги ставаат во креветчиња, ми вика негователката абе шо да ти кажам групата има и бебиња од 8 месеци и деца шо проодуваат и деца од 18 месеци шо стабилно одат, ако ги стаам јас 20 деца на под не можеш да ги допазиш и во право е. сме имале секакви ситуации во овие години и да се удри и периоди кај што не спие, истото ќе ми кажат, абе ако нејќе да спие мора да лежи и да ќути, не може заради твоето дете сите да не спијат и пак се во право, зборевме дома ние со неа, они таму 5 души пробуваа на сите начини, помина период се оправи и тоа. мојата е веќе голема и дома збори колку многу ги сака, така да не верувам дека е малтретирана таму, баш напротив градинката е правото место за дечиња кај што треба да растат, а не дома со баби и дедовци. пак не му се мешам на никој и секој си знае што е најдобро за своето дете и за жал секогаш се погаѓа некој шо не знае како да си ја работи работата како што треба, ама некогаш и до родителите и нивните очекувања.
Баш убаво напишано. Нема поточно од тоа дека родителите се најголем проблем. Кај нас во група еден татко бараше отчет и се расправаше зошто учителката не му давала репорт што сработило и научило неговото дете секој ден. 25 деца се по 3 години. Без осет се луѓево.
Ја земам мојава од градинка , и пред мене еден татко. Ја прашува негователката од другата група. Дали кашлаше малава? Негователкава вели да, кашлаше. После ја прашува колку пати во текот на еден час, од 1-5 пати, од 5-10 или над 10 пати? Мислам дај те молам , кај и да е мислев ќе и даде анкета да пополни негователкава. Таа го гледа и му вели незнам што да ви кажам, јас не бројам колку пати во текот на еден час децава кашлаат, ако треба да броите нека остане дома. Да кашлала вели многу сигурно би ве викнале. И во право е. Навистина има посебни родители, јас незнам прашањава од кај им текнуваат.
А колку пати прдна? Која јачина беше? Тикво, умерено тивко или гласно. Абе секаков народ. Сите си ги сакаме децата ама во колектив тоа е, нрма најпосебно, најспецијално, сите им се исто.
Мене некој од "кашлачкиве" родители да ме види како ја зимам, социјално ќе ми викне Прашувам само дали спиела за да знам до кој степен лудување ме очекува дома
Систер, ни знам што јадела, ни што пиела. Кај нас нема мени на врата. Сум помислила да пишам, се јавам кај воспитувачките некој ден чисто да прашам општ напредок на детево ама ај викам да не досадувам. Ако има мака, сами кажуваат. Може си викаат на оваа не и е гајле за детето.
Никогаш не сум знаела шо јаде Она едно кажува, на менито друго пишува Зарем некој се јавува за општ напредок? Вечер имам прв плејдејт со другарчињата од градинка бе другарки Ќе се пукам у колено Не сум створена за вакви дружби
Јас само прашувам дали јадел Знаат дека дома не ми јаде ,па сами ми кажуваат што изел и колку Чат пат и слики/видеа ќе ми пуштат, оти стално им велам : не ви верувам Инаку и јас пред да имам дете замислував дека градинката ќе е мачилиште за дете. Си велев дека мое дете нема да оди у градинка , поготово па дека јас Не работам . Ама .. Синко одвај чека да оди наутро, тоа е радост коа го оставаме Дури си велам дека на детето не му е убаво дома со нас та толку сака во градинка Не можам да најдам зборови колку сум презадоволна од нашите тетички Чудо се ,чудо !!
Зошто не си створена ? Слично и јас мислев пред да почнам дружби со мајките и дечката од градинка . Ама сега ептен си живееме и се дружиме. А има мајки кои се и по 20 год помлади од мене, со на една мајка од групата сум генерација со нејзината мајка Топ ми оди муабетот , со тие најмладите па и највише. Ме подмладуваат