Ќе се навикне. Ќе поплаче 10 дена после гајле ќе нема. Помали побрзо се адаптираат. Да видиш што плачки е на 3 години кај ќеркава во група, сега што почнуваат деца ехеее. Бебе гајле нема одма се навикнува.
Мајки споделете искуство од градинката Срничка-Калинка како сте задоволни од јасли, колку деца се и од колку до колку е прием
Упорност на максимум, стисни заби 2-3 недели , оди на кафе кога го носиш во градинка на адаптација побрзо време да ти помине, и тоа е тоа. Плачки ќе си послушаш и после ќе ти вели чао или ништо, одма ќе си подава рачиња кон негувателките па ќе си викаш, леле ни чао ни ништо.
Здраво Мајки јас не сум многу активна тука но имам еден проблем па да ве прашам за мислење. Детето има 3 и пол години оди во градинка но бидејќи не сака да спие иде до 12 часот. Немајќи што да правам најдов работа на пола работно време но во последните две недели плаче на оставање ако е друга негователка или воспитувачка. Кога ќе влезе неговата воспитувачка он се смирува, жената не може да се облече или да иде до тоалет он трча по нејзе. Ми е страв дека кога ќе иде на одмор воспитачката нема да се смири и не знам што да правам дали да разговарам со психолог во градинка . Дома му збориме дека треба да седи и со другата учителка и сл. Ама он ни вика дека не сака со нејзе сака само со воспитувачката. И веќе сум преокупирана со тоа како ќе биде кога она нема да биде таму. Ми е жал што премногу плаче на оставање и не се смирува додека не ја види неговата воспитувачка
За во градинка пишаа да направиме по некој украс дома (рачно изработен). Што сте правеле, кажете некоја идеа ?
Добар ден мајки. Дали некој може да ми прати опис и попис на работно место негователка во градинка Фала однапред.
На пинтарест има многу идеи, исто на инстаграм ... еве нешто https://www.pinterest.com/pin/31103053673513669/
Ги прима дечињата, ги мие и средува пред појадок, им менува пелени доколку има потреба, им предаваат заедно со воспитувачката, ги спремаат дечињата за претстави, глумат со нив, прават изработки, работилници, повторуваат тоа што е учено дента, менува постелнини, средува низ занималната.. во принцип се зависи и од воспитувачката, ако е некоја летната во облаци се е оставено на негователката, ако е приземна заедно извршуваат се.
Со маркери на ролната, брадата му е туфер, капата од оние сунѓерастите материјали и нагоре памук. Овие може и ко лампиони да бидат, едно само, од оние шарените стапчиња. Можеш и да ги украсиш ако имаш со што: Други идеи:
Дали некоја знае кај да најдам број од Градинка Сонце во реонски центар Ново Лисиче или на детска улица, не знам како се вика таа градинка? Или ако некој има број да ми даде. Ми треба и инфо кои документи се потребни за упис. Ние сме двајцата на различни адреси низ скопјево, ниеден не е во аеродром, а со живеалиште привремено сме тука. Како ова би се извело?
Здраво мајки, Предложете ми приватна градинка со јасли група во Карпош или Центар. Да сподели некоја искуство? Поздрав
Оброк за здрава Новогодишна трпеза... тоа е темата за базар....за во градинка што носите, каков оброк?
Може некоја салата со брокула и да се направи како новогодишна елка формата. Украсена со шери домати како лампиони, брусница, сирење низ неа. Ова прво ми текна. Вака нешто..
Некој да сподели искуство со дете кое одело во државна градинка, па се префрлило во приватна. Ме интересира во однос на разболување, бактерии и настинки. Дали сте приметиле разлика?
Нема да биде подобро верувај, во приватна и болни ги примаат, знам по другарка која носи дете во Амичи, им даваат сирупи, ги разладуваат температура, се праат и нормално тоа се шири. Кај нас дојде дете од приватна кај големото, вика подобро е овде каде каде, таму вика дете повраќа они не се јавуваат на родители, кај плаќале уште да ги викаат.