Мајки колку информации ви даваат за децата на земање од градинка? Прашувам дали спиела само и дали какала дека има проблем со тоа, и тоа нема да ми го кажат точно. Пример ќе речат спиеше добро, а ја гледам во 5 сака да спие пак, значи не е точно. Да реагирам или ова е се нормално и треба јас да се адаптирам. Во приватните подобро е ова? За јасли прашувам, значи мало е
За истата градинка од сигурни извори знам дека не смеат да враќаат дете, оставено е на свеста на родителите дали ќе носат здрави или болни деца. Така да ако сите функционираат на тој принцип, не верувам во поглед на разболување да е подобро или помалку да се разболува. @kozuf , ни кажуваат јадеше, спиеше, беше немирна и толку, без детали. Ни што, ни колку.
Од претходни дискусии на темата заклучив дека се зависи од самите негувателки и каков ќе им е денот. Зависи и ти како ќе се поставиш и како ќе прашаш. Колку што разбрав втора смена доаѓа околу пладне, сигурно не си даваат апдејт за секое дете што-како, најверојатно и не знае да ти каже. Некои членки може ќе те исмејуваат во стил "што си мислиш ти, твоето посебно е па ќе знаат дали какало, гајле им е, таму е една на 15. Ја ништо не сум прашала со години" и сл. Ја мислам дека таков конформистички пристап не е во ред. Не би требало да сме среќни и задоволни само затоа што ги примиле и сме ги земале од градинка здрави, живи и да си ќутиме за работи што не интересираат. Ако не прашаш нема да знаеш
На другарка малиот идеше во Колорес, па сега е во државна. Пепел беше дури беше во Колорес. Не ги враќаат болни и помаце деца се, едно ако има нешто сите се лом.
Ја не ги разбирам родителите да ти е така болно детето го праќаш да се мачи, ајде и ич да немаат совест за друготе деца. Па затоа и ве прашувам искрено, негде прочитав и исмејувања за "мамички" како мене што ги интересира. Се воздржувам да ги прашувам многу, ете за какањето дека е вистински проблем да пазам што да дадам за вечера. Или дали да има уште една дремка ако не спиела ич (под ич мислам 15-20 минути или помалку). Ама ете и тоа ли е многу, вистински кажете ми ако се помирам ваљда нема да се нервирам. А за другото разболување во приватна наспроти државна и мене ме интересира. Не ми е јасно како во приватните им е ок на родителите дете да повраќа и да не им се јават, зарем тоа го има? Јас како родител не би сакала да ми плаче болно дете и да не ми се јавуваат дека сум платила. И како ако се помалце деца едно ако има сите фаќаат, нели е така и кај нас во државните со 30+ деца?
Имавме искуство со вкупно осум месеци во приватна градинка, 3 дена градинка, 3 недели дома и Козле. Сите можни бактерии и вируси ги фативме. Од септември сме во државна и као очекувано на околу 30 деца да има повеќе разболување, но фала Богу многу повеќе сме во градинка, одколку дома.
@kozuf , не сум од Ск и неблагодарно е да речам било што, може немаат кој да чува дете, може немаат одмор или не можат да бараат боледување постојано, па носат секако. Од тој аспект, не судам. За во мојов град, за градинки, сум слушнала муабет од воспитувачка што вика, што е битно што кашла, течи нос и дома и во градинка исто ќе кашла. Во државниве за температура се јавуваат, за јака кашлица барем кај нас се јавуваат. Повраќање и дијареа исто се јавуваат или ако е кратко пред времето за земање, кога земаме кажуваат. Битно за болно дете барем во градинката кај што е ќерка скоро и да немаат толеранција. Инаку знам и пример што во градинка носи со Тт, наутро парацетамол и во градинка детето. Јас ќе се изедам, да ја мислам мојава цел ден, дали вреска таму со Тт или е омалаксана или не знам што.
Јас имам обратно искуство, прво приватна скоро една година, па државна. Во двете градинки беше исто од тој аспект. Во приватната ми се јавија дека била топла, дојдов ја земав. Дома немаше ништо ама утредента изби коксаки. Во државна беше исто, ми се јавија одма за тт, траеше само вечерта и почна да се исипува пак од коксаки. Друго ништо нема префатено фала богу. За растечен нос со нормален секрет не ја враќаале ни од државна ни од приватна. А и мојата матична инсистира да издаде потврда за здраво дете доколку од симптоми има само нос. Сите градинки се различни, зависи многу и од персоналот. Јас лично бев задоволна и од приватната, но ја отпишав штом се ослободи место во државната. Неодговорни родители има секаде и ако сака да донесе разболено дете ќе го маскира со сирупи и спрејови сабајле пред да го прати. Додека да се јават да го земат, заразата веќе биднала. Најколоритните приказни за приватни градинки ги имам слушнато од луѓе што еден ден не пуштиле дете таму, ама генерализираат дека е прелошо. Лично како родител што пуштил дете таму, апсолутно ќе ги запалам да не ми се јават а болно да го мрцварат пошто пари сум платила. Мене ми се јавиле и ми рекле да дојдам да ја земам. И од приватна и од државна. Мое искуство било исто и во двете. Ако се е во ред кратко кажувале, супер беше, јадеше, спиеше итн. Секогаш кога нешто не било ок ми кажале. Ако не сакала да спие многу, ако се закачала и слично. Меѓутоа секогаш кога даваат дете другата воспитувачка е сама со останатите и брзаат да се вратат, затоа и даваат кратки коментари. Ако има некој посебен проблем со какањето објаснете им дека ви е важно да ви кажат за да можете да преземете нешто доколку има потешкотии.
Како да го припремиме бебе за во јасли на 8ипол месеци треба да тргне? Сега е 6+ Уште цица, со вкусови веќе 2недели многу тешко ни оди, од шише не пие одмолзено млеко, а ни вода. Заспива во раце со нишкање или претежно со цицање, некогаш се буди коа ќе го оставам во кревет. Навечер спие на спална и се буди за цицање на секој 1-2 саати инаку во глобала преспива цела вечер. Од кај да почнеме да ја олесниме адаптацијата и дали ќе треба да се одмолзувам за во градинката или му давате да цица пред да оди и кога ќе се врати?
Уште за тоа не им текна од совет на родители да даваме пари. Родендени, не што за воспитувачките. Сикрит Санта, подароци за децата итн. Ќе видиме во новата година што ќе не огрее.
Млеко пиење нема во градинка, ќе си цица пред и после. Ќе треба да му водеведеш се што даваат таму, кравјо млеко, јајца, грав, зелка, краставици, ќе си видиш по список најубаво. За спиењето не се секирај ќе го научат таму во креветче да си спие. Вода ќе видиш како им даваат, кај нас шише праќавме ама има градинки и од чаша што им даваат.
Jas sekoja godina individualno sum im zimala i sega vo skolo da. Mene mi e ubavo kako praznik i sakam da podaruvam
Dali moze da mi kazete od kolku meseci gi primat decata vo jasli/gradinki? Prasuvam za skopje koga moze najrano da se zapise od koj mesec moze? Drzavno/ privatno? I iskustva ve molam