Здраво мајки, ќе ве замолам за искуство и како да постапам. Ќерка ми има 3 години почна во градинка во Ноември 2024 прво беше на привикнување и се супер беше се до пред некој ден. Само да напоменам дека се работи за Германија тука живееме. Си одеше без проблем а сега секој ден е плачки и на пат до градинка и во градинка и потоа таму исто така и само ми се јавуваат за да си ја земам. Јас разбирам се друга држава таа не знае уште јазик но колку толку разбира се а и да во градинка немаат никакви активности секое дете си прави што сака ретко да ги заиграат. Како да постапам што да направам за да полека веќе прифаќа. Секој ден зборувам објаснувам, и пишувам на лист и кажувам пробувам на секаков можен начин ќе ми каже во ред мама нема веќе да се повтори и потоа пак иста песна. Што би ме советувале вие..
Само трпение мајка. Знам многу е тешко да се издржи тој период ама ако мора да оди не се откажувај. Кај нас беше исто, првиот месец не плачеше многу ама потоа стана свесен што се случува и до декември се со плачки го носев а од март почна. Е сега тука мене никогаш не ме викале да го земам а и кажуваат дека не плачел после, само на оставање и земање плачел.
Она станува наутро и почнува веднаш да плаче не сакам во градинка не сакам плаче до липање, не знам што и стана толку одбивна градинката. Плаче по цели денови и таму .Веќе избезумена сум и немам нерви сами сме тука со сопругот немам никаква помош а она плаче како да ќе оди на колење . Пробав и со добро и со лошо пак исто се надевам ќе помине ова..
А имате зборувано со воспитувачките дали се има случено нешто таму? И дали беше подолго болна и дома пред да почна вака да реагира?
Викаат дека ништо не се случува,јас ги прашувам зашто почнува да плаче ми велат не знам,па кој да знае? А она дома ми вели дека некое дете постојано ја закача ја бутка меѓутоа ајде ќе речам деца се ,но воспитувачките кријат. Се надевам ќе се навикне и ќе се избориме со ова пред тоа да беше болна и цела недела седеше дома.. како и да е катастрофа е со плачки.
Може и тоа што била болна да е причината. Како и да е зборувај и стално дека е убаво во градинката сите се добри таму и ќе плачат ако не оди, ќе ја чекаат. Не дозволувај да забележи негативна енергија кај тебе и кога ја оставаш кога плаче ти биди насмеана со позитивни муабети. Дај и време, се надевам ќе се среди сепак 2 месеци е уште кратко време биди упорна
Кај нас бараат еднаш во септември еднаш јануари/февруари. И потврда од диспанзер и копија од вакцинален картон.
Дали има некоја искуство со префрлање од една во друга градинка? Од една година си иде во градинка и веќе е навикнат, таму научи се и таму ги остави пелени, секое сабајле си ги бара децата што си игра.Знам ќе биде тешко на почетокот ама да не се откажувам или тешко дека ќе прифати
Однесов еднаш на упис, после МРП и после ДТП ревакцина на 18 месеци им однесов копија од вакцинален картон пошто ми побараа.
Има 18м но нема примено мрп а ни дтп што е на 18м. Можам да ја скокнам мрп,да прими сега дтп? Ќе прави некој проблем?
Реално можеш. Не знам само дали ќе треба изјава да потпишеш дека ја одбиваш Мрп. Ко така ми стои во сеќавање дека имам слушнато додека чекавме ред за ќерка за некоја од вакцините. Генерално кај нас во градинка, напоменуваат без Мрп не смее да оди или да се донесе изјава од која причина не е вакцинирано. Лани кога имаше повеќе случаи на пертусис и за Дтп беше задолжително. Може не е исто во сите градинки. Кај нас се строги за ова.
Не е проблем. Ќе му дадете дтп и ќе ви дадат потврда за кога е закажана мрп и со тоа може во градинка.
Може така направив и јас исто точно на 18 м и ми закажаа за еден месец мрп, ама ја ставивме точно на 2г.