Ги пуштате ли во градинка периодов? Многу се мислам што да правам. Една недела беше болен и уште една седеше дома. Утре ќе почне трета недела како нема одено. Си викав да издржам уште една недела и да го пуштам од следната. Некако страв ми е многу болни, а од друга страна седејќи дома он се одвикнува. На страна тоа што веќе е претежок за чување и анимација. Работам од дома ама морам и во канцеларија да се појавам, и сега не знам..
Бебево го пуштам, редовно оди. И со поголемите деца исто правев. Често се разболуваа, ама штом ќе поминеше одма ги враќав. Малово минатиот четврток со стомачен вирус беше, три дена траеше, поминаа неколку дена па го поврати во поблага форма. Од утре пак ќе оди, едно што немам друга опција, друго што не сакам редот и навиката да му се пореметат.
Бела, нема крај со настинки, вируси и зарази од градинка. Подобро пуштај го. Ако не е едно, ќе е друго. Сезона на грип, па сезона на сипаници, па сезона на алергии или не знам што таму. Ако не бил сериозно болен и со антибиотици или потешка терапија, подобро е да оди.
Мене овој пат многу ми се направија паметни од страна баби, тетки, а обично не се мешаат. Демек сериозна ситуацијата, многу болни. И некако ми направија шубе. И јас обично повеќе од една недела не го чувам дома после болест. Не беше сериозно болен, само температура и секрет од носе, без терапија помина. А искрено и се исплашив од грипот или што и да е ова што кружи. Јас бев болна пред неколку дена и ептен лошо поминав, со антибиотик и инхалации и страв ми е искрено за него. А знам дека нема никакви правила, ама ајде де.
Ја пуштам, досега добро се држеше цела зима, освен еден вирусен ларингит. После неколку дена терапија се врати во градинка по насока на педијатар-пулмолог. Знам дека е сезона на сите вируси, ама освен ако нешто сериозно не и опадне имунитет не планирам да паузира.
Толку е периодов погоден за инфекции што ако треба да се зарази и да не оди во градинка, ќе закачи од вас/блиски луѓе со кои имате контакт. Сѐ зависи од имунитетот каков му е, ако е со добар имунитет од нога ќе врви со секрет во носе, ако е со послаб имунитет и ветре да дувни, ќе спушта на гради. Големиот во 3 месеци втор пат пневмонија ми прави без никакви претходни симптоми, директ спушта. Малото да не го подречам, од септември тргна, досега само 1 недела има паузирано, имаше температура и бактерии во носе шо ги третиравме. Ако нема некои поголеми проблеми, јас би го пуштила. Нема како поинаку да стекни имунитет, најмалку од изолација.
Он до сега нема спуштено на гради. Се разболува, ама секогаш останува на горно респираторен систем. До сега ‘посериозно’ разболување му беше бактерија во носе и ларингит. Не е до тежината проблемот, туку дека често е болен. Од средина на септември е почнат, а прв пат сврза три недели сега околу Нова Година, пред да се разболи.
Ако ти е за утеха 1,5 година оди, во толку време дали 1 месец цел без прекин има одено или ни толку. Од септември до сега, обавезно 1 недела во месец е дома, кога полесно, кога потешко болна.
Уф, се надевам ќе се подобрат наскоро. Многу е тешко кога не одат редовно. Таман ќе фатиме некој ред, сѐ се изреметува. Јас немам и кој да го чува, сѐ е на мене и маж ми кога ќе дојде од работа. Ама до 16ч јас сум веќе како да сум се борела со лав. Ептен е захтевен и многу му е досадно затворен дома и без деца.
Јас тука го пуштам, ама секако тука никој не си го држи детево дома долго. Баш преска зборував со другарка во Мк ќерка и до 1ви ќе седела дома од таа причина, многу било лошо по градинките. Знаеш и сама веќе дека со седење дома нема да е подобро, исто ќе е едно враќање и пак болен. Порано или подоцна ќе закачи нешто. Од емотивна страна да се ставам во твоја кожа и јас не би го пуштила, ама од практична знаејќи колку промени се случуваат во нивната глава и од само еден ден дома, а не пак цел месец, би го носела утре. Ќе се вртите во круг со адаптација вака само, за со вируси веќе јасно е дека кругот е неизбежен. Еве и Јован пак е болен, мене тело ме боли од умор. Ама сепак подобро е, првите месеци на 2 дена креваше темп сега знае да одмори до 2 недели. Не го носам само кога има темп, вака редовен си е и мислам дека само поради тоа толку брзо зајакнува имунитет веќе. Издржи уште некој месец, догодина подобро ќе е
Па сами си правиме некогаш непотребно збрка во главата. Јас сум свесна дека имунитетот побрзо ќе се оформи ако си е редовно во колектив. Дома стануваме ептен нежни и јас и он. Јас не бев човек што лесно се разболува, ама сега од што сум нон стоп дома изолирана, станав многу поосетлива. Фала ви на сите на охрабрувањето. Здравје од среда ќе го пуштам. Нема ништо да сменат неколку дена. До крајот на зимата сигурно пак ќе се разболи, ама да поминува полесно кај сите.
Ќерка ми само 1 ден изостана од градинка зимава заради апла растечен нос шо мислев дека ќе премине во нешто плус Ама арна ми се виде, денес ја пратив пак
Ние сме болни моментално, седи дома, ама да се заарни одма ќе го пуштам, во ист момент. Не се разболуваат толку сега од колектив колку од загадениот воздух, кашлаат како пушачи.
Го чував дома 3недели поради празници и слично мислев се одвикнал но пресреќен беше кога го однесовме... Во четврток имале дете со тт утредента сите (и моето ) кашлаа и почнале некои со тт, моево викендов па дома е... Јас би го пуштила но ако можеш и немора бар уште некој ден