Во некои градинки и директорката има група, ако не си запознаена. Не знам ни најмногу, ни премногу, знам само дека сакам најдобро за детето како секој родител. Јас не се карам со воспитувачката, апсолутно, секој проблем го пријавувам, затоа таа институција има претпоставен, тој е образ на цела институција и тоа му е работа, да го чува образот чист. И секој нека разбере како му одговара, но јас немам баби кои ќе ми чуваат дете и ќе ми помагаат.
Здравооо! Моево дете втор ден во градинка беше 15 мин. Ми вика воспитачката, за од утре подолго, па ќе видиме. Некои ми викаат, што е тоа малку е, треба подолго, те маткаат... Ама мене не ми се брза, а од друга страна викам, да не речам јас за подолго, па да се утепа од плачење дете. Не знам како ќе речат така. А мене за се паника ме фаќа, за јадење, пиење, вц...... Ама како сите, така и ние., @M&M јас ја носам во 9 и пол. Ми рекоа прво имаат доручек од 8 , и пол до 9, да ги средат па после да дојдеме.
Нема шанси толку касно да ја носам работам јас од 8. Утре ќе одам покасно на работа ама пак не можам многу касно.
Zdravo majki, Nie denes prv den pocnavme vo gradinka. Sin mi ima 3 ipol godini. Sedese umen saat ipol, se nadevam se ke bide dobro. Moze li sovet, sto da davam za podobruvanje na imunitet, preventivno.
Јас почнав насабајле свеж сок од капини, портокал/лимон и јаболко или некое друго овошје. Капините се најголем имунобустер. Може и во вид на смуди да иде. Јухууу денес дури и отспавме и ручкавме. Малце сменивме редот, прво спиеше па ручаше, ама добро. Сабајлево многу плачеше, ама нешто го мачеше, не знам што само. Утре сабајле во 8 ќе го носам, да појадува таму и да руча, ако сака и нека отспие, па после ќе го земам. Мислам дека ќе не биде. Само да не чува здравје.
Moevo mu dale da jade, kasnalo 3 zalcinja i im reklo - gotovo mi e so jadenjeto Ke kupam denes kapini, pa od utre poveke vitamini.
Па зошто би се бунела ако јас пуштам болно дете? Бевме на лекар, потврди дека е здрав и може назад во градинка. Додека сум дома бар можам да го чувам и ќе го излечам па ќе го пратам. Доктор вика некој вирус според кс. Свако чудо за три дана.
Не се разбравме. Јас однесов здраво дете, правеме кс сабале, докторот рече супер си е носи го слободно. Иначе момент на нервоза ми беше поише, тоа е, нормално, ќе се разболуваат нема друго, така е во колектив. Од друга страна лесно ми е мене, дома сум уште, а тие родители кои работат на драго срце не оставаат болни деца во градинка. Ќе се навикнеме, некогаш и ние ќе одиме можеби со растечен нос. Не требаше денес да го носам, уште е кревок, може требаше ден два дома да седи.
Охооо,сега до мај се ќе бидат со мрсули,само да немат други симптоми како тт,омалаксаност,инаку ќе видиш дека на секој мрсол нема да седе дома,па и ние кога сме настинати а сме способни одиме на работа,неможеш на секое кивање или кашлање дома да седиш. Ние првата година секој месец од градинка си фаќавме по еден вирус со по два три дена тт и толку,после како ништо да не било,така да нормално е до сега се чувани во колку толку стерилна средина дома и наеднаш се среќава со едно чудо бактерии,микроорганизми,вируси,ама најтешка е првата година,тогаш од неа и јас многу се разболував,никогаш не бил толку паднат имунитетот ,веројатно ми ги носеше од градинка вирусите. Малата ми е веќе трета година во градинка,мислам дека веќе имуна стана на многу работи,лани два пати ако се разболе и тоа настинка,цела година не крена ни тт,сега летово некој вирус од жешково со тт,инаку супер минеме,секое утро со цеден портокал и мед со таан ни почнува,сега кога ќе излезат калинките и плус со сок од калинка,содржи многу железо.
Мајки,не секогаш децата се болни и ние се нервираме кога некоја мајка ќе донесе болно дете.Конкретно овде воспитачката уште прв ден беше болна и на антибиотик а мора да дојде на работа.Мојата после 3 дена настина и јас ја сопрев дома додека не опорави и вчера ја однесов пак. Ама јас си знам како ми беше кога си доаѓав во 8 наутро а она расонета и спремна за игра.Срцето ми спиеше а имам дете за гледање.Едвај 2 часа спиев на ден кога она ке заспиеше поручек.
Се слушнав со матичната и ми потврди за вакцинава, но ми рече не се давало превентивно ако се нема разболувано до сега. Ако зачести со респираторни заболувања и стрептокока тогаш ќе ставиме. Фала уште еднаш за советов.
Прв ден заeдно со мм бевме околу поlа саат дете воодушевено си игра се отпушти. После секое доаѓање се потешко и потешко сега втора недела и плаче. Само нејзиниот глас се слуша, стое пред врата и вика мама срце ми се кине кога ја видов таа слика. На почетокот заедно останував па ја оставав 5 мин сама па следниот ден 10,секој ден зголемуваа по малку еве ја сега 1 час е внатре и плаче дури и два пати поврати од плачење. Милион прашања во глава може требаше дома да остане и оваа година ,ама ќе издржиме мора да бидам упорна де надевам за брзо ќе ја засака па со радост ќе одиме.
Дали ќе имам среќа да најдам активна мајка во темава што има искуство со клонот на "весели цветови" во Црниче? Иако е тоа релативно нов објект, ми треба некое искуство да ми споделите
На мојата и е 5 ти ден градинка. Првиот ден влегла насмена ,без никаков проблем се додека некое дете почнало да се тресе од плачење и воедно да повраќа,па малава се исплашила и почнала да плаче. Вториот ден , влегла со плачење,но веднаш се смирила и двата дена и пишувале петки на рачето и цртале пеперутки и така се приврзала за учителката,па третиот ден сакала само со неа да оди зошто другата тетка ги карала(мисли на таа што го зема од врата). Овие два дена седи без проблем,иако не плачела ја пуштаа во 10 часот , вероватно од понеделник повеќе ќе седи. Само беше разочарана зошто вчера не и пишале петка. Се надевам дека после викендов пак ќе сака да оди,можеби ќе и дојде убаво дома,па плачки од сабајле за будење.