И кај нас исто, од 8 потврди, 3 дечиња дојдоа. Дали вируси или нешто, ама две мајки пратија порака, други две пред градинка ми кажаа дека не можеле болни биле. Еве во четврток ќе одиме ама така веќе и не ми се прави ќеиф.
Ќе пројдат 5-6 месеци, ќе се навикне. Збори со учителките, сигурно ќе ти кажат што се случува. Нормално дека не може само да си оди. Било дома до сега и само, затоа е чувствително. И јас така касно сум тргнала во градинка. Ама сакав да одам да бојам да пејам, прашај го што сака да прави.
Не ме заебавај бе Ангел, знам кај ја запишав У Бели Мугри е ќерка ми , е дали спаѓа у Капиштец или Водно не знам до толку Багремар е централната, таа баш во Капиштец што е
Ме збуни и мене локацијата, Капиштец, Водно... Сори. Не ги научив овие Панорама, Водно и Капиштец која е која и крај, само знам кај Универзална е Борче. Јбг, плавуша.
Ааа јас и ден денес само за Панорама сум сигурна дека е на Водно, оти така ни кажаа летото кога спојуваа Инаку стварно не разбирам ни јас у која населба живеам понекогаш Уличката ми е некако на граница од Водно и Капиштец. Гласам кај што гласаат Водњанци, а официјално мислам дека сум во Капиштец
Зошто се вика Багремар градинката???? Кај нас се Први стапки, Ѕвездички и Бисерчиња. Што е со имево?! Градинка е....
Јас сум презадоволна. Мојата од 8 месеци почна, 2 год во јасли. Прва јасли се од 8 до 18 месеци, втора од 18 до 24. Мојава ги обожаваше негувателките. Најдена, наспана, чиста секогаш била. Дури и со фризура ми ја враќале. Слики не праќаат од јасли ептен некогаш од твоето дете и само на тебе од мерак. Ја одвикнаа и од цуцла, и помагаа за да научи да џвака. Строги се во однос на храна од надвор не примаат и тоа го подржувам. Адаптацијата беше 3 недели со спиење до 4 да останува. Единствениот проблем мене ми беше што мораше пред 4 да ја земам таму нема дежурни, а ми требаше до 4 и 15. Но со оглед на се друго што беше одлично, се снајдовме некако и за тоа.