Мајки дали родителска ви кажуваат за секое дете едно по едно ? Многу глупо вака имавме родителска и едно по едно ги пееја децата Немаше потреба да слушам јас за деугите нити тие за моето. Знам за големиот и градинка и сега во школо ни кажуваа дека не смеат така да кажуваат зборат општо, па потоа секој што го интересира останува и прашува Вака вез беза па останавме и 2 саати за да слушам за 25 деца поединечно
Само кај нас има родителска еднаш годишно? Инаку не, кај нас ако не прашаш нема ни да ти кажат. И мене ми личи несоодветно да се збори лично за детето пред сите родители.
Не, општи работи кажуваат за цела група, ако некој го интересира нешто конкретно за сопственото си прашува после родителската.
Леле да Ама нашиве потенцираа некои темпераметни дечиња, другите само ги спомнаа. Баш за сите поединечно не Инаку родителскава не знам шо поента имаше, родителите што требаа пак не се појавија.
не, баш се коректни, се внимава шо се збори, на пример денес ни кажаа дека доаѓа дефектолог и логопед и дека има дечиња во групата со кои посебно се работи, нешо од типот кое дете со кое се дружи најмногу такво нешто спомнаа и нешто ако се издвојува позитивно
Една сме имале досега општа. Критики не, за секое дете посебно не, ама во муабет спомнуваа, демек сега ги учиме да јадат сами, Х, У, В не знаат сеуште. Или ги седнувам на нокшир, тие што не се одвикнати седнете ги и дома и така некои насоки. И општо нема некоја комуникација барем со мене не, знаат да ме побараат само ако ќерка направи некоја голема глупост.
Браво Овие нашиве беа ко тетки на пазар. Кое моча, кое не , кое јаде, кое како збори, кое се лути, кое од какво шише пие , какви пелени носи , пренапорно за слушање за секое дете посебно, навистина зошто ме интересира мене. 2 саати окапавме човече. ако не и повеќе. Па нели следствено на тоа ние мајките да се “одбраниме” дека не е така абе чудесии . Следно не им ни одам. Ако има проблем нека ми јави .И така ништо паметно не слушнавме.
Не. Општо кажуваа за децата. Што активности имале и што ќе правиле понатаму и имаше некои родители си прашуваа за децата дали спиеле, јаделе итн..
Немаше повод, нели две родителски имаме годишно оваа беше втората. Зборе прво општо потоа дете по дете .
Јас за аплицирав за Пинокио, но ми предложија да оди во Палешка во ГТЦ објектот зошто се помалку деца. Ако прифатам ако не ќе одеше во Пинокио тоа е позади градска болница. Ама прифатив зс Палешка во ГТЦ па таму е. Сега аплицирав и за малово ама за од септември за јасли ч, јасли има само во Пинокио.
Пополнив електронска апликација за упис на дете во градинка и имаше опција формуларот да ми биде препратен и мене, но не ми стигна ништо на мејл, нити па добив некој одговор од нив за документи и слично. Барем формуларот да ми го пратеа да знам дека пријавата била во ред, сега се мислам дали одново да ја пуштам. Ви се има случено нешто вакво на вас?