Јас мислев ќе почнат од 3 ти родендени да се канат, ама не, помина цела година никој не покани. мојата е на почеток на декември меѓу најмалите, јас решив да ги канам, да скршам мраз и искрено дојдоа доста дечиња, после нас имаше уште два родендени до крај на декември и не поканија се надевам ќе продолжат
Како решавате со кого се дружи најмногу? Мојава да ја прашаш секој ден различни 5 деца реди. Ние цела група се каниме, никогаш не дошле сите на ниеден роденден, макс мислам 15 биле, ама против би била така да се канат поединечно, се создаваат табори.
Многу е без врска да се канат неколку деца. Мислам во ред, според можностите сите, ама мене ми е многу глупаво да ги делам кој ќе го поканам посебно зошто кога се помали играат сите. Може сме имале среќа со групата на големиот син, па баш некако сите се компактни и си играат, а на родендени и братче/сестричка доаѓаат. Јас го носам на сите родендени кога не е болен и сме во Скопје и него му доаѓаат многу деца на роденден.
А како ги каните? Имате посебна група само за родители? Или во таа групата каде што се и негувателките?
јас пишав во таа група кај што сме сите, па после тоа се направи посебна група само за родители и таму канат сега
Многу е глупаво да не се канат сите ама кај нас си има кој со кој се дружи. Дали и после градинка дека се дружиме со некои, може и до тоа е. Ќеркава 3 иоил е, од 2 ипол год со 2 девојчиња се како заљубени една во друга, не се делат, само за нив се збори. Па после има уште еден круг од 5 6 деца исто со кои се дружат. Кај нас се кани во вибер групата и обично сме истите цело време на родендени, 15тина максимум, а се 28 на список. Не знам зошто другиве не ги носат, децава буквално живеат за родендени на оваа возраст. Дури и си играат родендени кога нема некој роденден. Искрено со децава што не се дружат, никогаш не биле донесени на роденден.
Ако канам со кој се дружи само, треба само 2 другарки да и викнам. А реално на сите родендени одиме и повеќето ни дојдоа. Исклучок се децата што никогаш не дошле на ниеден роденден, и не канеле од градинка никогаш. Сите останати, редовните по родендени, сите секаде одиме зошто иако имаат групирања, пак сите деца сакаат да одат по родендени. Од 3тите родендени, сега до 6тите секогаш се канела цела група, или ич не се канело од градинка. Баш размислував догодина во училиште веќе, ако сака пак во игротека да слави пак би го канела цело одделение. Евентуално ако изрази желба за нешто поспецифично (пример кино, или зоо, некоја активност) тогаш можеби би и дозволила да избере неколку другарки и само со нив да слави. Јас на времето секогаш кога сум славела цел клас сум го канела, дури и во средно. Не било секоја година така, зависи колку можеле да си дозволат моите, ама немало сепарација да поканам пола од децата. Или 2-3 најблиски другарки, или цел клас. Мислам така е најфер и би го применувала уште од сега. Зошто инаку во секоја група има едно или две деца што се побесни што децата ги избегнуваат, таман работа да и дозволам на 5-6 год да ги покани сите освен тоа дете.
Во ЗОО колку повеќе поканиш толку повеќе ти се исплати искрено, зошто е фиксна цена. Кино е поскапо. Треба да проверам сега во Милениум, ама во Синеплекс е 400 од дете и кога ќе удриш есапот исто ти се фаќа зошто немаш родители со пијачки, немаш сокови, немаш грицки, немаш слатки маси, немаш куп работи кои ти коштаат и дете ќе слави со другарчињата што стварно сака. Плус само торта ти треба и толку!
Ние имаме посебна група, таму се договараме за родендени, праќаме слики од родендените, за плаќања што треба, подароци за негувателките и сл И кај нас сите се канат. А малку доаѓаат. Не знам што к им е на родителиве, децава ко шо рече Теа живеат за родендени. А и јас
И моето е најмало во групата. И јас за третиот роденден скршив мраз и поканив цела група. Пред тоа сме биле на неколку трети родендени од градинка ,ама не се канеа цела група , туку тие што си се дружат мајките. Кај нас само две дечиња не дојдоа , болни беа. Од годинава, од 4ти роденден фактички се договоривме сите да се каниме и да одредиме по колку пари да си даваме. Така предложија неколку мајки , прифативме сите. Мада јас појќе си сакав подароци да си носам , мене ептен ми е ќеиф да купувам за девојчиња , а кај синко две третини се девојки. Ама мнозинството одлучи да сме си давале по 10 евра. Оделе Не оделе , пари ќе си собираме. Имаме и ние посебна група на фејс. И тоа многу сме активни таму, малтене секој ден четуваме
Ау машала, бие богаташка група Не знам колку деца се, ама 20 да се тоа се 200е. Машала. Јас купувам подароци ама да решат и кај нас и јас би вака. Јас многу сакам да купам подарок, со мерак одбирам.
17 се. Зашо богаташка ?! Ми тоа е заем брашно , на ти го ,дај ми го Инаку и досега што одев на родендени, околу 1000ка ми излегуваше подарок. Ние веќе скоро сите сме здружени ептен..почнавме еднаш неделно или на две недели да одиме топтан у игротека
Шо напраи бе Бубче? Јас докај 500 буџетирам, па сега се замислив да не е малку... Обично сложувалки купувам
Да ти кажам и јас мислам дека е 'многу' , ама така почнав на првиот роденден и така терав. А бев на 5-6 родендени пред мојот,ама со тие мајки сум баш и блиска , се дружиме доста. После гледам и они за моево донесоа толку одприлика ,ваљда им било незгодно , што знам Мене све ми е страв да не се засрамам Затоа сега решен проблем. Сите пари и нема устручавање
Ова И јас лично бев против пари,ама мнозинството одлучи така. Па си реков , ок . Кога ќе дојде четвртиот роденден однапред ќе му купам играчки кои што знам дека ги сака и ќе му ги спакувам и нека отвара дома . Можеби па и поарно е вака. Ем нема да добиеш 10 чифта пижами и 5 исти сложувалки или колички ем ќе му купиш на детето она што оно сака Иако Јас лично појќе си сакав со подароци да одиме