Цвеќе само знае да црта кај мене. Е сеа круговите, не се секогаш еден со друг ама пак. Намерата е битна.
Да не ми е најомразен денов ми даде идеја и ние да им правиме честитки. Јас се мислев нешто со прстиња, мислам дека најсоодветно е за таа возраст. Пример да и ставам јас точкички каде она да шлапне прсте или да исече колаж па да го залепи како конфети, а текстот секако ќе биде од мене
Имавме, ама тогаш ги видовме и толку. Затоа ме чуди. Ама добра идеа ова со честитките, цвеќенцата секако ги имам и по една честитка. Фала на сите!
Немав некој план за 8 март, ама сега ме замисливте. Моето дете сѐ уште е на адаптација, повеќе е дома отколку во градинка и знам дека се 2 негователки, ама кога и да сум ја земала биле мешани со другата група. Не знам што би било соодветно да земам, вчера после муабетиве си помислив дали ќе е во ред да направиме оригами цвеќенца, па симболично да го поминеме празников. Што мислите?
Здраво пак јас уште се мислам во која градинка да го запишам син ми, дали Кочо Рацин-Н.Н.Борче или Кочо Рацин -Матичен Објект на Козара… и на двете места слушнав позитивни искуства,ама не знам како да пресечам. хелп! За јасли станува збор
Не знам дали можеш да бираш објект...ние аплициравме во Кочо Рацин и не известија дека е примен во Бели мугри, исто за јасли
Зависи колку фигури се. Јас имам земано посебно со по една фигура 700 ден. За групни рамки зависи колку фигури се.
Ќерка ми од лани оди во градинка ама до сега ниту еднаш не пратиле слика во групата. Знам дека не сум само јас и дека детето мое не е нешто попосебно од другите. Ама сакам барем една слика да ми пратат од градинка ете да ја видам и како спомен да си имам. Дали е глупаво кога ја земам на врата да ги прашам дали ќе може да ја сликнат и да ми пратат?
Не е глупаво. И тука не праќаат слики ама јас и реков дека ќе биде убаво кога ќе имаат време да го сликат и да ми праќат. Не често ама на битни настани ми праќат
Мене само кога славеше роденден ми пратија, друго само кога имаат групни активности праќаат во групата па ако се погоди да го има на сликите