Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    769
    Мајки еден совет, детево оди во градинка од Септември месец има две години до завчера немавме никаков инцидент значи од учителките ми е пофалена дека е мирна си игра со децата не се чепка е вчера и денес гледам изгребана е по лицето, вчера учителката ми кажа дека со некое девојче за играчка се скарале и ја изгребала и мојава не изреагирала ништо, денес пак гледам дека е изгребана по лицето и тоа денес повеќе а на сопругот не му кажале за денес дека ја изгребале таа сама кажа кое девојче и денес и вчера ја изгребало значи истото девојче.
    Незнам што да правам ај еднаш два пати ќе речам деца и плус да напоменам дека недела веќе два пати не спијала во градинка си лежела ама не заспивала ова до сега прв пат се дешава ќе ве замолам за некој совет.
     
  2. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Искуство со градинка Корчагин - Пепелашка, јасли група?
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    14.277
    Пол:
    Женски
    Немате слики од активности?
    4та година ми иде детето редовно во градинка, од првите три може вкупно 10 слики имам. Зошто учителката ништо не работеше со нив. Оваа година имаат нова учителка, 10 слики имав во првите 4 дена, а секако пушта по еден куп слики од сите деца, па зависи кое колку пати го фатило на слика, ама сите ги има.
    Лично мене ми праќаше слики кога и беше роденден, посебно со секое другарче ја сликала.
    Ако нема слики од активности општо, цела група да реагирате дали работат нешто. А ако само твоето дете го нема на слики, тогаш да збориш со учителката зашто не учествува.

    Ако е истото дете, јас би ја побарала мајката на тоа дете. Ама најчесто не се две деца што се закачаат, него едно ќе има што ги закача сите. И во таква ситуација учителки треба да реагираат кај родителот, не ти лично.
    Имав некоја таква ситуација кај ќерката во група, среќа со разговор си го реши мојава проблемот, се одалечи од проблематичното девојче, ама тоа дете сите ги мавала, гребела и клоцала, не дека само ќерка ми била закачана па да речам дека баш моево дете има проблем.
     
    На A.V.S 91 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    8.338
    Пол:
    Женски
    Лани почна на една година и тогаш на родителска ни кажаа дека се мали и дека нема да ги сликаат сметале дека за тоа време што ќе го изгубеле за сликање ќе завршеле друга обврска околу нив. Сега има 2 години и пак не пуштаат слики. Не само од ќере. Туку во групата општо немаат испратено слики. Освен некои известувања и сл.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    14.277
    Пол:
    Женски
    Ќерката ми е во Весели цветови и групата од 2 години во сите клонови ја има на фб со активности. Јавни слики се, можеш да им кажеш еве дека не е губење време на таа возраст. Ако може во други градинки, може и кај вас. Пак ќе речам, може до вашата учителка е, а не до возраста или градинката.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    769
    Според ќерка ми истото девојче е и колку што имам разбрано од други дека тоа девојче малтретира и други деца а дома кажува дека нејзе ја малтетирале.
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.157
    Допаѓања:
    6.530
    Пол:
    Женски
    Од јасли пуштаа слики од роденден, именден, други прослави, кога украсуваа за Нова година, општо празници. Може во просек неколку пати месечно.

    Во новава група, на почеток се засили воспитувачката и пушташе 2-3 пати неделно од активностите. Сега само кога има некоја прослава.
    Посебно се случило ако имаме некоја дебата да прати лично до мене и тоа еднаш, само од моето дете.
    За до други родители дали праќа повеќе или помалку не знам.
    Овие слики што се во групата се од сите деца, па колку ќе го видам моето на слика, толку.

    Во друга група, роднина моја вика воспитувачката секој петок објавува по некоја слика што правеле во текот на цела недела.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    14.277
    Пол:
    Женски
    Тогаш реагирај кај учителката за да се зборува со родителот на тоа девојче. Ти и да зборуваш џабе е зошто очигледно генерален проблем е со тоа дете и неговото однесување. За да нешто се смени треба родител и учителка да работат со детето и во градинка и дома.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    8.338
    Пол:
    Женски
    Па и од други групи гледам дека си споделуваат плус им праќале и лично. Кај нас не знам зошто вака. Пак ќе речам може многу деца дека се, а тие само 2 се. Не знам навистина.
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.097
    Допаѓања:
    40.469
    Пол:
    Женски
    И ние мајките понекогаш претеруваме. Секоја со свои желби, па од моето дете слики, а зошто моето го нема.?!. А ако се повредат или истепаат, после муабетот ќе биде, што гледаат, по цел ден со телефоните во раце.
    Кај нас праќаат само од родендени и сосема доволно е. Ова во јасли. Кога ќе почнат со активности ќе се задоволам со некоја групна фотка и доволно е.
     
    На DaftyCrafty и Luna91 им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    27.798
    Кажи и да се дистанцира од тоа дете. Учителките знаат сигурно и (треба да) работат и со детето и со родителите. Кај нас исто едно дете само се закачаше, тепаше, учителките реагираа, ама родителите не соработува.

    Сите родители им зборевме на децата да се изолираат од детето, и кога немаше деца на роденден кај син им, им текна дека треба да работат со детето. Еве го сега се оправи , си игра нормално со децата. Џабе е се ако родителите не соработуваат.
     
    На Spidy и ija им се допаѓа ова.
  12. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    769
    Незнам на две годишно колку можиш да им кажиш да не се дружи плус таа што ја изгреба вика другарка дека и е стално ја спомнува никогаш во негативна смисла, првиот пат кога ја гребна учителката рече за играчка се скарале вториот пат нешто не ни кажа учителкат јас дома ја заприметив и ми кажа тоа девојче пак ми изгреба.
     
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    17.881
    Не знам јас може сум лабава, ама и вашиве очекувања од градинка ми се претерани.
    Еден воспитувач и еден негувател на +20 деца. Во секој момент на некое од тие деца им се оди во вц, му се пие водаи сл. И они ќе седат , ќе сликаат и ќе праќаат во групи. Побитно ми е детето да ми е згрижено како што треба одколку да гледам слики.
    Исто и за закачањето. Доаѓал и мојов изгребан, искасан и сл. Никогаш не сум изреагирала. Деца ко деца, на 2 години се знае дека се закачаат . Исто ми ги кажува две деца го закачаат, а после кажува дека му се другари. И што да реагирам? Плус јас никогаш моето дете не го ставам на пијадестал дека никогаш не е криво. Деца ко деца ќе се затегнат за играчка и толку треба. Мислам тоа е нормален дел од социјализацијата во градинка и не се потресувам воопшто.
     
    На lovely91, LiquidLuna, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.156
    Допаѓања:
    107.142
    Пол:
    Женски
    А од што да пратат слики? Имаат активности? Моето е во јасли уште, иако има веќе 2г и скоро 2м, уште е во јасли зошто кај нас се така, во прва мала се оди со полни 2ипол, немаат никакви активности освен можеби. А и кај големиот не праќаа многу. Свекрва ми е воспитувачка, вика ако пратам слики има обавезно прашања, а зошто моето е на страна, зошто не прави ништо, зошто е тажно, зошто нема боичка во рака... Имам колешка им праќаат стално слики, секој ден, секогаш има замерка некоја. Не дека не сакам да видам што прави детето по 8 саата во градинка, ама стварно мислам дека не е крај на свет ако не пуштат.
     
    На DaftyCrafty и Luna91 им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    27.798
    Ако има 2г, до некаде е нормално да се буткаат, гребат, нормална развојна фаза. Битно е да не се повредат.
    Точно. Посебно на 2г скроз е нормално да нејќат да делат играчки Мене ми беше коментарот за деца на 3/4г и повеќе кога веќе не треба да се бутаат и за дете кое ги фаќаше за врат да ги дави. На тоа мора да се реагира.
    Инаку деца ко деца ќе се бутнат, ќе се скараат.
     
    На Puffy2019, ija и Luna91 им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    17.881
    Еве сега ќе полни 4. Ми се чини сега повеќе се закачаат него мали кога беа.(facepalm)
    Давење и такви екстреми немало. Ама за поттурнување, гребење и сл се уште знаат.
    Пред некоја недела дојде каснат за рачето. Со оглед на тоа дека во група имаат дечиња кои штотуку наполнија 3 некако не се потресувам. Секако зошто мојов е поголем и веќе можеш да разговараш со него, зборам да каже на учителката да не враќа тој. Ама пак го оставам сам да се снајде, јас не реагирам...
     
  17. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    9.615
    Пол:
    Женски
    Здраво. Малиот има 5г. Оди редовно во градинка од две години. Ми се сменија неколку учителки. Момемтално е кај учителката која во исто време е и управник со клонот кај што оди. На децата жногу често им го дава сопствениот телефон за да бидат мирни и да играат роблокс. Веќе е пријавувана за оваа работа од претходни генерации. Конкретно во петокот син ми играл роблокс, претходно други дечиња од групата. Ништо до сега не е превземено од управата околу ова иако се информирани. И кај градоначалникот е пишано, но сме немале докази бил одговорот, и нормално се пропратено со нејзното глупаво понашање во знак на револт зошто е пријавувана. Моето дете од септември тргнува во школо, мислам дека со неа ке истераме уште овие месеци што остануваат. Каква е оваа импровизација од државна градинка:(тажна моја Македонијо.
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    8.338
    Пол:
    Женски
    Не ми беше тоа намерата. Јас само прашав за мислење дали би било глупаво да им побарам еднаш да ми ја сликаат за да имам спомен. Пишав и погоре не сметам дека е нешто попосебна од другите деца.
    Многу го извртевте муабетот.
     
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Што очекуваш од форумов, во секоја тема се извртуваат муабетите, да не пише човек за нешто.
     
    На Anaroz1, marrisa, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.157
    Допаѓања:
    6.530
    Пол:
    Женски
    Кај нас само ако ескалира ситуација со некое дете споделуваат со родителите. Ниту е посебно моето дете, ама неколку пати и лично сум и пишала на воспитувачката да ми сподели бар дали соработува, има напредок итн. 2 годишно дете кое до вчера не знаеше да зборува и да каже што правеле и те како сакам да видам на слика.
    Не дека е репер ама од слика можам да видам дали плаче/плачела во моментот или претходно. Дали седи настрана.
    И веројатно кога го гледам тоа сум прашала што е работата. Имаше во една недела 3 родендени и на дел од сликите ќерка седи настрана црвена во лицето како претходно да плачела.
    Не им земам за зло, се можело да се случи или да ги обвинам жените ама искрено застанав и прашав следниот ден која е причината за плачењето.
    Дали по цел ден плаче, дали било инцидентно, дали се случило нешто претходно.
    Пак ќе речам, не дека мое дете не смее да се расплаче ама ако е нешто што јас како родител можам да го превенирам, сакам да знам.
    Барем нашиве немаат со мене некоја огромна комуникација. Кога ја земаме имаш само јадеше/спиеше и тоа.
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.