3 дена во градинка и веднаш болни! Веќе 2 дена сме на "боледување"'со покачена температура и растечен нос! Инаку, супер ни беше почетокот, плачеше само неколку минути на разделбата, третиот ден дури и јадеше појадок и ручек но ете закачи некој вирус па мора пауза да правиме до комплетно оздравување!
Дали некој има инфо како е со "пренатрупаност" во градинка "Сонце" во Ново Лисиче? Конкретно јасли по колку деца се?
Не иде баш лесно почетоков, тешко прифаќа. Првиот ден ја однесов јас си влезе без проблем а кога ја земав за пола саат беше занемена, не плачеше на глас ама не можеше сирото глас да пушти. Ми рекоа ако можеме накај 9 да ја носиме првата недела,џабе се правев паметна претходно кога ви пишував нема шанси толку касно да ја носам , фала богу тука ми е свекрва ми па она ја носеше. Поседуваше по 1 саат, 2 пати ја враќаа баба и покасно да ја земе бидејќи се смирила, во петокот дури 2 саати седела и доручкувала ама е многу тажна. Влегувала со тажно липање ама без врескање и тегнење на врата, внатре ако плачеле другите се расплакувала и она ама не си игра со никого само си земала по една играчка и ја гушкала . Учителката вика дека е ок и мисли дека ќе се навикне бргу ама ќе видиме. Вчера на секој 5м викаше мама не одам гадинка, ноќе се буди и вика не одам гадинка, заспива со кенкање, денес пресреќна кога сфати дека стварно нема денес да оди. Го носевме брат и сабајле во школо и проаѓаме покрај градинката вика *ајде видиме дали затволена* бидејќи јас и викав дека е затворена денес, да се увери Инаку почна и неа да и тече носето се надевам на тоа да остане
@M&M ти реков и ние почнавме од 9-10, не плаче ама покрај другите деца е растревожена. Од понеделник ќе почнеме од 8-10, за да видам како ќе и оди со јадењето. И реков на учителката, јас не форсирам, како ќе речете вие така. Ама па мене не ми гори и затоа можам да си се мафтам и цел месец. Плус многу деца се, што да прават и кутрите вработени. А има нови по 4 -5 деца што плачат констатно.
Знам во право беше. Ама среќа што има кој да ја носи сега покасбо, ни рекоа ако сте во можност ако не кога ви одговара. Уште наредната здрацје па од понаредната сакам јас да си ја носам сабајле накај 7:20
Мајки дали имате дечиња кои одат во градинката Јасмин-Центар до Беко полицијата што е,ме интересира колку сте задоволни од воспитувањето,негата и целокупниот процес.
Три пати по еден час го носам. Плаче и се лепи за мене како мајму за дрвце. По цел час плаче. Научен дома да го има цело внимание,па бара учителката да е се покрај него. Наредна недела здравје ке пробаме пак.
Ах има ли крај на мрсулите и кашлањето? После 4 дена во грдинка се разболе и не се има оправено. Има надеж да оди во градинка и да е здрав?
Izgleda nema nadez! Isto, 4 dena samo i deneska ne go odnesov. Sabajlevo mrsulki zeleni pa i gusti do zemja, kaslanje abe sto da ti kazam...a za inhalacii ne sakame da slusneme. Osven sprej za nos drugo ne ti priznava!
Ајде и јас да пишам, не поминаа три недели а детево веќе рецитира песничка, цела ја научил.Секој ден он прв се пријавува да ја изрецитира и добива петка Дури и си руча без проблем, денес им рекол на воспитачките дека многу вкусно готвеле Јас сум прееееее задоволна, единствено групата им е голема ама секаде се по толку деца.
Како мајка на дете кое го помина рота вирусот и тоа со тешка клиничка слика, хоспитализирани 7 дена и 24 часа со инфузија, најдобронамерно ви ја препорачувам вакцината. Кај нас имаше најави да се воведе, ама ја нема сеуште, па ако постои начин да ја набавите воопшто не мислете се. Јас зборувам од лошо искуство со вирусот. Во однос на разболувањата е нормално. Рстечен нос е заштитен знак во градинка. Син ми е постојано вака. А здрав е. Сите деца се со растечени носеви и сите одат во градинка. Многу бараме некогаш. Храната не ни чини, децата се разболувале. Чисто за споредба, другарка во Ск го носи детето во приватна градинка. И храната слична со државната. Разболувањето исто. Само групите се помали. Јас сум презадоволна од учителките и од градинката. Едната учителка е построга, знае да им викне, а децата просто ја обожаваат. Има невиден авторитет кај нив. Сите деца јадат во групата и се за пример. За хигиенски навики пак, да не зборам. Не велам дека нема лоши воспитувачки, ама повеќе има мајки со преголеми барања и очекувања.
Па ја ветуваше Груевски еден период. Не знам зошто не ја воведоа. Ама е една од најкорисните. Во некои држави е по избор.
Со офффффф почнувам! Детево тргна во градинка на почеток на месецов. И почнавме по 15 мин, па два дена 30 мин, па една недела по еден саат од 9-10 часот.... Детево нит плаче, трча за во градинка, среќна,насмеана... Минатата недела ја носам од 8 до 10, не плачеше воопшто. И еве викам оваа недела да ја оставам до ручек до 11 и пол. Кога таа козата учителка ми вика во 10 земи ја значи ќе пукнамммм. Ја и викам до ручек нека седи, таа ама да не почне да плаче. Деца по два саати плачат и им вика ќе се навикнат, а моево да не се растревожело од другите. Моево принцеза е, не смее да заплаче. Цел ден се нервирам нит сум да се карам, нит сум да ќутам. Другата учителка еден ден ми вика супер е нека седи, ја сретнав вчера ми вика едно од ретките деца што нема проблем за градинка. А оваа другава ме мафта како сака. Дали ме гледа со бебе, знае дека сум на породилно, па си вика нек си чува дома деца Еве не сум паметна како да постапам. Ако некој има искуство, ве молам за совет????