Dali da pustam dete vo gradinka od ponedelnik? 2 nedeli kashla i nosot zatnat ama veke e namaleno. Imase temperatura prvite 4ri dena ama pomina. Ste pustale dete ako mu e malce noseto zatnato i ako podkashluva? Inace ako sedi uste edna nedela doma mnogu e uste ne sme adaptirani ke treba od pocetok
За нос и мала кашлица не чувам дома, никогаш не сум чувала Тт, дијареа и општа малаксаност се причините шо има седено дома. Лани кашлаше 3 месеци без никаква причина, 150 испитувања и направив за џабе. Таман работа 3 месеци дома да седеше...
Викам јас нашиве "тетки" во градинка се посебни ѕведички. По 100 пат прикачуваат во група правилник деца со кашлање и растечен нос седат дома. И директно на оставање или на земање да ни речат дека треба да си седи дома. Мислам ај температура, дијареа, сипаници, коксаки и слични состојби ама колку денови нашиве имаат дома поминато само за растечен нос и кашлање, не можам да ви кажам. Ем матичните се во фазон, не може потврда за здраво дете кога не е комплетно здраво, ем 300 испитувања и пари, ем не може во градинка. И така во круг.
Штом враќаат за сѐ, односно бараат комплетни здрави деца, колку често децата ви се разболуваат? Ме интересира дали ваквата мерка дава навистина резултат или го прават ова за да имаат помалку деца.
Искрено и не знам за други деца. Комплетна група на ниедна слика не сум видела ама добар дел од времето 60-70% од децата се присутни. Ова од слики што се објавуваат може од еден ден во неделата или роденден/именден. За секој ден немам инфо, ни евиденција. За моево дете еднаш во месец по 3-4 дена отсуствува ради настинка. Максимално 4-5 недели врзала годинава. Се случило од кога ќе има растечен нос, проѕирен секрет да пооди некој ден, веќе ако почне да се обојува што би се рекло жолти, зелени мрсули, тогаш бараат дома да седи.
Здраво мајки, За жал како народ ќе учиме од несреќата која се случи. Наместо спречити, ќе лекуваме неизлечливо. Сакам да прашам како вие што вашите деца одат во градинки се чувствувате? Дали чувствувате безбедност за вашите деца, особено знаејќи дека има градинки со над 30 деца и 1 негователка. Дали имате покренато прашање за безбедност по вибер групите (вие или некој родител)? Зборам од типот планови за евакуации, вежби за евакуации, едукација на деца итн... Доколку не, дали планирате? Или сепак остануваме на она " валда нема да се случи ништо и валда се градинките спремни" .
Дали ви се има случено од овие хартиени торти што ги порачувате за во градинка за роденден да заприметите дека производите се со поминат рок? Значи многу сум напиздена неколку пати имам заприметено ќерка ми оди во јасли и ко ќе го донеси поклончето внатре се со поминат рок не сите ама по едно нешто стално има да е со поминат рок. И добро си викам како может да ставаат прозводи со поминат рок па за дечиња се работи.
Ова особено ме интересира и мене, за градинки каде јасли е на втор кат. Во мојата општина мислам дека нема таква градинка, ама другарка кај што ги носи децата во друга општина, јаслито е на втор кат. Како би изнеле 20 бебиња во случај на итна ситуација…
Мислам дека тоа е спротивно на правилник за проектирање на ваков тип објекти, би требало да се реагира... На втор кат може да се деца од најголема група,целодневна, некои специфични простории ако треба како сензорна соба. Инаку како прават прием не ми е јасно, од влез негувателките зимаат бебиња и ги качуваат горе?
Во аеродром сите се со втор кат и во сите јасли се горе. Не сум видела дали ова е по правилник, сега ме заинтересира и мене. Инаку јасли ги стваат горе зошто не ги вадат надвор , а поголемиве доле попорактично им е за изнесување.
Сега прочитав дека во аеродром почнале со контрола и на градинки баш ме интересира извештајот од контролата дали е по пропис такво нешто.
Законска регулатива нема, но има стандарди за проектирање, пример за одреден број деца колкава просторија, колкави ходници,што на кој кат ... Тоа архитекти подобро би знаеле Прашање што се наметнува, имаат ли ппз апарати градинките, имаат ли обука вработените?
Државните градинки имаат Ппз заштита, обука и план за евакуација. На ПпЗ опремата редовно се запишува и датум кога се променети. Но вистина е дека низ државава во објектите на два спрата јаслените се на втор спрат и треба иницијатива тоа да се смени. Најдобро родителите да реагираат до министер, заменик министер , општините, јаслените групи да ги симнат на прв спрат.
Баш се замислив, мислам дека на еден спрат се сите градинки во градов, барем државните. Кај ќерка и сите занимални се со врата со излез кин дворот. Од тој аспект барем се "сигурни". За Пп апарати, обуки и слично, немам забележано, до ходник ги оставаме.
Здраво, ве молам за искуство во градинка Срничка- Бамби во Аеродром? Колку учителки има во група, како сте задоволни од односот, храна, хигиена и слично. Ги изнесуваат ли надвор дечињата? Ме интересира за групите од 18 месеци, ќерка ми треба да тргне пс ве молам споделете искуства ☺️