Ако нејќат да го воспитаат, да, следно ќе речам да врати. Друго нема со такви родители. И не се дружиме повеќе. Не ми е јасно како поддржуваат насилство некои луѓе.
И малово ми го вратија изгребано од јасли, ама не изреагирав, мали се, се гребнале не оти разбираат. Ама дете од 3г нагоре да бутка и удира и те како треба да биде под казна. И да знае дека не треба. Ако продолжи да удира, секогаш има некој посилен што може да му врати
Да, моето е 3. Учителките кажале на мајката, таа светила грб. Следно кога ја видов и реков да си ја воспита ќерката.
па имало и друг начин да и изреагираш ама нејсе. Јас би кажала, барем првиот пат љубезно. Би замолила да разговара и најде начин да му укаже на детето. Ова да си ја воспиташ ќерката ми е малку некултурно и од твоја страна....
Воспитување на дете од 3 години не е баш речено-сторено. Дека треба да збориш и објаснуваш да, ама дека магично слушаат, не баш.
Треба многу многу зборење дефинитивно. Само малку ми е смешно кога ќе кажат насилство од 3 годишни деца. Се знае дека на таа возраст ќе се заграбаат за играчка , ќе се поттурнат и сл. Ама насилство некако не ми иде да го употребам како збор... Две ми се дома па ќе се вџапат, не 25. Еве син ми често пати се жали од едно дете , а уствари продолжува најмн да игра со него. Деца ко деца... Ќерка ми е ептен мирно дете и знае дури сега во школо да изреагира за две девојчиња од клас, па не сум им кажала на мајките да си ги воспитаат... Разговарам со моето како да се носи со ситуацијата и тоа е тоа... Можеби треба да се разговара, но дрско не е начин. Можеби и таа мајка е затечена па не знае како соодветно да изреагира ...
Јас како мајка на дете кое се џапа секогаш, ама секогаш се јавувам да се извинам ако ми кажат негователките. Еднаш ете имам дадено и крема зошто го видов детето и свесна бев дека може да остане лузна од тоа, отидов и купив крема и се јавив на мајката и ја подадов. И реков ако го однесе на лекар ќе покриеме исто така. Не дека парите се менуваат, ама мое е да понудам. Деца се, не може да знаеме кој прв почнал и што се случило, најчесто негователките го гледаат финалето пред да се разделат, а од кај да знаат они кој прв почнал? Ова ми го кажа негователката, не зборам на памет, и тоа токму за оваа ситуација каде моево го изгребало другото детенце, вика ние кога ги видовме веќе беше касно, они претходно си играа може па и другово детенце почнало прво. Не мора да значи дека секогаш едно та исто прво почнува. Моево си игра само многу убаво, со саати остави го ќе си игра, ама му земеш ли играчка бурно реагира, и брат му го тепа што е 6ипол години постар од него, не сака да му се мешаш у штипки.
Има разлика од да се бутнат, до дете над 3г. кое упорно ги тепа сите други, ги бутка, ги дави.. е за тскво му реков врати му и не го закача веќе. На родителите не сум рекла ништо, учителката ја орашав еднаш, рече само да проблематичен е, не соработуваат родителите. Ако не соработуваат, имаме и други методи. Инаку и син ми бутлкаше деца на 2 ипол години. Зборевме и ние и учителките, делумно слушаше. Ама бутна дете од повисоко и откога скушаше дерење од татко му (маж ми буквално никогаш не повишува тон) и не виде лулашки 2 месеца не ни помисли да бутне пак.
Секое едно дете знае што е добро и дека буткање не е добро. Е сега ако гледа дома буткање ќе мисли дека е супер. Тоа девојче е оставено да прави што сака бидејќи нејзе и било редот на трамболина или нејзина била играчката или таа баш играчка ја сакала она.
Секако дека не знаат да делат на таа возраст, ама буткање не е џапање. Па не е ни само со моето таква, со сите е. Да ти каже негувателка дека твоето дете сите ги тепа и ти да си го свртиш грбот. Не е во ред. А, дома е друго, тие се навикнати со браќа сестри да се тепаат за играчки. Ама во градинка не се браќа и сестри и не се дома.
На 2/3 години почнуваат да се социјализираат, учат што што е погрешно или правилно однесување некогаш и преку грешки. Наше е да збориме и да укажеме. На таа возраст не секогаш воспитувањето е речено -сторено, но сепак треба јасни граници. Ама да кажеш дека дете од 2 год е насилник ми е ту мач. Од кај знаеш ти дека мајката свртила грб и заминала? Може учителките погрешно процениле или едноставно била затечена и лошо изреагирала. Јас не верувам дека постои родител на кој му е сеедно детето да мава кај стигне и да си свирка . Како да се носи? Да не се дружи по секоја цена со тие деца. Да не влегува во докажување и расправии и да каже на учителката ако се продолжува со закачањето. Не сум хеликоптер родител одма да реагирам за се и оставам прво сами да се снајдат.
Колку е ова погрешно. Децата буткање може и во градинка да видат. Па од таму и самите да применуваат.
Ќерка ми во јасли си дојде прекасана на лице. По некое време таа го повтори истото. Сигурно дома ние не се касаме, па да гледа. Ниту се туркаме, ни се тепаме. Ептен внимаваме што е и на Тв пуштено и сето тоа. И пак знаат да се удрат, турнат и се останато. Ова за 2 годишни деца. А не дека не зборуваме со неа колку е тоа лошо. Дека не смее така да прави.
Истото го кажувам и јас - да не се дружи. А мајката ми рече да ја игнорирам ќерка и, божем моето треба да трпи да го буткаат. Како да се снајде само кога нејќе да се бутка? Другите родители ги учат да враќаат. По муабетов само така треба. Таткото рече па нели знае он да се брани? Што треба викам, они да се тепаат, а ние да ги гледаме? Свашта.
Чекај, чекај малку. Прво велиш ако детето дома гледа буткање. Тоа е претпоставка која не ја знаеш за сите деца. Ако лично знаеш некое дете, добро, но не сите деца кои буткаат и касаат, од дома научиле како. И не треба да се натегаш со нас. Сите потврдивме дека треба од најмала возраст да се воспитува дете. И треба да се збори против насилство, истото да не се применува. Ама додека на 3-годишник му "легне" знаењето, може да поминат недели.
Јас би сакала да се надоврзам на муабетот дека од средина во средина може и да се различни. Кај нас малото нон стоп се закача со поголемото, ама нон стоп. Го мава со што стигне,го тепа, а се 5 години разлика. Ко петел е дома. Дали имам зборувано, воспитувано? Абе презборувано ми е, на моменти ми се иде да го истепам и јас. Поголемиот почна да му враќа,ова уште и сила повеќе како да има. Е сега во градинка не е така. Толку ми беше страв дека ќе го прави истото,ама не се тепа, не се закача освен кога сака да земе некоја играчка,што е нормално 3 години е. Муабетот ми е некогаш и воспитуваш, и се нервираш, ама на 3 години и неможеш кој знае што да направиш.