Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Кај нас се води прва мала. А дека има разлика меѓу децата во активностите и те како има. Деца што се по 10-11 месеци поголеми од ќерка и од слика во боење, во такви "уметнички" активности се разликуваат како небо и земја. Ок, мојава и многу, многу не сака да бои ама сепак се гледаат разлики.

    Во градинкава кај што оди како имало место се така ставени. Дете со 16 месеци во септември е ставено во прва мала, друго на иста возраст во јасли. Трето со полни 4 години е ставено во претшколска значи завршната година.
    Мојава е во најмалите, генерално сум задоволна од тоа како и физички и умствено се носи со тоа што го работат, ги сфаќа нештата. Е спрема поголемите има далеку помала концентрација. И возраста игра улога и сигурно карактерот. Моево нема шанси пола час без прекин да седи и бои или да игра со коцки. Може 5-10 минути да поигра или 5 минути да бои и се останато после наоколу да и е поинтересно, дури и децата што одат да мочкаат, па да се шета по градинка со нив.
     
    На Mama.kris му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.469
    Допаѓања:
    108.369
    Пол:
    Женски
    Мене ме прашаа дали сакам во прва мала ама како да го ставам со година и 9м во прва мала кога е мал, не е за таму. Тие поголемите ќе учат песнички и ќе работат по програма а моето ќе се фрустрира, не може така. Нека си седи кај што му е место, следна година ќе иде во прва мала. Прва мала е задолжително да има 2ипол кај нас, не може порано, така си оди со групата до крај а не на крај да се двои пола група да оди во школо, пола не. Не сум за брзање, има години и години пред себе за да учи песнички и да црта, нека е бебе и нека игра со играчки кога може. Мое мислење, не мора да е така.
     
    На Mother of 2boys и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Комплетно се согласувам. Во делот на јасли кај нас барем, дел од времето се во креветчиња, дел на земја со играчки без конкретни активности.
    Дека и мојава е мала, за во прва мала група, тоа е факт. Нели некоја недела од твојот батко е помала.
    Плус фактот со училиште. За да оди со истиве деца прваче, треба на 5,5 години да тргни. Или на докрај последната година во градинка со нови деца и воспитувачки да ја оди уште еднаш. Живи, здрави, дотогаш има време, ќе му ја мислиме. Којзнае што се ќе се смени.
     
  4. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Не знаев во која тема е најсоодветно да прашам па ајде тука.
    Знам дека потврда за здраво дете важи 3 дена, но кога може нова да се извади ако има таква потреба?
    После колку работни денови или нема врска работни неработни?
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    4.811
    Кај нас па за да оди со тие во школо мораше да биде прва мала со година и 9 месеци. И сите се 2021 родени, моето во декември секако ќе е најмала и во школо.
     
    На Mandela и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    5.376
    исто и кај нас и мојата тргна на година и 9 месеци прва мала, исто декември, тие шо беа јануари останаа втора јасли. е сега викаат дека може да има разлика помеѓу децата пошо има по 9-10 месеци разлика во група, ама па мислам дека е подобро за нашиве помали да бидат со поголеми и побрзо учат :)
     
    На Mucika и Mandela им се допаѓа ова.
  7. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Кај нас има две групи јасли, прва јасли 8-18 месеци и втора јасли од 18-24 месеци.
    Преминот во прва мала се одредува според годината на раѓање и има логика затоа што така сите заедно продолжуваат во школо. Вака како што кажуваш дека е кај вас, испаѓа дека баш они се двојат. Мојот и твојот се еден месец разлика, заедно треба да почнат во школо, а се различни групи.
    Вака како што е организирано кај нас цела група (сите родени 2022 година) заедно ќе продолжат во школо.

    Инаку мојов седи на претстави без проблем и ги следи. Кај нас не прашуваат, но да ме прашаа немаше да се согласам уште една година да иде во јасли иако имаше година и 10 месеци. Он на таа возраст зборуваше и тоа убаво, знаеше сам да јаде со прибор, песнички знаеше, боите, итн. И во прва мала голем ден од денот го поминуваат во слободна игра, меѓутоа си имаат активности (според мене) соодветни за возраста и одлични за развој.
     
    На Anaroz1 и Miss_S им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.469
    Допаѓања:
    108.369
    Пол:
    Женски
    Кај нас е по правилник, работам во општина па случајно го знам правилникот, од мтсп е, деца што немаат наполнето 24м во септември не преоѓаат во прва мала. Има 3 групи јасли, бебешка, малку поголеми бебиња и овие нит бебе нит тодлер, таман, седат на столчиња, повеќето и спијат на рамно креветче, јадат пола пола гмечено парчиња и пијат од чашка. Супер ми е мене, знае еден куп песнички, игри, боите ги научи, формите, животните, многу сум задоволна од градинката и мислам дека е ретко добра градинка во Скопје. И свекрва ми е на исто мислење, воспитувачка е што од 19 години работи во градинка и еве ја во октомври ќе замине во пензија.
     
  9. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Сега викаш правилник, а претходно дека те прашале да го пуштиш порано во голема група. Тој правилник незз дали се почитува зошто познавам детенце што е пуштено со година и 10 месеци во голема група, а другарчиња после некој месец почнаа да прават по 3 години. Не за џабе има служби што си одлучуваат и си ги прават списоците.
    Иначе се согласувам дека градинката е одлична, со некои исклучоци
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Не знам по кој правилник работат, тој јас што го знам од мтсп вика воспитна група до 2 години и воспитна група од 2 години. И програмата по која работат е така поделена, програма за развоен период до 2 години, па следно е програма за развоен период 2-3 години итн.
    А септември како граничен месец за одредување групи никаде не се спомнува.
     
    Последна измена: 28 април 2025
    На Mother of 2boys и Anchita им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Кај нас фактички во прва мала требаше да се родените во 2022ра година. По сплет на околности во групата има деца од Јануари 2022ра до Мај 2023та.

    А верувајте и те како има разлика меѓу децата со 15+ месеци разлика меѓу најголемите и најмалите.
     
  12. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    5.501
    Пол:
    Женски
    Со две години до септември ги префрлија директ во прва мала. Е сега имаше две три дечиња, стварно што немаше потреба да се уште во јасли, а помали. Зборуваа дури и повеќе од двегодишниве, едно и без пелена беше, така да и тие ги земаа со нашиве. Треба да има правила, ама треба да има и отстапки.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.469
    Допаѓања:
    108.369
    Пол:
    Женски
    Да де, зошто повеќето родители бараат децата да им одат во поголем група и како колешка одговорната за градинките ме праша дали сакам да ми учини. Одговорив не, сакам да оди со ред.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget Jones

    Bridget Jones Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ве молам за искуства за Изворче Монтесори
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Dali pri prefrlanje od eden objekt vo drug objekt na ista gradinka deteto pak treba da pomine niz adaptacija? Vo korcagin noviot objekt ke ja prefrlame, ima 11 meseci i odi 2 meseci vo gradinka dobro e adaptirana kaj sto e sega
     
  16. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ако имате можност барем неколку дена може да ја земате пред ручек, колку да не и дојде многу нагла промена. Мислам дека нема потреба од почеток да почнувате со адаптација ако веќе си е адаптирана
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дали знаете која е постапката за префрлање од еден клон во друг?
     
  18. angel@

    angel@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќерка ми повеќе од месец дена е на адаптација во градинка и останува по саат-саат ипол. Првите три дена остануваше по 30мин, па се разболе и не одеше две недели. Мене ми делува како многу споро да оди процесот на адаптација. Детето влегува во градинка без плачење, а според воспитувачките скоро цело време плаче внатре. Не знам дали преовеличуваат и одолговлекуваат за помалце деца да има и да си ја земам порано. Работам од дома па сум пофлексибилна со рок за адаптација па не се спротиставив на тоа што ми викаа по 1 час да ја оставам. Верувам дека плаче во градинка, почна да се буни и кај баба и дедо кога ја носиме и не сакам да и направам трауми. Сепак мислам дека преспоро оди процесот на прилагодување и дека поголем стрес и се ствара до одолговлекување. Од ваше искуство како треба да оди временски тој процес? Нормално ли е по 14 дена поминати во градинка сеуште да ја држат час и половина. Гледам други дечиња уште по 2-3 дена остануваат по толку. Дали да инсистирам да останува подолго или да ги послушам воспитувачките? Ќерка ми има 19 месеци, со јадење немаме проблем и генерално е друштвена и прилагодлива. Се плашам да не се истрауматизира ако форсирам подолго останување, а од друга страна работата ми трпи вака. Се изнапишував детално , ама ќе ми значи ако споделите искуства и мислење☺️
     
  19. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Моето на 9 месеци го пуштив во градинка. Првата недела седеше вака 20мин,30мин,40мин,1саат,саат ипол па се разболе две недели. Кога продолживме после таа недела остануваше до кај 10,11 ни се јавуваа дека е гладна и навистина беше гладна пошто моето пребира многу. Наредната недела прифати ручек во 11ипол и после заспала таму до кај 2. Таа недела ја земавме накај 2ипол. После се разболе пак недела ипол. После тоа си остануваше до 3. Уште не јаде се таму ама и даваат и пробуваат да ја наранат тоа што имаат. Значи 15 дена одење во градинка адаптирана од 8ипол до 3 со помеѓу 2 пати разболување. При адаптација јас не одев да ја земам чекав да ми пишат или да се јават за да ја земам. Кажи им дека мора да ја адаптираат. Зошто ти ја враќаат? Ако си јаде е супер нека ја заиграат само. Пробаа ли да ја успијат? Кај мене во раце ја успиваа при адаптацијата. Да се навикне да руча таму па после само да ја успијат и до 2,2ипол спијат па ќе ја пресоблечат ќе и дадат ужинка и толку ќе ја земеш

    Пс. Однеси им мерси бобмоњера, кога ја наранија со ручек им однесов јас пошто знам дека нејќе манџи мојава, им однесов во знак дека знам дека е тешко да се работи со деца,бебиња и дека ценам тоа што го работат.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. angel@

    angel@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот Не ми ја враќаат со конкретна причина, уште при доаѓање ми кажуваат да ја земам за еден саат под изговор да не и дојде шок одеднаш долго да седи па да не се уплашела Не сме стигнати ни до ручекот, а тек па дремка. Друга работа е што после градинка дома е одма гладна, не даваат репете а гледам дека мала и е порцијата таму. Разбирам и дека се многу деца и тешко се постигнува со сите ама како да не се ни обидуваат Однесено е и кафе и благо кога тргна ама ќе им однесам пак ☺️