I sovet sto da pravam? Mislam zemam ok plata nesakam da dadam otkaz mm nema sansi da go zema privaten biznis rab od jutra do sutra a i cesto odi na pat drug nekoj da mi pomogne nemam a privatna gradinka mi e skapa i ne sum vo moznost da plakam 24000
Не е толку за персоналот, ако мора ќе го чува тоа им е. Проблемот е во тоа што детето е цел ден во градинка. После спиење немаат никаква активност, затворено на вакво убаво време. Плус последно јадење им е ручекот, ужинката во два часот не ги држи воопшто. Моето (13м )е дома во три часот и е прегладнето можам да замислам до пет ипол што би било. Пробај ќе видиш ќе се мрднеш од жал што е последно таму само седи со учителка, па и ако плаче…. Ако си финансиски стабилна да дадеш отказ и да бараш друга раб каде ќе си идеш порано или некој друг да го зима порано би било подобро него твојата опција. Извини вака директно што пишувам ама тоа е. Или да бараш жена да ка плаќаш за три саати да го зима од градинка детето да го нарани прошета и таман ќе си дојдеш од раб.
Јас еден период 4 и 30 го зимав и меѓу последните 3-4 деца беше, ги собираат сите во една соба со се патики облечени спремни, после немав избор и организирав баби да го зимаат порано. Инаку ужинка им е околу 2-2:30 кога стануваат од спиење.
Најди некое девојче да го зима и да го причувува 2-3-4 часа додека дојдеш, нема друго. Јас лично не би оставила дете до 5ипол во градинка макар. Меѓутоа ова не е привремено, ова е трајно решение да знаеш. Потоа и во школо ќе ти треба зошто и таму е до 3, бар до кај 3-4 одделение додека седи само нели. Јас би нашла нова работа со нормално работно време. И мене не ми е сегашнава работа по ќеиф ама мора, тоа е, додека пораснат ќе работам ова, после ќе си работам тоа што сакам. Мора така.
Не знам од каде си, ама има една градинка во Центар што работи втора смена до касно, негде кај ФЗО е. Е сега за тука ќе ти требаат врски да го преместиш…
Корчагин, одма до ФЗО, а мислам дека и клонот што е во ГТЦ, не знам кој е тој клон искрено, работи втора смена. Имаше барање едно враме сите градинки да работат втора смена, ама тоа мораше да се изјасниме дали ќе оди само прва или само втора смена, не можеше во две смени да оди.
Имаат ужинка и во 2, 2 ипол, а и после тоа даваат нешто ако побара дете, не ги оставаат така, бар во нашата градинка. Нормално работно време е и од 9 до 5. Затоа и на градинките официјално работно време им е од 06 до 18. Тоа што не се почитува кај нас е друга работа, и тоа е тоа што не е нормално.
Зависи каде, знам дека на места немаа ни доволно храна а камоли да им додаваат. Не би да ширам дезинформации, ама така ми имаат кажано другарки кои имаат деца по други градинки. Јас кај нас сум задоволна од храната, детето ми е секогаш сито и кога доаѓа бара само нешто благичко.
Пред короната градинката каде одеше син ми си работеше до 18, нормално и деца и воспитачки имаше. После корона како се да се промени, одеднаш децата треба да се земат најдоцна до 17, а и ќе ти напоменат дека само ќе било. Секогаш беше додека има деца има и дежурен во градинка/школо. Незнам како сите можат да излезат од работа и да земат деца точно во 15 и 30.. и се чудев и малава кога одеше во целодневна абе сите деца земени таа во 15 и 50 веќе сама останата. Мора да има дежурни, дали школо дали градинка. @OneMiss не се грижи, остави детето во градинка, што има врска што е само без други деца, ќе седи со учителката а и секако има ужинка околу 14 часот.
И од 8 до 4 да работи пак додека стигне 4:30 ќе и викаат дека само останува. Ја не знам како успеваат да ги зимаат сите во 3:30 без ангажирање на баби и дедовци, а ретко кој работи од 7 до 3.
Истово се чудев. И кај нас е така, веќе 3:30 повеќето ги зимаат. Си велам што работат луѓево што во 8 ги носат а во 3 ги зимаат. Ама тоа е. Ќе се снаоѓаме.
Јас двајцата ги носам во 7 15, го земам во 16 20 и никој не ми рекол порано да ги земам, ниту пак некогаш сами биле.
Ти сестро си среќа со градинката Мене од јасли ми е нагласено дека После 4 остануваат со дежурните и со деца шо не ги знаат. А ден денес сите деца шо не се од нејзина група викаат по Софија и ја застануваат на улица.. од шо не се знаат
Јас мојот го земам уште во 14:15 макс 14:30, Дома ако јаде накај 18:00 сум на коњот. Ужинката од градинка ќе ја апне во кола и толку е јадењето, следно е вечера у 18, некогаш и 19:00 ч. Во нашата градинка сите дечка ги земаат најдоцна до 15:10. Само две на цел спрат седат до 16:30.
Ништо страшно ако седи со дежурни после 4. Таман ќе си ги научи сите па нема да има драми кога ќе бидат одмори и кога сите групи ќе се споени. Мојава ја земавме во 4:30 си седеше со 7-8 дечиња, дежурните им пуштаа песнички они се седат. Збораваме понекогаш дека не има и такви кои немаме други опции. А веруј дека градинката ти е најдобра опција. Дежурните мора да седат до последно предадено дете.
Сите треба да работат до 18 ч или додека да го земат последното дете. Првите 2 г ја земаше баба и накај 15 ч па не сакаше веќе да ја зема и си ја зимавме ние кај 17-17:20 најкасно пошо да од 8-16 работам ама со автобус додека дошол а и гужвата Скопје во 16 ч мислам ја знаеме сите. После 16 ч се сите заедно со дежурна негувателка секој ден различна. За јадење ден денес се бориме така да глад сигурно не осетила. Е едната од негувателките ми е комшивка и знае дека баба и си седи дома и ми рече еднаш па шо не ја земе плачела после спиење не знам шо и викам не може да ја земе не е добра нешто. По некое време пак ама овој пат некако нападно ми го рече. И викам а ако умрела баба и како ќе праиме и заќуте веќе не ми рекла ништо Е тука баш се чудев ај да ја земам последна ок ,ама имаше уште 12 тина деца сигурно баш тој ден ,што и менува дали 10 или 12 ќе седат до 17 ч ?