Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.316
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Сите родителски, состаноци, средби што и да, ги закажуваат околу 15:30. И последното дете најдоцна до тогаш е земено.
    Може во градов сите имаат баби/дедовци на располагање. И моето е во тие де, ама битно никој не останува до крај на работно време.
    Моето работно време е до 16:00 часот, сме се побуниле за сите чуда што им текнуваат за порано ама нешто многу да се загрижиле тоа не. Мене пример за секое порано излегување ми запираат пари на плата. Да немаше кој стварно немаше да имам опција секојдневно да излегувам порано.
    Инаку во сите градинки е тоа набивање на вина како детето е само, последно, плаче итн.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.027
    Допаѓања:
    10.256
    Пол:
    Женски
    Абе нашава градинка работи по прописи. Дирекцијата е тука. Јасли не ги мешаат ни под разно. Констатно има негователка до 5.
    Големава ги собираат 4 групи, после 4 се околу 20 деца, во една занимална со 2 негователки.
    Јас искрено се чудам вака кога ќе прочитам дека во 3 ги тераат да земаат деца.
     
    На Mumoftwo30 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    2.671
    Пол:
    Женски
    Клонот од Корчагин во ГТЦ работи до 18:00 ама нас ни рекле до 17 да се земени децата. Таа кај ФЗО мислам до 21 часот работи. Ама таму нема јасли, јасли има само во матичниот објект позади градска болница и сега во новата што се отвори Пролет. Еднаш останал сам кога го зедов околу 17 часот. Искрено обично го земав околу 16:15 и има доста деца тоа време, една група заминуваат околу 15 часот тоа кој ги зема не знам ваљда баба дедо, родителиве после 16 ги земаме обично. Инаку учителкиве мене не ми рекле као плачат сами кога се или така да ти набијат грижа на совест, туку ми рекле чудно му е на детето дека е само и не знае што да прави. Инаку кога беше последен седеше спремен со учителката во ходникот со играчки.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    4.811
    Јас од 3ипол до 4ипол ја земам, зависи. Никогаш не била сама. Има девојче што 5 или после 5 ја земаат. Никој никогаш ништо не ни рекол. Е да гладни се после 4, ама ако треба да останува до 5:20 јас би и ставила ужинка во ранец и ќе се договорам со учителките да и ја дадат. Ама кај нас децава нон стоп репете добиваат од било што ако има и ако побараат.

    @OneMiss не си давај отказ не е толку страшно. Прашај дали може од 8ипол до 4ипол да ти направат работно време, што ќе им смени нив пола саат. Или побарај некоја жена од 4 до 5ипол да го причувува, ова би било финансиски изводливо.
     
    На eli25, Mumoftwo30 и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  5. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ако имаш навистина добра работа, со убава плата те советувам да не даваш отказ, децата брзо растат а добра работа во Македонијава тешко се наоѓа.
    Не знам како е во вашата градинка и дали е во помало место (обично таму имаат правила дека мора да ги земеш во 3).
    Во нашата градинка, која се наоѓа во една од поголемите општини во Скопје после 16 остануваат сигурно 30 деца кои се задно во една дежурна занимална, до 16.30 повеќето се разотидени. До 17 часот остануваат 3-4 дечиња и едно останува до 17.30.
    Го познавам лично и детето и мајката, детето е среќно, исполнето како и сите други дечиња. Е може е гладничко ама си јаде кога ќе си дојде дома.
     
    На Трагедијаупмм и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  6. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    1.709
    Пол:
    Женски
    Не давај отказ , брзо ќе помине се. Нас ни даваа изјава да потпишеме кое време ќе земаме дете. Мојава ја земам околу 16:30 и не е сама, остануваат други деца. Да, собрани се сите од сите групи на едно место, ама нема само да биде твоето, можеби од 17 до 17:15 , ама не е којзнае колку време. Имаат ужинка кај 14:30, не е којзнае што ама не е трагедија. Секогаш кога ја земам имам спремно банана или пециво, кога сака да јаде кога не, ама спремни сме. Штом земаш добра плата не давај отказ, сега ти е моментот да обезбедиш средства за понатака. Мене ми беше проблем јасли, до 16:00 мораше, па се договорив на работа да одам од 7:30 до 15:30 тие две години. Можеби ќе ти зборуваат на почетокот ама ќе научат. Друга алтернатива ти е да пробаш да запишеш дете во градинка во близина кај што работиш.
     
    На Трагедијаупмм и OneMiss им се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    Ние го земаме најкасно во 4 и 15 и секогаш е или сам или со едно или две деца...сите си ги земаат во 3 и пол...јас сум на работа до 4 и пол, среќа маж ми е пофлексибилен па некогаш излегува порано и го зема...и секогаш мрчат или намуртени ни го даваат ама после еден инцидент лани кај што ми се јавија во 16:30 и ми рекоа дали ти планираш да дојдеш да си го земеш детево, па ја кренав цела градинка од дирекција до раководители до негователки на нозе, спремна бев до министерство да одам од толку што ме изнервираа, не ми рекле ништо ама ги гледам дека не им е по кејф што седи до тогаш, зошто со последното дете си оди и дежурната иако работно време на градинката е 17:30...а јас што сум до 16:30 на работа на никого не му е гајле
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    8.236
    Ви бараат ли брисеви, односно чисти брисеви или потврда дека се здрави?
     
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    29.107
    Пол:
    Женски
    Брисеви немаат барано до сеа, потврда ако ми е вратена со тт само оти водат евиденција
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.316
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Брисеви само на тргнување, првиот пат. После рекоа не смеат да бараат, а родителите по потреба ако сметаат дека треба, нормално можат да си прават.
    Потврда бараат, посебно ако за време на престојот го вратиле дома со температура, дијареа, повраќање итн.

    Ако е најавено отсуство во смисла на одмор итн, нема потреба од потврда кај нас ова.
     
    На Трагедијаупмм и Калатеа им се допаѓа ова.
  11. Skylar07

    Skylar07 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, синчето има година ипол оди во градинка скоро 3 месеци. Генерално, се прилагоди многу лесно, од пред две недели почна и да преспива таму и до сега немало никаков проблем. Денес многу лошо искуство, ми се јави воспитувачката со дерење дека детето имало температура 38, како сум смеела да го носам, ми изнакажа милион работи, 10 минути не успеав до збор да дојдам, се почувствував како најлошата мајка на светот. Па дури и ми рече нешто во смисла си седиш дома ми го носиш болно детето (работам од дома) Навистина утрото пред да го однесам не го приметив инаку нормално дека не би го однела. Мислам дека цел проблем е што пред некој ден и се јавив дека ќе го однесам малку покасно дека бевме до кај матичната (бевме од сосема друга причина, веќе некое време се закашлува многу додека спие, па докторкта ми рече дека било од што вади запче). Изгледа поради тоа си има поврзано дека и го носам детето болно, што нема врска. Искрено многу се почувствував лошо, не е проблем што ми се јавила, туку односот што не личи на ништо, најмалку на педагог со деца што работи. Дури се мислам и да престанам да го носам…
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    4.811
    Брисеви не. Потврди да. Ама и кога не сум однела не ми рекле ништо. Реално потврда е ок да се носи. Брисеви ми е безвезе.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.469
    Допаѓања:
    108.375
    Пол:
    Женски
    Да не го носиш зошто ти се изнавикала негователката? Извини вака ама нејзе не и е тоа работа. Да земеш да ја пријавиш кај одговорна а не да и направиш услуга зошто она тоа чека. Глупости!
     
    На Waverly Raven, Трагедијаупмм, Skylar07 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Скроз се слагам @Skylar07 баш ради ова би го носела, јас немам трпение било кој вака кога ми се понаша ми се има случено повеќе пати конкретно па за жал се со постари луѓе, ич нема зашто да ќутиш друг пат. И кога ќе ја видиш пофали и го однесувањето.
     
    Последна измена: 23 мај 2025
    На Skylar07 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  15. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    866
    Пол:
    Женски
    Никако. Зарем поради неа нема да го носиш? Да, работиш од дома, и јас работам од дома, но не можам да му посветам внимание, затоа и оди во градинка.
    Мене ми се случи слична ситуација пред неколку години, јас на друга страна од градов, градинката на друг крај.
    Ми се јавува да ми каже дека имал температура. Станувам од состанок, одам до паркинг (немаше 10 минути) и ми се јавува кога планирам да дојдам да си го земам ама онака дрско како што чекам...
    Па и се развикав дека не можам да долетам и кажав каде сум, и одма а добро добро. Ептен ме изнервира затоа што јас сигурно не лежам и си викам гајле ми е бе што детево ми гори од температура. Од тогаш ми се нема испонашано. Јас не знам што си мислат дека ние лежиме дома а децата од ќеиф ги носиме во градинка.
    Не попуштај никако, како што ти кажаа, ако се откажеш на неа и правиш услуга, а на себе проблем.
     
    На Skylar07, lovely91 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    Абе ако сакаш и ќе си лежиш.
    Градинката не е само ако работат родителите. Секое дете има право да оди во градинка, па дури и ако родителите се дома. На детето местото му е во градинка со деца. А не дома со возрасни и со екрани.
    Само овде се гледа тоа пр. баба сервис. Имам другарки во странство дома се, а децата им одат во градинка од 1 год. А после 3 г мислам беше, градинката е задолжителна.
     
    На Puffy2019 и Skylar07 им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.316
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Имам/в искуство со воспитувачка која се знае, се меша во сите манџи итн.
    На почеток, на секој коментар "се тресев" што викаш како лош родител, како не знам што. 300 трауми и мене и на дете, ни има направено.
    Најчесто друг го зема детево ама имало повици од типот плачи, земи си го, не се смирува.
    Имало коментари од типот ако јас појдам да си ја земам, што е ретко, аууу ти си била дома, детево во градинка. Буквално сум имала ден земено дали за административни работи, дали за по доктори да одам.
    Макар и за лежење да било, не е нејзина работа.
    На моето детево ќе остани до толку и толку, не е баба и слободна да ја земи, а со татко и сме на работа, имаш ами немате други баби, некој да дојде порано.
    Е до моментот кога ми дојдоа преку глава и почнав и јас на секое дрско однесување уште подрско да враќам.
    - коментар: сте биле дома следните 3 дена, детево дали ќе иди
    - јас: ќе иди секако, што има врска каде сме ние. (Ова нормално ако е здраво за во градинка).
     
    На Puffy2019 и Skylar07 им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    29.107
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми кога беше на адаптација, јас не работев. Еднаш се разболе и ми набија вина дека јас ја имам разболено зашо сум ја форсирала на адаптацијата. Ко им кажав дека немам кој да ја чува затоа мора да убрзаат со адаптацијата, ми се испонаша Да сум си нашла девојче/жена некоја да ми ја причувувала тие 2-3 саати. Викам па зашо вас ве плаќам? И отидов кај раководителката. И секако дека од инает на негувателките ќере не ми се разболе ниеднаш веќе у јасли. :D

    Сега кај големите знаат дека работам од дома ама имаат разбирање. Додуша у овие 2 години кај шо е со големите се нема нешто разболено за да ми се јават да ја земам ама на ниедна родителска немам отидено,на ниедна активност.

    Не им кажувај многу детали за еве матичен, брисеви, ова она и ко ќе ти се јават за земање биди директна За 15 минути ќе дојдам, тоа е. Или во банка сум моментално, или гајле ти е шо.
    Не се притресувај многу
     
    На Puffy2019, Skylar07 и le.soleil им се допаѓа ова.
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    866
    Пол:
    Женски
    Во право си, и да имам кој да ми го чува не би го оставила, што ќе прави тоа дете 8 и повеќе саати со баби и дедовци. Колку пати ме испрашувале толку ли нема кој да го земе, си го пикаат носот во приватни работи.
    Нивново однесување е како да работиш во ресторан и да им кажеш на гостите зошто не си седат дома да си јадат :rofl:
    Јас имам другарка во странство, до три години детето пожелно е да седи со родител дома, во спротивно мора да плаќаат градинка и тоа висока сума затоа што го сметале како луксуз.
    Но, како и да е, штом имаме избор наш избор е дали ќе го носиме во градинка. Ама ај...
     
    На Трагедијаупмм, Erika.greeneyes и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. sinoli4kaaaaa

    sinoli4kaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    59
    Здраво, искуство за градинката Орце Николов во Карпош 3 за јасли и работно време како е, од колку може да се однесе и до колку да се земе детето? Благодарам