Да не те излажам дали пишуваше потврда или досие, така нешто беше. Може смениле сега да е дозволено, зашто до лани не наплаќаа. Инаку заведена си е потврдата со печат со архивски број
Мислам дека од револт почнаа да наплаќаат потврди матичните затоа што претераа од градинкиве со барања. Плус тоа е документ не е шала. Утре можат да се повикаат на таа потврда, а кој може да гарантира за викенд дека не може да се разболе детето.
Јас земав сега брзо, пишува потврда на фискалната. Овој пат па и на рака беше напишана. Како и да е, со сите што зборев дека плаќам за потврда се чудеа.
Кај нас префрлувањето од јасли во прва мала е според годината на раѓање. Значи од септември сите родени 2023 ќе преминат во прва мала група (2-3год). Ние како родители административно ништо не треба да правиме. Секако прашај ги негователките во вашата градинка, ќе ти кажат точно како ќе биде кај вас.
Здраво ☺️ Дали може информација во врска со уписот - аплицирав онлајн и дали да чекам да ме побараат или документите треба таму да се однесат? Ѕвонев некоколку пати, но ги немам добиено. Сакам во јасли да ја упишам ќерка ми. Прашувам за во Орце Николов градинката.
Треба да почекаш да те побараат, ама ако си во близина и онака, пројди некој ден и побарај да разговараш со некој во управа за да се распрашаш, особено ако сакаш да почне за брзо во следниве неколку месеци
Син ми беше година и 8 месеци кога го префрлија во прва мала. Ништо не правевме пред тоа, само направија нова група со нови учителки и продолживме во нова занимална.
Искуства за јасли во градинка Синоличка во Кисела Вода? И едно глупаво прашање дали доколку едниот родител не е пријавен може да биде причина детето да не го примат?
Здраво на сите,ако може да споделите искуство за адаптација на бебе во градинка.Син ми на 10 месеци планирам да го пратам па убаво би било некој да сподели искуство..300 мисли низ глава ми поминуваат и баш сум загрижена.. фала
Sve e individualno, kerka mi pobrzo se adaptira vo jasli, bez nikakov problem za razlika od prva mala. Koga prejde vo prva mala i se smenaa vospitackite i potesko ni bese, placki so meseci...sega so trcanje odi vo gradinka
еее за тоа прашање дојдов и јас.. какви топлинки носите во градинка? педијатарот ни кажа ортопедски да се секако, ама не прашав дали напред затворени или може и отворени, или пак само со дупки странични? 2 години е малата
Педијатарот не е ортопед да рече дали да бидат или не ортопедски. Нас ортопедот ни рече да бидат анатомски, а не ортопетски, зошто ортопетските се за корекција на стапалото а на здраво стапало не му треба тоа. Јас го пуштам со крокси кои си имаат добра подлога, но им реков, да гледаат што повеќе да биде босо, скроз босо, ни по чорапи нема потреба. На топлово сигурно ние не носиме топлинки, зошто би носеле децата? Крокси или сандалки, доволно е.
Зашо ортопедски? Тие ги даваат ако има рамно стапало пример колку шо знам А едит, сеа видов погоре муабетот У исто време пишавме