Јас планирам сега една недела да не го пуштам, после уште една недела здравје за на одмор, па баба му ако земе одмор август секако не го пуштам а и јули јас имам интервенција па нема да оди најмалку 2 недели и така ќе си поседи дома сигурно летово повеќе од што би одел. Ама да немам избор, ќе си оди и тоа е тоа, нема избор.
И мене ми го направија тој муабет минатата недела. Им кажав дека три недели ќе бидеме на одмор, една недела ќе го чува свекрвата за да не се разболи пред одмор и две недели ќе сме на одмор. Ми рекоа многу лош тајминг за одмор подобро јули или август пошо тогаш било хаос со спојување на 2,3 групи. Мојов прв пат ќе оди лето ама нема кој да го чува мора да оди, ќе искористиме бабите коа ќе се на одмор ама пак тоа нема да е цело лето. И нив им е хаос тогаш и затоа пробуваат да ти наметнат да не го носиш за да не им е толку гужва очигледно.
Малку многу си дозволуваат. Недајбоже да ми кажат нешто такво, има да си добијат по нос поштено. Како бе така си дозволуваат, ко нив да ги прашува некој за мислење. А ти што не им кажеш, па ако е лош термин за нас, нели е за вас, и вие одите на одмор во лето, па не одете тогаш за да нема вакви турбуленции. Глупости.
Мене лани ми го тераа муабетот како ептен е стресно за детето да се носи во друга градинка, како на секое дете му треба дома да поседи, одмор од градинката да не речам. Плус како не можеле крај да најдат на зголемен број деца, па со тие од друга градинка не се сложувале нашиве, па не знам што. За лани секако беше во план да седи дома месец. Едно ние бевме на одмор неколку дена, друго има со кого да седи и трето искористивме за да завршиме со вакцините.
Мене само ми се смешни со муабетот дека е многу гужва. Кога на секој родител на врата им трубат да ги чуваат децата. И верувајте доста ома што во лето не одат пошто бабите ги чуваат ради вакви притисоци. И тогаш пд каде е таа гужва кога пола деца не одат. А други нон стоп има што се по одмори во моментот.
Ооо па требало да ги прашаш кога да одите на одмор. Не ти текнало Кај нас нема вакви муабети среќа или мене не ми ги прават зашо знаат дека стварно нема со кој да седи дома. Мислам има де, ја сум дома ама јас не си ја ладам по цел ден, пак работам. А сеа си го враќам филмот за лани, Софија и уште 5-6 деца беа во градинка само од нејзина група. Другите сите ги повлекоа. Зимно време исто, Софија сама одеше едно 3-4 дена. Скроз сама беше. Сите ги повлекоа за зимување/болест. Ама никој не се осуди да ми каже Еј детето ти е само, прибери си го дома.
Кај нас немало вакви муабети никогаш,како бе вака си дозволуваат да кажуваат прости муабети ко за пред селска чешма. Мојава си оди скоро цело лето освен на одмор кога сме ,и еднаш до два пати најмногу по пет дена седи кај баба и во друг град и толку,навикната е ги знае сите групи и мали и големи децата,негователките оти и онака си седи скоро до кај 17 ч и редовно ,така да тоа ни е на тие што немаме баби А и скоро половина група иде преку лето ,на почеток малку така е како нервозна кога ги мешаат ама после се навикнува.
Мене комшивка ми е едната од негувателките во другите групи и знае дека имаме баба дома ама бабата не сака да ја зима порано. Па еднаш-двапати прокоментира зошто баба и не ја земе порано. И многу ме изнервира,кога и реков не може да ја земе и јас од возрасен разумен човек очекувам да тука го запре муабетот има некоја причина зошто бабата не ја зема. Се разболела ,сме се скарале не е важно. Ама не, продолжи жената неа жал и било за детето, за моето дете неа и е повеќе жал нели. Она исто ќе седела и со моето дете и без ама жал и било Затоа годинава и така сум на породилно ќе оди само нејзината воспитувачка кога е после ќе издржам дома и септември ќе издржам пак да се навикне отпочеток.
И јас тоа после си реков, може требаше да ги прашам следен пат ќе ве консултирам пред за земам одмор. Страшна работа, прв пат ми искачаат со вакви муабети.
Ќерка ми втор пат во неколлу месеци фаќа вошки...еднаш од брачеда и а сега од градинка. Еве во процес на чистење сме и во некоја тема се пишуваше за превентива некое масло со вода мешано ама не можам да барам. Ако знај некој нека ми пиши.
Не знам. Јас се случуваше да ставам неколку капки во мало шишенце и да испрскам дете на коса ама сега повеќе се зачитав и има различни опции. И со лаванда и различни варијанти. @LiquidLuna , низ постовите има и некои ластичиња за коса споменато.
Ги имам ластичињата и од Еурофарм и овие од Зегин. Ова до прскање ми фаќа поќе ум...а можи и лаванда...се бега од неа.
Немам читнато за ништо со прскање, ама ќе ја прашам мајка ми. Знам дека се мачеше жената со косетинава моја ко дете Нас овие не спасија, и мене и неа Цела градинка и фати, и машки и женски. Јас и ја врзував косата горе високо пунџа додека помина опасното
Еве и тука читам исти муабети , што и е на негователките , се извинувам што ќе речам простачките муабети да не се одело летото , требало да одморат децата и слично .. Саакат да си ја намалат работата да нема толку дечиња, па секој родител си знае дали неговото дете треба да оди или не , и дали има услови кој да го чува дома .
Еве ,ама јас не го праев вака многу водена беше во глава. Јас и капнував една капка на темето ,позади ушите и на стегачето неколку. Некогаш мешав со лаванда некогаш само од тоа како ќе ми дојдеше.
Фала на сите, ќе земам и стегач пак, и нешто за прскање....оти сигурно раширени се во градинката а има бујна коса.