Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    7.270
    Пол:
    Женски
    Мислиш ти дека лесно им е во градинка :wasntme:
    На децата тоа.

    Сум слушнала објаснување од типот им фали време да поседат дома, им фалат родители/баби/дедовци. И така
     
    На Трагедијаупмм и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    31.181
    Пол:
    Женски
    Абе и мене ми фали живот на море ама јебига. :rofl:
     
    На Puffy2019, strelec231992, pikachu2 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    1.454
    Големото мислам дека има Варичела ама ќе видиме до вечер за сигурно дали е тоа, е сега малата дали да ја пуштам во градинка овие 2 недели??
     
  4. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    9.223
    Пол:
    Женски
    Може е подобро оваа недела да ја пуштиш па следните две да не ја пуштиш. Кај нас така од дади и батковци кркнавме. Две недели дома со нив и таман еден,два дена во градинка и пријавуваат сипаници. Инкубацијата е до 21 ден а најзаразни се ден, два пред избување.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    90.599
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам што е смешно и за каков притисок зборите.
    Реалноста во нашите градинки е дека
    по две групи се спојуваат , по 20 да одат во група тоа се 40 деца и пола персонал , една негувател и една воспитувач, што значи една негувателка ќе остане после 13 за 40 деца.
    Секако дека е гужва.
    Кој му одговара детето да му биде во група од најмалку 40 деца или мора едноставно да го носи , ќе го носи, но јас лично не би носела мое дете во лето ако имам кој.
    Во лето градинките низ МК работат со пола персонал и тоа е вистина, бидејќи перосналот мора да го искористи одморот во јули или август(законски)
     
    На kalinaka, pikachu2 и TammiB5 им се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.538
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Не знам. Зависи од градинка до градинка. Јас си кажував за нашата конкретно. Не одат во 13ч дома. Од каде ова? Јас ќере ја земам кај 2:45, 3. Зависи кога како, и тогаш едната си оди дома, другата останува со другите до кај 4 и нешто мислам не знам точно до кога остануваат. Обично поголем дел ги земаат до кај 3:30.
    И од каде сега 40 деца кога ќере се 25 деца а во јасли 1 се помалку. И пола од нив не одат.
    Тие секогаш си бараа причина детето да ми седи дома. А во јули и август се две жени една од јасли 1 другата од јасли 2. Голем дел не одат во градинка. А другиот дел се по одмори. Кажувам од искуство од лани. Не знам зошто некој кога ќе пише мислење различно од вашето одма грнерализирате. Не е секаде така како вие што си мислите. Тие што ме имаат читано знаат многу добро низ што поминавме за време адаптација така да...
     
    На le.soleil и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    90.599
    Пол:
    Женски
    Ете видиш како не знаеш.Воспитувач оди во 13 дома, останува негувател во групите од 2-3 и нагоре.
    Не зависи од градинка до градинка, правилата се исти за сите.
    систематизација на работни места бо градинките во МК и работно време.
    Веројатно вашето дете е во група со негуватели само кои имаат клизно работно време.
    Од каде дека ке е споено со јасли 1?!
    А не 2 јасли со 1 мала?!
    Ако има во 1 мала исто деца колку во вашата групаколку деца ќе бидат вкупно на 2 негувателки?
    истото и го кажав од вкупно 4 персонал( две групи) , ќе бидат 2 на две групи на 40+ деца

    Не ве лажат воопшто жените дека е гужва, зошто е голема гужва , а особено за спиење.
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    10.439
    Ќерка ми е во јасли 2 и исто така се во објект со јасли 1. Никогаш не ги спојуваат со поголемите групи. Само после 4 ако ги носат во дежурната просторија, тогаш се сите деца на куп.

    Инаку не знам како треба да биде по правило, но кај ќерка ми во јасли мислам дека нема воспитувачи, туку само негователи. Барем од тоа што е јавно достапно како информација на веб. Нејсе, што и да се по класификација, едната доаѓа порано, другата си оди покасно. Меѓувремено доаѓа уште една негователка што ротира во групите кога е гужвата за јадење и заспивање.

    Не знам како се снаоѓаат ама еве користеа јунски одмор и секогаш имаше доволно луѓе. Веројатно на крај се спојуваат двете групи 1 и 2 пошто и онака пола деца ги земаат после спиење.
    Досега никој не ми спомнал дека треба да ја носам поретко во лето. Веројатно иако на хартија е исто за сите градинки, во пракса не е.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Првачињата до кога ви одеа во градинка?
     
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.538
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Добро ајде сега ти очигледно знаеш повеќе од мене за градинката од ќерка ми.
    Лани она беше јасли 1 ги споија со јасли 2. Сега е јасли 2 ќе бидат споени со јасли 1. Не ги мешаат со поголемите.
    И не ми кажувај правила. Јас ти кажувам во колку часот си одат дома. Еднаш едната оди порано еднаш другата. Јас кога ја земам ќере облечена е едната од нив си заминува ми кажува чао, другата ми ја предава. Ова се случува пред мои очи. Не кажувам работи на памет.
    Ја имам земено и покасно од 3 тогаш беа префрлени кај поголемите ама пак една од тие две што и се на ќере беше тука. Таа ми ја предаде.
    инаку тие две ваљда двете како негувателки се водат, поима немам за тоа искрено. Ни па сум ги прашала.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    90.599
    Пол:
    Женски
    Јасли2 се деца веќе кои се поблиску до 1 мала, а не со бебиња ид 9 месеци, затоа и зависно од просторот ги спојуваат со 1 мала или јасли 1.
    Јунскиот одмор се денови кои им останале од вкупно 5 работни дена кои можат да се искористат во текот на целата година до 30.06.
    Затоа и немало проблем , зошто користат малку денови.
    Додека летниот одмор јули/август сите мора да искористат 20 работни дена одмор.
    Затоа е премалку кадар, а деца во лето има многу.
    Измешан персонал, измешани групи и обемни.
    Затоа и не се препорачува поаѓање во градинка во јуни.
    Па сега сигурно дека знам повеќе од тебе кога надзорот на работа на градинки ми е работа.
    Твоето дете летово во најмала рака ќе биде во група од најмалку 30 деца на две негувателки.
    Ако ти одговара, носи го.
    Нема што да се надмудруваме.
    Само не те лажат намерно , вистина кажуваат.
     
    На Anchita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Извини што се мешам ама малку е глупаво да кажеш ако ти одговара, носи го. Ако нема кој да и го чува детето, а треба да се оди на работа, што треба да се прави?

    Уште поглупаво ми звучи да имаат толку малку персонал, кога возрасните не одат три месеци на одмор. Но, проблемот е предлабок. Платите не се големи, персонал нема и тука и цената игра огромна улога. Но, кога веќе ти е дадено тоа што е на располагање, родителите не се должни да се прилагодуваат на условите, туку персоналот и општо државата да поведе некој ред, во смисла, вработување дополнителен кадар, кога веќе навистина е до тој степен критично.
     
    На Puffy2019, Blue moon, anngelique и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    90.599
    Пол:
    Женски
    Прати контекст.
    Веќе пишав, тој што нема каде и нема кој да му се најде, ќе го носи, зошто мора.

    Но оние родители кои не работат, се дома или има кој да им го чува во лето или ги носат заради социјализација со 40 деца во една просторија не е баш за носење.
    Проблем со кадарот во градинки има во цела Европа, поради недостаток на кадар и се затвараат градинки одреден период.
    Кај нас не сме дојдени до таму сеуште, а право на одмор кадарот секако има.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.538
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Ма нема врска јас не се замарам со тоа што го пиша.
    Мене ме испровоцира со тоа што ми кажува дека не знам како е во градинката кај ќере.
    Јас конкретно за таму кажувам. Пред мои очи си одат дома, затоа знам во колку часот одат. И лани знам колку деца беа во градинка. Ако генерално е така или на хартија е така. Тука на дело не е така. Јас кажувам како е. И не ме интересираат такви коментари кога сигурно нема да бидат над 30 деца. Кога во јасли 1 се помалку деца.
    Не знам што конкретно кој и како работи, може секој да ми кажува вака е така е. Ама за тука не може да ми кажува и да знае повеќе од мене кога секој ден јас ја носам ќере во градинка и знам како се работите.
     
    На Giovanna и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    90.599
    Пол:
    Женски
    Па број ги тогаш ако знаеш.
    Ако кај ќерка ти се 25, а во јасли 1 се еве 10 -12,колку деца во таа споена група ќе бидат летово?
    На 2 негувателки или 1 летово?
    Колку можат реално да им се посветат на две групи поготово ако се спојат со 1 јасли?
    Место да речеш фала што ми кажале дека ќе биде гужва, ти се буниш што ти кажале па уште инсинуираш дека лажат.
    Не лажат, тоа е реалноста.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.436
    Пол:
    Женски
    Поголемиот син до крај на јули. Помалиот до крај на февруари. После почна короната.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    10.439
    @Cosmi како може една градинка да си дозволи да остави 40 деца на една воспитувачка? Те прашувам пошто очигледно си запознаена, сериозно ме интересира дали постојат соодветни правилници за тоа што смее, а што не смее да се дозволи. Кој ќе биде крив ако не дај боже се случи некаква несреќа или слично, пошто една жена трча по 40 деца?
    Викаш погоре во други земји се затвораат градинки за време на летни одмори пошто е утврдено дека нема капацитет да работат. Ние не сме биле стигнати до тоа дереџе. Па ако стварно е една жена со толку деца и треба да се затворат наместо да ставаме деца на милост и немилост.

    Не разбирам, зошто притисокот е ставен на родителите и тука се набива цела вина? Па уште благодарни да сме што не известиле дека ќе е гужва.
    И тие што не работат можеби имаат други обврски. Во суштина не е ни важно, треба да се направи соодветен модел градинката да функционира преку цела година како што доликува. Апсолутно треба да си го искористат годишниот одмор што им следува, но не на сметка на квалитетот на грижата што се дава.
    Што да прави човек кога ги чита муабетиве? Да се чуди цел ден дали има некој вода да му даде на детето, или не дај боже полошо.

    Јас сепак не мислам дека е толку лоша ситуацијата, барем не во градинката на ќерка ми, пошто и децата одат на одмори, се разболуваат, ги земаат порано како и преку цела година и слично. Но верувам има градинки каде што е поголема гужва и треба да се најде решение наместо да се набива грижа на совест на родителите.
     
    На Puffy2019, le.soleil, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Blue moon

    Blue moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    270
    А дали децата имаат програма за работа во летните денови додека ги спојуваат во групи или само слободни игри?
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.781
    Допаѓања:
    109.609
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаат, свекрва ми и во лето пополнува дневник, е сеа не знам колку тоа се спроведува.
     
    На Blue moon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    7.270
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа програма конкретно немаат, завршена е. Само игри во главно се летово.
    1ва мала ова.
     
    На Blue moon му/ѝ се допаѓа ова.