Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Абе се си во право, јасно ми е. Но шансите да фати се помали кога е дома. ете кај него во јасли се појави морбили. да бил ќе фател. не беше.
    Инаку да, прво се бањаме одма бидејќи јас работам си заразни болести и нема шанси иако се дезинфицирам на работа да го земам во раце туку така...
     
    На galapce и Petar80 им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Да ви кажам еден пример,моја блиска особа двете деца ги чуваше дома,не одеа во градинка директно во школо,нон стоп беа болни,ако дувало надвор не излегуваа ветер ќе ги фати,ако има сонце па жешко е,и така сите можни вируси ги фатија рота,мононуклеоза,бронхити,така да не е правило дека градинката ќе го разболува.
    Јас никогаш не сум ја чувала во стаклено звоно,ама секое идење од градинка прво миеме раце,лице,нос тоа обавезно,од 9 месеци е во градинка само еднаш пиеше антибиотик на 16 месеци заради пневмонија која успешно ја излечивме дома инаку за малку Козле не ни бегаше.И сипаници прележа од градинка на 18 месеци и после тоа ретко се разболуваше,само најобични настинки без тт и слично.Сум пишала и да не се повторувам,ама првата година во градинка е најкритична ,па макар и на 2-3 години да тргне и тогаш ќе фаќа вируси и бактерии ама можеби ќе се носи подобро ради имунитетот.
     
    На galapce, iki26, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Велиш најобични настинки без тт.. Носиш во градинка такво или не?
    Мојов само што почна носот ко чешма и не го однесов, не знам. Мислам не му е местото во градинка таков. Потоа стомачен закачи откако се оправи и пак го однесов, и како што гледам 2 дена неделно, 3 дома....
     
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Ако се однесува најнормално,јаде ,спие како што треба не е кенкава ја носам,е сега до толку многу носот да и тече не ја носам некој ден додека и се сопре,ама нејзе почесто и се затнува носот отколку што имала мрсоли како вода.Верувај ми сите се внатре со мрсоли посебно сега есен ,зимо,ретко некое да е скрос чисто,се разбира само да нема тт ,со тт никогаш не сум однела дете.Еднаш една мајка на носење ја гледам го легнала детето му мери тт ,тоа сирото се гледаше дека не му е добро цело скиснато,оваа вика ништо не му и воспитачката не сакаше да и го прими и уште ја убедува нејзе дека не му е ништо :?:,кога ја подбравме со една друга мајка и се врати.
    Кога почна да оди само што ја однесов после два дена фати стомачен вирус,наредниот месец па вирус со тт,па после пак некој друг вирус со тт,па конјуктивит,па бактерија во носот,веруј дека коса ми се креваше и исто две недели оди,две недели дома,ги викав бабите да идат од други градови,некогаш јас останував ама не можеш цело време да земаш денови.Е после тоа дали стана поотпорна втората година ни еднаш не ми качи тт ,во најголемата зима со грипови одеше сите околу нас ги фати тој грипот нејзе ништо само после нова година еден стомачен вирус со пролив и толку беше за цела година.Така да да не те разочарувам биди спремна дека оваа година се ќе си носи од градинка,јас од нејзе тогаш нон стоп бев болна сите вируси заедно ги прележавме.
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На galapce, M&M, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Тамам работа ако се појават мрсули и да седиш дома на боледување.
    Да не е нешто сериозно, иначе за мрсули не се остава дете дома.
    Сите имаат мрсули.И кога ќе го вратиш детето во градинка чисто, пак ке ти го дадат разлигавено.
    Првите 6-7 месеци ќе има постојано, се додека не стане имуно на некоја вирусна бактерија.
    Со тек на време стекнува имунитет и нема да има проблеми.

    Мој предлог Ви е да го одржуваме имунитетот на детето со јака и содржинска исхрана и додатоци.

    Матичната ми има речено дека козјото млеко , боровиот сируп и сирупот од глуварче многу ни помогнале во стварањето имунитет..
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На M&M, green.eyes, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    Син ми е 3 недели со мрсули. И оди постојано во градинка. Дите деца се сп мрсули.
    Првите месеци кога почна со градинка во јасли, беше постојано болен, најчесто вируси. На крај заврши со пневмонија и рота.
    Не ги чувајте децата како во стаклено звоно, полошо им правете. Јас немав и немам кој да ми го причува, па уште од бебе го носам и на минус 10 со мене.
    И на ветар и на дожд.
    Плус с'клетчија е, капа и шал не носи, јакна по потреба. Јас се облекувам повеќе.

    За ММР, син ми ја прими лани, пред да наполни 3 год. А одеше на градинка. И ДТП ја прима на 3 год. Јас намерно вакцинирав подоцна.
     
    На green.eyes, Elen4e_sonce, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Сите деца во градинка се со растечени носеви. За тоа нема потреба да се чува дома. Само при покачена температура, пролив и повраќање, евентуално бронхитис/пневмонија (пошто не сите деца спуштаат на гради) да се чува дома е ставот на матичниот педијатар на децава мои, а во секој друг случај детето е способно да оди во градинка ако е во добра општа состојба, макар било под терапија. Затоа што само на тој начин побрзо ќе му зајакне имунитетот и поретко ќе се разболува, и да се разболува, полесно ќе поминува. Ова не важи во случаи кога едноставно на секое одење во градинка детето е со покачена тт, или веднаш спушта на гради при малку повеќе зголемен секрет од носот, тогаш се препорачува пауза од година-две, да се зајакне, па после градинка. Факт е дека мора да се помине тој период, дали во градинка, дали во училиште, небитно. Јас тоа го поминав во училиште.
     
    На green.eyes, Dadusicka, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Ме просветливте сега. Да знам за во иднина.
    Козјо пие два пати на ден минимум, козјо сирење два пати неделно, кисело козјо исто така, месо, брокула спањак минимум два пати неделно... значи јадеме содржински и квалитетно ептен. Хмбг 140 има. Ама ете, имун не останува...

    Азалеа, Референтка, Јуле, Анатх фала на советите.
     
    На JuLleE, azelea, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Не го оставај дома кога има мрсулчиња.
    Нека му поминуваат мешајќи се со деца и немај грижа на совест, зашто СИТЕ се мрсулави.
    Истиот вирус постојано ,,врти,, во градинка.Еден ден ќе почне да Ве одминува:D
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На Kaetana, Dadusicka, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    А што да правам сега, ете имало морбили детето не оди, ама мене пак страв ми е, немаме ммр примено.. совет?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Потврдено ли е дека се работи за морбили?
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    да, така вели негувателката. детето било на клиника..
    многу ми е страв, спомнав сестра ми има прележано на шест месеци. од бебе од седум кг, се преполовила. 21 ден темп 40 држела...
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    И тие што се вакцинирани може да фатат морбили, ама со лесно ќе поминат.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Почувај го дома, макар што ако било во контакт со другото детенце пред да избијат морбилите, нема разлика дали е дома или оди во градинка. На твое место, уште една недела би го чувала дома, после градинка. Нема друг случај досега во градинката? Ако нема, можно е и да не се работи за морбили, бидејќи кога прогласија епидемија пред некој ден, секој сомнителен осип го препраќаа на инфективно за дополнителни испитувања. Сличен осип даваат некои видови алергиски реакции, како и росеолата.

    Не мора да значи, зависи од имунитетот.
     
    На Dadusicka, JuLleE, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Ќе пратам ситуација ако не до средина на месец па ќе го пуштам... немам баш избор и опции реално..
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Знам, тоа е маката... кога се нема избор и мораш да се снаоѓаш. А за морбилите, прилично се заразни и досега требаше да има уште барем 3-4 случаи во истата градинка. Затоа прашував дали е потврдено за морбили. А тоа што е на клиника не е доказ за ништо, кај мали деца секоја настинка може да се искомплицира, за жал, оти се со послаб имунитет.
     
    На Dadusicka, JuLleE, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    така велат од градинка... јас искрено не пратам ни тв ни фб, овде ако нешто прочитам и другарки ако спомнат... камо да не се морбили мислам душа ми се стегна, баш кај него во група, среќа дома беше периодов поради стомачниот..
     
  18. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    http://faktor.mk/uspeshna-zivotna-p...chinja-se-integriraat-vo-germanskite-gradinki
    Интересна статија која ме испровоцира, мајките во Германија можат да потврдат или да негираат. Најмногу ме зачуди фрлањето од прозор што според мене е лош пример за детето, исто така имав впечаток дека се строги околу вакцинацијата.
     
  19. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    n
    Убава статија, горе - долу е исто сепак секоја градинка си има правила ама во глобала исто.
    Доручек носат од дома освен ако некое дете не носи за сите т. е. ако слави роденден тогаш доручекот е од славеникот.
    Кога е топло се бањаат во базент претходно пред да започне сезона бараат потпис дали дозволуваш да се бања детето.
    Ги мачкаат со заштитен фактор, обично секое дете си има во гардеробата.
    Секој петок носат играчка од дома, си ги менуваат и играат повторно ги враќаат дома.
    Не се потресуваат околу тоа дали и колку ќе се извалкат, секое дете има гумени чизми кои ги носат додека се надвор.
    Скоро секогаш излегуваат надвор пред спиење и пред одење освен ептен ако временските услови не дозволуваат, студено и дождливо време не се рачуна повеќе е такво.
    Добро беше прифатена, брзо научи да зборува, доколку го користат мајчиниот јазик и кажуват дека треба германски да зборуваат.
    Во текот на годината има 2-3 родителски средби исклучиво за изработка на подароци пример за Велигден и Божиќ.
    Исто така имаат и манифестации Китафест каде претходно родителите се пријавуваат кој што ќе однесе, пример некој десерт да направи потоа се продаваат, децата настапуваат, се организираат натпревари во кои и родителите учествуваат, се влечат сречки, се пие кафе, се забавуваат , некако ептен се внесуваат ама интересно е.
    Кога не оди во градинка ги известуваш за да не плаќаш ручек за тој ден и кажуваш зошто не доаѓа.
    Градинката во која одиме најмногу што може да седе се 10 часа.
    Кога се запишува детето пишуваш и кој друг може да го земе освен родителите, ако има измени пример ти дојде некој свој ќе го претставиш, ќе запишеш име, презиме и потпис дека му е дозволено земање и доведување на детето.
    Имаат некако поопуштен однос на релацијата воспитувсчка-дете, две воспитувачки се на група од 15 деца.
    Се на се сум задоволна, малку повеќе се принципијални а подобро е така.
     
    На Sunshine_1979, green.eyes, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    @Arendelle генерално добар впечаток добив за градинките во Германија малку ме изненади фактот за молитва пред оброк кој некако ми дојде како наметнување на религија. Јас сум христијанка но мислам дека децата не треба да се оптеретуваат со религија надвор од кругот на семејството т.е. да се запознаваат со религијата преку навиките на родителите без разлика дали станува збор за одење во црква, славење празници или молитва.
     
    На Kaetana, M&M, PUPICA и 1 друга личност им се допаѓа ова.