Септември 2026та би биле првачиња сите родени во 2020та, од јануари до декември и со можност јануарските деца 2021ра. Е сега неколку феминки имаа пишано дека оставиле декемвриски деца една година плус дома. Ако планираш да остане плус види низ темата.
Ако си тргне прваче ќе е со групата со тоа што ќе биде во најмалите дечиња во училиште. Вие си одлучувате, а и секако има тестирање за упис кај педагошка служба во училиштето која би одлучувала дали детето е спремно да тргне на училиште. Ако го оставиш година плус дома т.е во градинка, пак ќе има деца сигурно со кои би тргнал прваче.
Зависи каде, знам луѓе што не стигнаа ич да запишат дете во Ѓорче, во Карпош и Центар од денес за утре буквално.
Е од искуство на другарка, таму не врски, свети врски ти требаат ако е активна уште на форум, @IRBBB да шкртне
Ние ја запишавме малата кога имаше два месеци , ни се јавија за да почни кога имаше две и пол години . Така да само врски , оти можи да чекате доста време
Без врски да , затоа ако можиш барај врски . Незнам за кој градинка станува збор . Мојата оди во Коца Василева
Во Скооје, на негови 3 месеца аплицирав, еве го 16 месеца има и последно кога прашав ми рекоа дека е втор на листа на чекање, можеби ќе го примат во септември, уште си чекам. Големата со врски од денес за утре ја запишав. Ама не е муабетот за кој град или дека е државна, зависи точно кај е градинката, околу мене се згради и нормално да е гужва. Мои блиски што живеат во дел со куќи одма им ги примија двете деца и ми се чудат зашто јас морав врски да фаќам.
За во пролет барај јаки врски, ама баш јаки. Во помалите клонови на пролет можеби и ќе најдеш место ако е за поголемо дете, за јаслена група претешко. Спомнаа дека 500 деца се на листа на чекање, не знам дали е вистина. Со среќа.
Многу тешко без врски...јас малата ем запишана беше на список, ем еден куп врски испофаќав и едвај ја примија. За во Снегулка....претешко е и многу деца се веќе на списоците.