Околу 9 месеци кога беше ја запишавме а ни одговараше да почни на 2 години и некој месец, и да не беа врските немаше да ја примат. До две години свекрвата ја чуваше ама не можеше веќе, а ние со мм на работа и мораше да почни тој период.
Зошто? Мислиш подобри се школите во Карпош? Инаку освен да смениш живеалиште друг начин не знам, Стефче не дава никој да му влезе. Инаку јас имам школско дете во Ѓорче, а роднини имаат во Карпош, моето дете има многу поквалитетно образование од ова од родниниве, многу подобри наставници и многу повеќе внимание.
Ангел јас сум во Александрија, Димо Хаџи Димов ми е ептен блиску, во Мирче ќе треба со кола да носам/земам. Пола зграда има лк во Карпош, пола во Ѓорче. Не знам кој проблем испадна со нашава улица, ама ептен искомплицираа. Сите деца од зграда што се нејзина генерација ќе одат во Димо Ептен забегав со темата од градинка во школо. За квалитетот на образованието нема да коментирам.
Имаш од Александрија до Мирче превоз со комбе, доста организирано и точно, имај на ум. Изборот е твој секако, ако се снајдеш пушти го во Димо, али и до Димо ќе треба со кола секако. Јас во Димо не би пуштила дете да учи, лани излезе локално муабет дека имало заборавено прваче во училна а школото затворено, ама Стефче не дозволил да се рашири муабетот.
Ми е потребно некој ако има искуство со градинката Први стапки во Карпош (Орце Николов). Пополнив прво апликација еднаш но се премислив и не го запишав малото. После тоа пополнив пак од Септември за да почне, но некако успеавме со чување да не тргне. Иако е пополнето барање (електронски) за од Септември, а сакам да го пуштам следна година во пролет (март-април), треба повторно да пополнам барање? Да напоменам, никој не ми се јавил после пополнето барање, треба јас да се јавам? Како се чекорите за упис?
Аплициравме за малава во Бубамара градинката(Ново Лисиче) уште никој не се јавил..пробавме и преку блиски да ја запишеме, нè одбија...толку тешко се запишува во градинкава? Имате искуство? Ако не бива таму, пробавме и со аплицирање во Срничка(објект Лале)...ако имате искуства со градинкиве, пишете..
Ако имаш можност за Лале, јас бев задоволна. Многу ми е криво што и малово не го запишав таму, ама логистички не ми одговараше, а и реонски сме под друг клон.
Majki, imate info za gradinki vo Kisela Voda, konkretno kaj Sampionce? Na 9 meseci ke pocneme so gradinka.
Полесно во НАСА ќе го примат него во Буба Мара Ново Лисиче. Премногу деца има а немаат капацитет зошто покрива голема површина од општината каде што поголемиот дел се згради. Цел стар дел Ново Лисиче, новите згради кај последна 5ка, дел од куќите кај последна 5ка и новите згради до Годи.
е баш така, и јас тоа зборам дома со маж ми, да молиме сеа детево да ни го примат некаде во градинка. Јасно ми е дека се многу деца, градинкиве полни. Нови згради има ама нови градинки нема. Ќе почекаме уште малку, може па од другиве ќе ни се јават. А вака имаш искуство, какви се условите за децата, негователки итн?
Дали има некој инфо за градинката во Тафталиџе што ја срушија, кога ќе биде готова и дали ќе биде со поголем капацитет? Секое инфо е добредојдено
Јас моето го пријавив одма штом извадивме извод за едвај на година и 2 месеца да тргне со врски фаќање а највеќе што мразам да бараш услуга од некој па да бидеш должен. Инаку од градинката сме задоволни, моето дете е во стариот дел. Не се лоши условите, пристојно е и чисто а од учителките сме ептен задоволни, баш се посветени. И тие од јасли не беа лоши ама овие се супер. Новиот дел колку што сум влегла е малку по нов и реновиран а за персоналот таму немам инфо.
Ја примија малава во НАСА (буба мара) се прерадував ни кажаа и во убава група ја ставиле, па ај да видиме од Септември.
Некоја информација за градинката буба мара и буба мара 1 во Ново Лисиче? Има мајки што ги носеле децата таму да споделат инфо како е, и која е разликата меѓу буба мара и буба мара 1 објектот? Се мислам за каде да аплицирам. @Cherry blossom89 сега читам вас ве примиле. Ако може да споделиш инфо или да ми пишеш пп, јас не можам.
Една до друга се залепени како еден објект поделен на пола со 2 влеза. Буба Мара 1 е новиот дел и таму обично е повеќе гужва и интерес за упис.