Не сум сигурна дали пак одново треба да пополниш искрено, ние сме таму од март почна син ми. Најубаво е или да отидеш или да се јавиш, има број на сајтот. Инаку чим имаш пополнето барање после тоа само се чека да ти се јават, тогаш кога ќе се јават да ви кажат дека сте примени се носат документи, не пред тоа. Ако можеш да фатиш врски, фаќај со време во меѓувреме сега додека чекате.
Мајка, откако пополни електронски они вас ве побараа? И дали треба уште нешто да пополнам, однесам или само чекам?
После неколку месеци ми се јавија од кога пополнив онлајн, отидов да однесам Октомври мислам беше документи од кога ми се јавија, и почна во март, до тогаш се чувавме дома. Инаку и јас не знаев што се прави од кога пуштив онлајн и отиде маж ми еден ден на лице место, на 5 минути од дома ни е и му објасни жената од управа како оди цел процес, ако можеш прошетај се до таму таман да видиш што ќе ти кажат и дали треба од ново да пополнуваш. Нема ништо плус освен онлајн пријавата за пополнување сега пред упис.
Здраво, Може да ми каже некој каде се наоѓаат следниве објекти, освен Буба Мара таа знам дека е во Ново Лисиче.
Здраво на сите, Поради селидба мораме да менуваме градинка на синко. Иначе наполни 4 години летово. Претходно 2 години оди во сегашната градинка која ќе ја менуваме. Го префрламе со цел да стекне некое ново другарче од новата средина (градинка, маало). Ве молам за совет како да го спремам детете да му биде што помалку трауматично. Фала
Малава ќе ми почнува во градинка...што ќе и е потребно како за почеток? Планирам ранче да и земам, пелени да и ставам, свое шишенце за вода, друго што сте им ставале?
Ќе ви кажат од градинка, кај нас во јасли бараа, памперси, резерва алишта, шише за вода и шише за млеко. Таму остававме влажни, крем за газето, топлинките. Во поголемата група, кај што веќе ги учат сами да јадат/вадат памперси, 2-3 комплети облека, исто памперси/гаќи. Шише за вода кое си користи сеуште или чашки да однесеме хартиени. Влажни, брисачи, месечно во градинка, топлинките исто стојат таму.
Добро и вие секоја година обновувате документи? Секоја година, ова ново е, од лани, ај обновување ама здраво дете да мкнам на лекар да го испитувам, не е фер.
Лани во септември сама однесов документи нови за вакцини, не за друго туку летото додека не работеше градинката прими мојава вакцини плус. Сега еден образец ни дадоа само што требало матичен да го пополни. Ни дете носев, ни ништо.
Во градинката ми кажуваа кој е на ред на листа за чекање. Само нова копија од вакцинален картон барале во септември. Друго не.
Е нас ни бараат нова апликација пополнета, од вакцини потврда и потврда за здраво дете кога ќе тргне, а матичниот не дава потврда ако детето не го види.
Овој листот кај нас со најопшти работи, дали детето има некоја состојба што бара терапија во смисла пример дијабет. Дали има алергии Контакт податоци од матичниот Така некои информации. Без потврда за здраво дете. Е потврда бараат за секое отсуство. Ептен ден, два со најава да е. Ама за друго, вклучувајќи и после одмор, враќање со потврда.
Ова е нешто ново? Внук ми заврши, на комшикава малата уште иде, баш зборевме за ова, викаат еднаш запишано и терале. Малата плус и нема МРП примено, не и ја ни бараат…