Не знам колку се во група искрено, може Теа знае, еднаш на почеток и јас прашав и ме прашаа што ми менува ако ми кажат и се изнасмеав пошо стварно е така не ги чувам јас/ние инаку мислам дека до 5-5:30 може да останува
Да, така е ама друго е ако се многу големи групите Нас проблем ни е што нема кој да ни ја зема а некогаш и двајцата сме на работа до покасно мислев барем до 18ч некогаш ќе може да остани ама изгледа тешко
Пуштаат ли сега да влезеш со дете на прв ден? Малиот не бара ни мајка ни татко, со секој може да седи, ама ако ме види како искачам на врата, доаѓа на вратата и плаче. Ако не ме види, може и со денови да не ме побара. Па си викам на прв ден ако ме пуштат да го внесам и скришно да си искочам, може полесно ќе помине.
Мислам дека јасли 2 имаат негователки две, а мала група има една учителка. Кога зборев со Маја, не знаеа уште како ќе ги делат, ќе видиме од септември. Мојов е 14 месеци, ќе видиме како ќе биде. На список беа 20 ама реално над 15 бебиња немало, стално е болно некоа, 3 негователки се инаку. Не седат во кревет, по земја се цел ден со играчки. За останување ќе прашаш, јас ги земам во 4 20, градинката работи до 6 ама не сум видела некое да седи до 6.
https://ananas.mk/proizvod/scool-ra...-premium-mojot-prv-ranec-sc2101-teget/3785313 Jas go zemav ovoj model, super e
Моја препорака разгледај прво на Тему, после види Ваикики, Мапет, итн. Не ти треба големо ранче, само резерва облека, пелени и шише вода му носам јас, влажни марамици и крема за газе оставаш во градинка секој месец кога ќе снема кажуваат. Некој да ми каже дали за есен/зима ги праќате со топлинки (ако да од кои сте задоволни)?
Кај нас се постојано со обувки. Во јасли се случуваше сами да си ги слекуваат и фрлат ама во секој случај бидејќи имаат и како заграден дел кај што излегуваат надвор, барем на ќерка сум и ставала секогаш. Топлинки испробани ни се Цицибан и К-К одлични се бар за нас. Досс исто имам, дете нешто не беше фан. Често се носат и Гезер ли како и да се чита, ги има во Локо Кроко. Повеќе од пола група беше со такви.
Фала ти, ќе видам сегде ама к&к и најблиску ми е и од таму му земав и патичиња кога проодуваше супер беа, видов онлајн имаат интересни и топлинки. Нека залади само прво инаку сигурно ќе ги соблака и моево пошо е склет ама бар да има
Јас и сега го праќав или во Крокс или во Атипас. Ги носеа на тераса, плус мојов шета по ходници, да не е бос. Сега за од септември пак планирам Атипас да му земам предобри се, дише ноџе, се виткаа, супер се.
Е може и Атипас да видам тогаш, и моево е цело лето со крокс ама еве не знаев дека ги изнесуваат и надвор пошо јасли мислев тоа само поголемите. Здравје во понеделник и за групата ќе прашам како ќе се од септември.
Кај нас во градинка мора цело време да се носат топлинки безразлика на годишно време. Јас во последно време купувам од Мат Стар не се лоши а и не се скапи со оглед дека ги надраснуваат брзо децава.
@Tea SK па јас почнав на Тему да разгледувам баш пред 2 3 недели, чисто информативно ама си викам да не е глупо од таму да нарачам, во смисол да не се лоши со квалитет, ама па за толку мало ранче и еве викате и по наши продавници ги има, тогаш ќе си нарачам од таму. Е сеа, со оглед дека ќере ќе оди на почетокот на прилагодување, на некој саат ќе ја оставаме, дали уште во старт да и купам топлинчиња? Како правевте вие?
Кај нас во јасли по желба беа топлинките. Некои носеа, некои по чорапчиња само седеа. Но од прва мала група топлинките се задолжителни, без разлика на годишно време и дали ќе седи еден саат или цел ден.
Najubavo taka, vo ohrid vo leto ni gi vrakaat toplinkite i decata sedat po ona sto ke pojdat vo gradinka, sandali, patiki...ne gledam logika zasto go pravat toa, 30 deca gazat vo prostorija kade sto i spijat so cevlite od nadvor...
Во принцип преферирам да е со чисти обувки внатре. Се случило летово и со сандали да е, што немаат врска со топлинки ама во никој случај истите што ги носела надвор. Во јасли ги седнуваат во креветче, во поголемата група бар кај нас само за спиење местат креветчиња и ги собираат после ама деца ко деца. И додека да наместат кревети некое може по душекот ќе скокне, гази итн.
Јас тоа што го земав од Тему 280 ден, во Просветно дело е 1000ка истото. Ако е проодена, убаво е во топлинки. Зашто мешаат групи и учителки и не им ги знаат кои чии се. И кај нас летно време е така.