Кај нас бараа пижами, ама некогаш не и ги облекуваа, поготово летово, сега ни топлинки уствари не носат. Шишето за вода не го внесуваат со нив, им стои во шкавче, вода им даваат таму од чашки. Јас и ставав на почетокот, сега не и ставам веќе вода. Може да ти купат топлинки со едно бројче разлика, па да си имаш кога ќе му омалат едните. И потрошен материјал, ама тоа за поклон сигурно нема да ти носат, влажни, сапун, тоалет Ама еве есен доаѓа, може да му купат и чадорче, гумени чизми, гумени панталони/јакничка. Пошто пешки одиме до градинка, мојата си има опрема за такви денови и си ја носи.
Ако тргне со 19/20 месеци во градинка оди во јасли или мала група? Може некој да ми објасни што е разликата?
Во нашава градинка беше кркамбар, кое каде се најде, таму тргна. Сега годинава ќе се направи поделба, сите 2023та родени прва мала ќе се, 2024 јасли сеуште. Во јасли ќерка имаше две негователки, немаат конкретни активности, програма за учење, дел од времето си играа во креветчиња, дел на земја. Во прва мала имаат воспитувачка и негователка. Бар кај нас со воспитувачката имаат активности како учење за есен, бои, песнички, боење, учење форми, имаат конкретна програма за возраста што треба да се прави. Не сме во Ск ние, ама претпоставувам е слично во државни градинки секаде.
Во нашата градинка (во Скопје) сите родени 2023 ќе бидат прва мала, а родени 2024 се јасли. Ама најдобро прашај во вашата градинката како се организирани.
Моето тргна со 15м и тргна во јасли, во септември си остана во јасли зошто немаше 2г. Сега ќе оди во прва мала.
koja grupa e i koi mu se ucitelki? kako ste zadovolni? nie od 1 septemvri startuvame na priviknuvanje vo jasli 1
Мојот беше 20 месеци и тргна во група со деца од 2-3 години. Супер му беше и многу работи научи во таа група.
Мојата ќе биде година и 10 месеци, во група со 2 год и 3 год деца. Мене ме интересира, вашиве деца каде што се во групи, по колку дечиња се?
Vo jasli 1 sme zasega, ke vidime od septemvri dali ke ne prefrlat. Dve ucitelki se, super se posebno Vesna premnogu e posvetena i decata ja sakaat, sekogas ja zemam najadena, presoblecena, voda piena. So srekja
Ако е декемвриско како моето, јас сметам дека е подобро да си оди со децата родени истата година. Ако трга септември, кај нас тоа беше прва мала 2-3 години група, не беше јасли. Мојата така тргна на 19-20 месеци во таа група. За во нашава градинка разликата беше тоа што јаслито немаат активности и не знам каква програма за разлика од групите во градинка. А и не ни можев мислам дека во јасли да ја запишам на таа возраст пошто после ќе требаше да трга во школо порано со други деца.
Уписите за во градинка се цело време, секој ден од годината, ама списоците за тие што почнуваат од септември се сега. Што не значи дека деца не тргаат и преку година.
Дали ве имаат контактирано од Весели цветови Кисела Вода за потпишување договори, прием и сл? Ние сме пријавени уште можеби фев/март, се уште не немаат контактирано, а се ближи 1ви..
Дали некој има искуство со градинката Росица - Детелинка? Како сте задоволни (конкретно јасли)? Како тече адаптација? дали дозволуваат на мајката влез во градинка за време на адаптација?
Moето сега во септември ќе излезе од јасли од Росица-Детелинка, почнува прва мала, задоволна сум, не дека не, не е дека нешто којзнае колку прават посебно, али добро е. Позадоволна сум со малово отколку со големото.
Не примаа во градинка каде во апликацијата наведев дека двајцата родители се вработени. Во меѓувреме таткото добива отказ, сега работи друго фриленс (со договор на дело) во нормално работно време и кога ќе почнуваме во тие документи ќе наведам дека е невработен. Некој со вакво искуство каде само едниот е официјално вработен? Ќе прават ли проблеми?