Тоа со двајца вработени родители важеше за време на короната и се носеа потврди од работа за редовен работен однос. Сега мислам дека тоа веќе не го бараат
Извини заборавив да ти одговорам, влез за родители не е дозволен никако во градинката наша. Напиши си дека работи на договор на дело, не мора да пишуваш невработен. Одсекогаш било така, предност имаат децата на двајца вработени родители, само во Ковидот повеќе се гледаше тоа.
Мене денес ништо такво не ми побараа. Стварно ли бараат? јас останав без работа. Но сакам да ја носам на адаптација додека барам работа. Зар не можам да ја запишам додека сум невработена?
Здраво на сите Малата ќе трга во градинка следна недела 99%. Уште чекаме повик. Има 2 год и 1 месец, досега е чувана кај бабите откако почнав на работа. Ве молам некои практични совети за почеток? Некако сум ептен под стрес како ќе прифати, иако за кај бабите немаше никаков проблем. Во принцип, знае сама да јаде ама и треба помош. Од чаша не знае да пие, работиме на тоа. Мочка во нокшир, шолја не сака да види, а за какање имаме мал проблем со убедување. Заспива во креветче сама најчесто, иако знае последнава недела (баш пред да почне нели) да прави проблем. Во принцип ми треба совет во однос на тоа што да очекувам, што да и купам, дали да и носам ствари за резерва за преслек (и колку) и слични работи.
Во градинка ќе ви кажат што и колку се носи. Ние секојдневно праќаме памперси во ранче, за тие што носат. 2 комплети облека, вклучувајќи и долен веш. Шише за вода секојдневно. Месечно - хартиени чаши за вода, брисачи и влажни. По потреба крем за газето. За се останато околу привикнување со воспитувачките ќе си договориш.
Кај нас бараат и предност имаат деца на вработени. Ти го запиша детето? Ако си го запишала и не ти барале отпосле не верувам. Во која населба?
Зависи во која градинка, во нашата не. Според мене не ни треба да бараат, прво затоа што е глупост, второ не знам и колку е законски да бараат брисеви.
Мене ми рекоа документ дека е здраво од матичната е сеа не ми спомна брис па тоа ме чуди и ни рече 3дена стар документ
Потврда за здраво дете од матичен. Брис не ни смеат да бараат, освен за ептен заразни болести. Пример за салмонела бараа два последователни чисти копрокултури, и тоа од центар за јавно здравје ми се јавија да ми кажат дека мора тоа за да се врати во градинка.
Секоја градинки своја политика си тера. Уште подобро ако не ви бараат брисеви, бар нема да малтретираш дете. За секој случај прашај си се на време, да не биде ааа па и тоа треба како не знаете.
Прв пат слушам за прием да се бара брис од детето кое се запишува. Зарем постои и тоа ? Да бараат да се направи брис на здраво дете само за да се запише у градинка? Ич не е во ред
Дали дете што редовно одело до петок во градинка, сега од 01 пак има потреба за потврда за здраво дете? Исто дали вакцинален картон треба да однесеме ажуриран? Во јасли имаат информација и потврда од диспензер дека сѐ е по пропис. Ништо не ни кажуваат учителкивс, не знам кој да прашам
Од понеделник тргнува во градинка, 13 месеци е ама уште не е прооден. Се шета сам покрај нешто што може да се држи, па имам прашање, дали да понесам екстра обувки за таму? Што ставате во ранчето? Водата, шишето го обележувате да не им ги смешаат таму?
Кај нас секој први септември ни кажуваат учителките дека треба да донесеме ажуриран вакцинален картон и потврда од матичен за здраво дете. Ама имаме луфта од една недела да можеме да ги доставиме документите. Не е денес кажуваат, утре мора да се носи
Кај нас бараат. Услов за да тргне дете во градинка е чист брис. Само при упис. После не бараат освен ако сам не пријавиш дека имало некоја бактерија, па за да вратиш дете повторно треба доказ.