@MissDior јас тоа не го сфаќам баш во буквална смисла како некоја голема религиозна посветеност, кажуваат песничка пред јадење и си посакуваат добар апетит. Нормално дека ќе има некое влијание, во туѓа земја си и се прилагодуваш на нивниот начин на живот. Тоа не значи дека дома ќе ја потцениш својата вероисповед. Во градинка, во училиштата ќе се прифаќаат нивните празници, за Велигден, за Божиќ и други се разликуваат од нашиот начин на славење.
Sakav da te prasam kolku vreme ste vo Germanija? Nie razmisluvame da se preselime. Detenceto mi e 4 god a nikoj doma ne znaeme germanski pa toa malku me plasi.
@AngelOfArh оздраве ли дечкото? Давај нешто за имунитет и ц витамин обавезно. И син ми крена темп минатата недела ама за еден ден му помина како ништо да немал, а вчера не дошла учителката, се разболела
Леле хорори сме со градинка, хорори. Од еден месец само 7 дена одеше. Се опраи од грлото па цело усте му се нафрла афти, од антибиотикот. Еве сме дома, игра сам сирот. Ќе пукнам од маки. Сеа коа ќе се вратиме може и да плаче. Планирам од утре здравје,прво крвна слика па после градинка.
Мајки што давате за имунитет? Нешто добро и да е скапо ке го земам значи... аман и мојов 4 дена градинка, 2 недели е дома
Пред некој период и јас ова прашував, совет од феминките добив - само на природна база одржување имунитет, овошје, зеленчук... Послушав, секојдневно смути (ќе си пукнам оти ми го нејќе насабајле па го пие после градинка) и еднаш дневно ацерола. Матичниот педијатар ми советуваше Бимунал сирупче (за имунитет и не отварал апетит, оти ќерето мое и така бајаги апетитче си има), засега одлагам и не сум го земала, оти како шо гледам арно се држи мојава, прескокнавме септемврски вируси и не отсуствуваме од градинка. Ама јас сепак не сум толку против тие имуностимулатори во случаи каде детето ептен често се разболува, а тебе како што те имам читано од поодамна Тео баш знае да го фати секој вирус, што значи дека ви треба нешто за имунитет. Пробај со Бимунал сируп, ацерола... и секако преку исхрана.
Се што може да се фати, он фаќа Среќа не беше во градинка, имало и стомачен вирус.. а периодов нема апетит, три залчиња и се плука, прави фаци за повраќање и нагони има дури, како да му се грози од храната. Пиеме сабајле заедно сок цеден од се што ке имам (морков, цвекло, јаболко, портокал, круша). А ацерола има за мали дечиња? Таблетки или што е?
Излегуваат, од амоксиклав, исто ко кандида ама на уста. Ама ете чим има таков вирус, ќе да е вирусот.
Има ацерола од 40 мг. Таблети за џвакање. На мојов му ја кршам на пола и он се радува дека две бомбони сум му дала . Јас почнав и биогаја пробиотик и вит Д. Повеке бебето имаше потреба од нив, ама кај нас е како први така други, па и на големиов му давам. Кај нас црвено грло е константно проблем, па некогаш и прополис му давам.
Ти одговорила веќе @irena.1 за Ацеролата, ја сакаат дечките, има убав вкус. Се сеќавам дека и со воспаление на уво се мачевте, нели? Бактерии, вируси, свашта по градинките, од друга страна пак тоа дружење, осамостојување, едукација кое таму го добиваат дома никако нема да го дадеме ние како родители, макар биле слободни и креативни и компетентни. Незаменлива е градинката а и неизбежни се болестите. Ние пак од обично подкашлување одма бронхит правиме. Нема никаков друг симптом, само кашла, зиме лете со бронхит си имаме работа. Матичната се сомнева на алергиј на нешто, сменивме кравјо млеко со козјо па ете ја пак кашла (влажно), не ќе да е до млекото. Ќе морам алерготест да правам. Уплав имам од секое нејзино подкашлување. Со вируси, темеператури си немаме работа,ама затоа за бронхит сме специјалци...и ај инхалцаии трипати на ден. Аман! Совет некој од било кој???
Nie ne odime vo gradinka ama zatoa tato site virusi od rabota ni gi nosi. Jas davam po preporaka od maticniot vit c i b kompleks, plus probiotik i neli standard d3. Plus obavezno mnogu ovosje i zelencuk.
Јас давам мултивитамински сируп Велкид, од бебе тој го пие навикнат е на вкусот и повремено Витамин Ц. Едната ужинка во денот обавезно му е овошје или смути, лани не одеше во градинка а на секои две недели вирус фаќаше, мислам децата од 1,5 до 2,5 години се најосетливи без разлика на средината.
Ние мака со стрептококата, само неа често ја закачува... и сега сум во мисла за вакцината за оваа бактерија... ми предложи матичниот да му ја ставам чим бил склон да ја фаќа и да ја прележува така. Инаку да му удира на ушиња, грло највеќе... до сега еднаш на плуќа има спуштено...
Јас од сирупи само давам на медекс омега 3 јуниор, нели ради рибиното масло во него и има плус витамини а,фолна и дха,витамин ц капки и плус спреј ацидосалус во нос почнав овој септември,во грло не сака да чуе за никаков спреј а сакам да и земам прополис.Друго се природно цеден сок,мед,таан и маџун,а зимоска давам и мед со матичен млеч,лани тоа давав и маслото од семки од грејпфрут. Бронхит не сме имале до сега фала богу ,кај мене не спушта лесно,само еднаш пневмонија како резултат на пролетен вирус и бактерија во нос плус со тт што не се симнуваше. Од носот секогаш и се прави шлајм кој за неколку дена го искашлува со помош на инхалации. @mariz види можеш и ацидосалус пробиотски е за нос и грло,јас најмногу ради носот го земав,ради таа стрептокока пнеумона.
Од ацидосалус и јас сум премногу задоволна. На малата и превентивно и ставам во нос и грло ама го користам и кога и е затнато носето. Како што овој спреј и го одзатнува брзо, ниеден друг. Исто и со повеќе видови на капки имам пробано и не сум задоволна од никој. Исто неколку пати на мене сум го тестирала за затнат нос, истото позитивно искуство го имам. Само не знам од која возраст може да се користи. Малку е поскап ама вреди.