Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште го носам по кратки во градинка. Само дека е на земја цело време му облекувам и боди на прерамки и чорапи. А за навечер целосни шпикозни без ногавици и спие така непокриен.
     
  2. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Штом смета дека не е за боледување, значи не е до толку компромитиран имунитетот, многу ме нервираат такви паушални муабети истресени од ракав. Штом дете на нога поминува болести , не завршува континуирано во болница, скраја да е, сосема е нормално.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    За тие со деца што си сакаат цуцла, дали децата ви заспиваат во градинка без цуцла? Кај нас во градинка не даваат цуцла а само со цуцла си заспива (само за спиење користиме цуцла). Не знам дали да и ја тргнам наеднаш или си имаат можеби во градинка некои трикови за заспивање.
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.014
    Допаѓања:
    14.830
    Пол:
    Женски
    Бувално во истата ситуација сум. Денес му беше втор ден во градинка, дома само за спиење добива цуцла, не сум ни пробала без неа да го заспијам. Се мислам ич да не им кажам дека ја користи кога ќе дојде ред да остане со спиење и во исто време да му ја тргнам и дома. Година ипол има, секако планирав да престане да ја користи максимум до 2 години.
     
    На Mecence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    10.746
    Пол:
    Женски
    Дома заспива со цуцла, во градинка без. Никогаш не сум му пратила цуцла од март оди во градинка.
     
    На Spidy и Mecence123 им се допаѓа ова.
  6. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Нас ни е еве втора недела и се уште седиме само до ручекот. Не се ни обиделе да ја заспијат ама ми рекоа денес под итно да и ја тргнам цуцлата. Не знам ќе пробам деновиве да ја тргнам ама и жал ми е некако баш сега да ја тргнам кога се уште се адаптира во градинка и нова средина. Сакав барем за ноќното спиење да и го давам ама ќе видам
     
  7. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот. Значи сепак можно е да заспие без. Може да им речам да се обидат да спие таму па ако има ептен противење да спие тогаш да и ја тргнам и од дома. Барем да пробале да ја заспијат а не вака одма пресекоа прво одвикни ја па после ќе ни ја оставаш на спиење.
     
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    10.746
    Пол:
    Женски
    Да да и големата така беше.
    Те влечкаат само да трае подолго адаптација.
     
    На Mecence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    10.573
    Исто беше и кај нас. Во градинка не користеа цуцла, дома само за заспивање ја користеше и после ја плукаше и толку. Неколку месеци пред втор роденден успеавме и скроз да ја тргнеме дома.
     
  10. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Да, мислам намерно ја влечат адаптацијата. Минатата недела почнавме и до денес седевме до ручекот, односно ја земав пред спиење и ми викаат не соработува, многу плаче, ве бара, од утре само на два саата да ја оставате па постепено ќе ја оставате подолго. Мислам претеруваат, денес кога ја земав не беше плачки туку наајнормално се израдува што ме виде. Ама ајде имам одмор земено уште наредната недела одмор па потоа сум на работа. Само да нр ми речат не е спремна за спиење.. а немам кој да ми ја зима. И јас и мм работиме.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.