Побарав од матичната нешто вон исхрана за имунитет и ми предложи Дефендил во рок од 3 месеци и ацидосалдус во нос мислам ми кажа… Давам мед, молерс, 3 кспки д3 и сега и ова или нешто да исфрлам? Ефект се надевам ќе имс, мн стана нежен по варичелата… Искустбо некој? @AngelOfArh
Некоја нова пракса им е после Варичела да даваат по шема оние за имунитет, како се викаа не ми текнува, 10 дена се пие 20 дена пауза, ќе пише која ќе ме разбере. Јас давав Дефендил и добро поминавме. Сега на малово давам само витамински, пробиотик и сега ќе почнам Д капки.
На Изопринозин да не мислиш? Или Бронховаксом ама тие се за скроз друга дијагноза. Варичела нема дете прележано, ќе видиме што не чека. И онака се си фаќа ама бар полесно поминува. Давам Молерс плус Д3. Ретко да вклучам сега мултивитамини или нешто слично. Ама ова откако 2 години во градинка помина.
на бронховаксом мислиш. ама тие после варичела не се даваат одма, прашував јас за моите, некои педијатри ми препорачуваат месец, некои 3 месеци после прележување дека во нив ослабени бактерии има и се некој вид на сезонска вакцина. Добар е дефендилот, можиш да го комбинираш со останатите. @Rubiii
Изопринозин да, така беа. Блокиран ми е мозокот, брзам нешто ама видов на меил ми стигна таг па да одговорам.
Тешк0 привикнување на градинка. Денес не сакаше да влезе плачки и поврна таму. Го оставив 15мин. се одра и сега е дома.. Воспитувачката вели нек0и од тага повраќаат на почеток.. а сега го прашувам дал сака да оди вели не. И само мое мое мое .. 22месеца не знае да ми кажи ... што е мое т.е. негово дал некој го закача не знам.. јас го слушнав како плаче едната вели нее си игра,другата вели плачи ај сега де
Здраво изопринозин по шема ли го пиевте? Ние го пиевме еден период ама ми кажаа само 3x5ml, целото шише и толку.
Ние го пијавме летово по шема прво 3×5, па 2×5, па 1×5 дур не го потрошивме шипенцето ама ништо не ни помогна според мене џабе го пијаше.
Здраво Дали некој го праќа своето дете во јасли во градинката Чекорче? Какви се вашите искуства, дали сте задоволни?
Дечки плс хелп. Сакам да и купам топлинки за во градинка но сум во голема недоумица пошто сега тргна на 3+ и прв пат ќе носи топлинки, досега низ дома само боса оди, буквално зимиве и без чорапи си ги врвеше. Искуства со некои од овие два модела? Дали ваквите чевлички на Атипас се погодни за во градинка? Оние од к&к ме мачи да не го потат ноџето... Што би ме советувале?
И мојата соблекува чорапи по дома зима. Јас и купувам поотворени од здрави стапала и за зима https://zdravistapala.mk/produkt/elf-athena/
Ептен ти благодарам на одговорот, ги имав гледано порано ама ги заборавив како опција. Веднаш бендисавме модел, но овие од линков се поголеми бројчиња, а ноџето и е помало, па одбравме од овој модел на сликава. Е сега една дилема имам па ако може да ми помогнеш. Го мерев стапалцето и според мерките се паѓа да носи 23че број кое моментално и е точно и на сите други обувки. Но овде на страната како совет пишува на измереното стапалце да се додаде 0,8-1,4 цм за да имало простор. Така се паѓа да и земам 24ка, а се плашам дека ќе и се ептен големи пошто има многу тенко ноџе каде дури и 22ка од други обувки и се прилично точни. Прашањето ми е дали земате точно бројче или едно поголемо од тоа што носи детенцето?
Секогаш еден прст луфта да има позади, да не е кнап обувката. Најдобро е да се проба. Јас секогаш го носам син ми со мене кога купувам обувки. Топлинки моментално носи од Кеги и супер задоволна сум. Он е склет дете, ама не му го потат ноџето. Го има оној модел што е малку отворен напред. Атипас се добар бренд, ама јас не знам како би погодила бројче без да му ги пробам и затоа никогаш не сум купила.
Најдобро е да се проба знам, ама далеку сум од Ск, а во споредниве градови ништо одвај нема... значи сепак отворените моделчиња напред се подобра опција. Фала ви дечки на советите, купувањево топлинки ко научна фантастика ми излезе.
И јас купував од здрави стапала и тоа 2 пати. Маж ми е физиотерапевт и доста проучување вложи пред да купиме. Првиот пат беа супер ги изнаноси, вториот пат лепенките не функционираа. Ја сменив велкро лентата или како и да се вика, на чевлар и пак не се залепуваат. Со немање подобар избор зедов од цицибан за во градинка... значи од здрави стапала пак нема да купам, само тоа сакав да кажам. А за големината пиши им на продавницата или јави се, ќе ти кажат совет, на колку цм стапало кое бројче да земиш. Јас така направив бидејќи онлајн нарачувавме.
Јас и земам едно поголемо. Било што кога и купувам ја вадам влошката и ја ставам петата на крај од влошката и пред палецот да има еден прст. Ако и купиш кнап за 3 месеци ќе треба нови. Мојата во 2 години 3 пара смени. После нова година ќе треба веројатно нови. Замена сигурно може. Ама прашај дали може и да ги вратиш ако не ти одговараат.