1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Фала на инфо.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Кај ќерче 4 до 5 години, 1500 за материјали, 250 за математика, за списание појма немам колку бараа, лани беше 900 ама годинава никој не се запишавме да земеме.

    Побогатите општини повеќе пари даваме, зашто во Карпош поскапи се материјалите него во Кавадарци....шала на страна ама кај нас секогаш е поскапо во споредба со Аеродром. Лани пакетчињата за Нова година беа 800 денари, во Аеродром 200 мислам...
     
    На sani99, azelea и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    4.972
    Баш за материјали 1000 ден, секакви боици, хартии, ножици, крафтс материјали зимаат од овие пари. Плус има прирачник математика, валда секаде иста цена и плус месечно списание и тоа е сигурно секаде исто. И по потреба носиме хигиенски средства, тоалет, сапун, влажни, брисачи и чаши, ама може само два пати годишно да се случи да однесеме. 4-5 е мојата ама и лани беше исто.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Јас баш прашав вчера во градинка зошто не ни побараа пари за материјали и ми кажаа дека општината (Аеродром) субвенционирала. Инаку за пакетчиња секогаш ги зимаме од Тримакс таа најефтината комбинација - околу 400 денари. Тоа зависи и општината со која книжара има договор.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Да за материјали, влажни, чашки не се даваат пари во Аеродром.
    Ние во Карпош за се си даваме и плус 2000ки си плаќаме месечно за градинка и си носиме секој месец брисачи, влажни, чашки.
     
    На sani99 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Во град во внатрешноста, група 4-5, 500 ден за 2 прирачници, еден математика еден нешто друго, 500 ден за материјали и 90 денари за Супер смешка ама тоа на посебна уплатница...влажни носиме на неколку месеци, и на почеток на година пластични чаши...
     
  7. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    163
    Мајки давајте совет. Синко точно 2години, бутка деца во градинка. Никој не се пожалил, он сам ми кажува дека девојчињата ги буткал. Го забележувам и надвор кога сме и со пријатели, иницијалната реакција е да бутне. Се зборува секој ден по 200 илјади пати, се дава заменско решение - дека се галиме. Нит се дереме, нит се буткаме, дома сме скроз љубовни. Секој ден сме 200% посветени, нема телефони/тв значи директно,целосно сме фокусирани на него. Ми е непријатно, не знам веќе како да реагирам и дали ќе се фати во главава ова повторување…

    Денес ми кажаа дека и поголеми деца тепал кога ги спојувале. Дома е мирен, смирен и трпелив не ми е јасно од каде излегува ова. Многу сум загрижена
     
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Пробај и надвор од градинка да го дружиш со деца. Кога ќе бутне одете си од паркот или игротеката и така ќе сфати после некое време. А за во градинка баш и нема што да направиш зашто не си присутна одма да го коригираш во моментот.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    А овие 800 ден за материјали што се, што материјали спаѓаат тука?
     
  10. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Се што им треба за работа, од боички, фломастери, папки, колажи, ножици, хамери итн итн
     
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Ако секое дете плаќа за книги, прирачници секоја година. Дали тоа значи дека кога ја завршуваат годината им ги даваат на децата за дома?
    Не ми е јасно, само прашувам.
     
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    4.972
    Списанијата ти ги даваат ама тие не се во овие 800 ден, а не верувам дека и прирачникот е. Веројатно се само за тој потрошен материјал. Прирачник лани не ни дадоа не знам ни дали имаа. На крај на година во папка ни ги даваат сите изработки или скоро сите што ги правеле во тек на годината. А за книги не спомнале не сме имале.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Значи ги даваат. Дека јас ја прашав негувателката ако ги фрлаат да си ги земам за дома цртежите. Ама уште не ми кажа.
     
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.909
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Минатата година ни ги праќаа дома како што работеле неделно, ова 2 годишници колку што може да работат де.

    За годинава не знам како ќе биде.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Прирачници нз дали имаат кај нас, 1200 ден плаќаме сега, лани беше 1000, наеднаш за материјали и посебно за списание кој сака да си зема, тие ги даваа минатата година месечно, 9 броја беа. И на крај на мај ни дадоа папки со сите цртежи на секое дете посебно.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Missmaza

    Missmaza Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20251007_153121_Chrome.jpg Screenshot_20251007_153121_Chrome.jpg dali ste go koristele za imunitet i kako vi se pokazal.
     
  17. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.495
    Ние 1000 ден за материјали , 900 за списанија, 260 прирачник..
    по 1500 месечно си плаќаме за децава, и плус влажни,чаши и брисачи.
     
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Св.Николе, влажни, пелени и крема на секој од ранчето. Не ги мешаат. Во Штип снаа ми кажа си носат и од сите трошат. Е сега дали исти влажни и кремчиња или не, не знам.
    Тука е 1500 градинката, 100 денари месечно за вода даваме, а брисачи кажуваат кога им се при крај.

    Инаку, поарно да не го пуштев. 7 дена дома болен, се оправи едвај, 3 дена беше онаа недела, еве од вчера кашла, шмрка, мрсули, едвај дише. Добро е што нема температура и јаде.
    Стварно за никаде. А притискаат за ммр, одложувам веќе 3 пати. Поарно дома да си го чував.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.909
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    За влажни и крема, во едната група кај ќерка беше предложено сите да носат исти влажни на база на вода што се и ист крем.
    Месечно ова, а памперси во ранецот.

    Генерално не се случило многу да е им имаат измешано памперси. Во 2 години што оди, дали 4-5 пати си дошла со туѓ памперс или ни толку.

    За настинки и ние бевме на страната 3 дена оди, 3 недели дома.
    Кај моево дете цела година траеше тоа. Можам да речам тек втората година се среди да настинува помалку, да и врви побрзо, да издржува подолго во градинка.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Охх, а јас мислев ќе тргне, се ќе биде ок, да барам работа.
    Изгледа ќе си поседам дома, ако дури наредната година се стабилизира малце.