Здраво, ќерката уште малце треба да почне во градинка (јасли), кога ќе тргне ќе има неполни 8 месеци. Некој дали скоро запишувал дете на таа возраст во Кисела Вода? Весели цветови или 8 март? Какви се градинките, дали сте задоволни? Дали има предолга листа на чекање? Имам аплицирано онлајн и еднаш се јавив на некоја директорка што најдов број онлајн ама уште ништо. Дали треба да бидам по упорна или без врски ништо?
Бебе беше 3мес кога аплицирав, го примија на година ипол во 8 март без врски. Големата ја примија истиот месец кога аплицирав во Весели цветови со врски. Моето искуство е дека мора врски ако ти треба за сега да почне. Ако можеш да чекаш над една година од апликација, ќе го примат кад тад.
Во 8ми Март примаат со полни 9 месеци. Барем нене така ми рекоа хаха. Во весели цветови примаат со полни осум. Оди во градинка директно да прашуваш почесто додека не се ослободи место.
Здраво, има ситуација во нашата градинка и ми треба мислење како да реагирам, дали сте биле во некаква слична ситуација и ако да, што сте направиле. Неколку денови наназад се соочуваме со непријатни изненадувања. Ќе почнам од најситното: - Ручекот им касни секој втор ден - Воспитувачка/негувателка кажува чудни придавки: дивљак и слично - Пелени недобро поставени и одлепени, бодиња незакопчени, маици напикани безвеза у панталони, пантофли необлечени, цело време во патики И најстрашното: додека чека маж ми да го земе детето, слуша негувателка која се дере пресилно (и јас сум ја слушнала истста со таков тон) и ја гледа преку стакло како прави движења како да тепа некого, ама не е целосно стакло па не може да види убаво што се случува. На земање ја прашува таа што го подала детето дали е се океј пошто видел и слушнал што се случува, добил одговор да да хаос е ништо посебно. Што да правам? Да пишам у вибер групата со сите родители се ова? Да се јавам директно на засегнатата дотична особа која нема да ми признае сигурно дека најверојатно физички дисциплинира деца од 2 години? Да пријавам некаде другде? Дајте совет, се пореметив
За која градинка станува збор? Јас би пријавила. Поправило кога станува збор за мали деца, би била доста звучна. Макар и кај директорката да се оди и да се пријави. Пишете во вашата група за дали некој од родителите се соочува со исто, макар да побарате преместување или отказ за негователката. Таков однос не треба да биде помеѓу мали деца. да ми го наречеш детето дивљак!
Да ти кажам само дека ако почнеш не се повлекувај, зошто ќе имаш притисоци, ќе треба можеби дури и да одиш подалеку од само градинката. Ако си спремна да биеш битки, почнувај.
И рачунај дека се се партиски гомца тоа и дека и да бидеш гласна нема кој да ти слушне глас. Чисто за да се смири ситуација пиши во група
Јас би пишала прво во вибер групата и ако добијам одговор барем уште од една мајка дека и она има приметено слични работи, одма одам кај директор. Какви се бре овие работи у градинка?! Ауууу Кај нас да ти е жал да го земеш. Фини та префини се тетките. И на доаѓање и на одење обавезно има гушкање со дечката. Пресоблечени,стокмени,исчешлани, на девојчињата и фризура после спиење направена ... Дивљак? На две год дете? Па и на 10 годишно Аууу ама се изнервирав
Не е само дивљак употребено, и други зборови има. Мене повеќе ме засегнува моментов со физичкава дисциплина, дали и како се случува? Немаме начин да бидеме сигурни што видел, и лесно може да биде демантиран. Дете 2год не знае да раскаже, среќа па нема некоја видлива модринка, маж ми вели сакал да влезе сосве врата у моментот. Плус најверојатно и не било кон нашево дете тоа у тој момент, што не значи дека нема и нас да ни дојде редот доколку дотичната има проблем со нервите. И не е тоа поентата ич, дали моево или друго дете, за сите би реагирала јас, уште да решам како. Плус проблемиве не се од една особа, наводново тепање и дерење да - од една треба да е, ама пресоблакањата и придавките се од друга негувателка.
И јас би рекла во Вибер група да прашате само со родителите или ако имате познати од истата група, дали нешто забележале. Јас кога и да прашав некој од родителите во група на ќерка како се задоволни, околу муабет, ги слушав истите работи што нас ни ги кажуваа негователките. Буквално секое дете беше немирно, секое дете јадеше се, секое дете се караше за играчки... Ова претставувам во јасли е, ќерка ми пример кога си идеше со модринки по нозе јас повеќе си поврзував дека паѓа и се удира на креветче, на играчки, отколку дека некој ја тепа. Во Скопје ли е градинката? @Emitrpc_123
Odma da prijavis , taa osoba ne da ja izbrkaat treba i da ja privedat ako udrila nekoe detence , za koja gradinka stanuva zbor ?
Прво, не може да се изживува никој, ама никој со мое дете. Второ, таа негователка е платена од парите кои ти, маж ти, и останатите родители, ги ставаме во буџетот. За дете сум спремна да одам кај треба. Рачунај дека ке наидеш на многу партиски војници, што во градинката, што во групата на родители. Ако имаш прилика снимај што се дешава. Снимај како се дере, што ке каже за детето кога ви го дава, снимај го веднаш од градинка како е облечено. Почни со групата, ама биди спремна дека ке има отпор.
Разговарај прво со некои од родителите со кои си поблиска за да бидеш сигурна дека и други го приметиле истото. Секако сними дерење и викање зашто ако не снимиш ќе биде нивниот збор против твојот.
Без снимка, докази некакви не можеш ништо, ако можеш снимај, предупреди ги другите родители ако сакаш, но не знам што може да се направи кога сите се партиски вработени или да збориш со директорката или ако има некој родител поблизок до неа. Јас би отпишала дете од таа градинка во овај случај.
Знам за случај и со снимка видлива како мава на дете го тргне, турка штипе, сега се на суд но во меѓувреме си работи градинката како ништо да се нема случено. И не знам како ќе се пресуди дали во корист на родителите уште нема завршница. Така да само јавно треба медиумски да се покрие за да смени нешто. Или да си го запишеш детето во друга градинка.
Мајки давајте памет како ви се научија децата да спијат во градинка, им дремнува по 20мин и се буди. Велат и го нишкале ама не сакал да презаспие ја не знам што ке правиме вака, два месеци поминаа одкако почна.
Искрено, они треба да се потрудат и најдат решение за тоа. Ако не им спие, нека го занимаваат, само нели да не пречи на други деца. Ти го насочуваат како проблем тоа?
Дома спиеше по саат и 15 минути. Во градинка 2 пати така, и од третиот пат навака спие преку 2 саата. Не знам што му прават, ама дома не спие толку за дневна дремка. Така да и јас ќе речам до нив е зашто не им спие, ти не можеш ништо да смениш.