Па ми се јавуваат да го земам, демек не спие ако можеш да го земеш, тек сега почнаа да пробуваат ама он дома вика ке спие таму и после не сакал плачел, а не плачел пошо кога одам да го земам си игра не ни има траги од плачење зошо за 5мин сум таму барем црвени очи ке има ако плачел. И тоа време секако дома спие, а го земам одма е заспан до првата кривина во седиште во кола е заспан. Не сум го нишкала дури никогаш за спиење секогаш легнуваме на спална и заспива. Не знам што да речам..
Ќе кажеш неможам да го земам. Која мајка не би си познала дете кое плачело. Од километар ја познавам мојата дека плачела. А и ти исто. Нив им е проблемот, дека треба да го анимираат, а не да седат и пијат кафе. Имав пријателка што работи во градинка и тоа им е ,,проблем” , зошто неможеле на раат кафе да испијат. Не оди да го зимаш. Вака ќе те мафтаат долго.
Истото и мене ми го правеа, секој ден ми се јавуваа да си ја земам бидејќи станувала од спиење и плачела и ги будела останатите деца. Еден ден пресеков, им реков извинете ама стварно нема кој да ја земи, еднаш мора да се научи. После тоа и да му се будеше, ја занимаваа и ни еднаш не ми се јавија. Сега си спие по два саати без проблем. Така да мој совет, биди упорна, оти ова веќе им стана пракса во државните градинки. Се додека одиш да го земаш, ќе ти се јавуваат на секое
Знаат дека можеш да го земиш и затоа така прават. Правеа и кај нас, од кога пресеков тоа е тоа, некогаш викаат 2+ часа спиеше, некогаш само пола час. Како ја занимаваат не ми е гајле. Ѕвонеше еднаш воспитувачката во 14:10 демек детево стана со плачење, да си го земете. Татко и во 14:30 ја земаше. Значи викам да се телепортираме не можеме да стасаме порано. Татко и е од работа тргнат за натаму, пак има 20+ минути пак. Јас додека излезам и дојдам пак ќе поминат 20 и повеќе минути. Не ни се работните места до градинка. Со таква причина повеќе не се јави.
Примено пред три месеци без врски во Весели Цветови. Само што законски не смеат да го примат пред 8 месеци
Majki sto virus gravitira niz gradinkive?? Prvo bebe povrakase dva dena na sekoe, pa maz pa jas, nie mislevme sme se zatrule ama ke da e nekoj virus posto preku eden den ne ispoprefati
Здраво мајки. Детето почна ви државна градинка во јасли на 09 септември. Повеке од 12 часот не е оставен бидејки одбива и храна и сок и ужинки и непрекинато плачел и само во врата гледал .... Но проблемот ни е и дома само плаче и сака само кренат во раце се плаши поинаку...нити игра ништо ...не е насмејан не е весел. ИСТО И дремката е проблем после градинка ке заспие само 30 до 45 мин.се биди никако не презаспива дали од стрес дали од плачењето дали од премор... Пробуваме со зборување но ништо. Еве 9 дена го носиме континуирано а секој ден е се полошо и поисплашено... Пред тоа малце дома малце градинка бидејки беше болен. ШТО ДА ПРАВИМЕ РАЗГОВАРАНО И СО ВОСПИТАЧКИТЕ ВИКААТ УПОРНОСТ АМА САМО 3 ДЕЧИЊА ОД НОВИТЕ БИКЕ ВАКА ПОТЕШКИ ДРУГИТЕ ВЕЌЕ ДЕ НАВИКНАЛЕ И ВЕЌЕ ЈАДЕЛЕ И ПРЕСПИВАЛЕ... СОВЕТИ ВЕ МОЛАМ ВЕЌЕ НЕ МОЖИЃЕ ДЕНОВИ И СААТИ ПОРАНО ДА ИЗЛЕГУВАМЕ ОД РАБОТА СО ММ... исто и од други луѓе се плаши што пред тоа ги гушкаше...
Или смени градинка, познавам детенце што во државна не се снајде, во приватна без мака одеше, или нека седи дома некое време. Не е работата детето да се трауматизира. За 2 месеци веќе би требало да се навикне бар да каснува, да заигрува...
Некој стомачен е изгледа... 10 дена се мачиме дома, малце подобро, па полошо, па подобро, па полошо... Катасрофа поминуваме
Не сме во Ск ама нема што нема во нашава градинка. Со сите родители што сум во контакт и од различни групи, куп различни симтоми пријавуваат. Кој имал стомачен вирус, следен само температура над 39 што со денови не се симнува. Трет, дете со бронхит без температура.
Моето почна на 1 септември со 2 полни, плачење,липтање, цупкал во место и само викал "иде мама иде мама иде мама" после некаде месец се смири и до 12 седеше, јаде, пие, си игра наутро секој ден плаче на оставање ама кажуваат дека брзо се смирува како ништо да не се случило. Е сега пред 2 недели почнаа да го оставаат да спие ама никако не сака или плаче или дремнува по 20мин и после почнува да плаче и да ги буди сите во 1 ми се јавуваат го земам зошто не спие. Еве буквални не знам што да направам за да спие таму не ни знам како ги заспиваат. Јас не го нишкам легнуваме и заспива на спална. Секогаш вели дека е убаво таму дека имал другари ама со спиењево налет. Само му зборам колку ме разбира не знам
Здраво мајки, што мислите за праќање градинка во декември? Дали има врска дека е ладно едно друго, да си почекам до март барем? Инаку 21месец ќе биде Декември. Несакам сега дека само што го одбив од доење па да се навикне
Нема врска дали е ладно, ако ти е за разболување во градинка е цела година сезона на вируси и бактерии така да не ти менува многу кога ќе тргне од тој аспект.
Мајки, вие кои имате дечиња со веќе надминати разболувања во градинка, колку време да очекувам дека тој период ќе трае? Два месеци откако почна веќе пие втор пат антибиотик. Една недела оди и одма болен. А, најкриво ми е што сака да оди, се радува. Сега е година ипол, втор пат го праќаме, првиот пат исто се разболуваше па го повлеков. Сега од септември пак почна, немаме проблем со навикнување и плачење ама разболувањето ме уништува, но овој пат сакам да бидам упорна да надмине се.
Нема некое правило. Секое дете е различно. Зависи имунитетот. Со повлекување мислам нема некој ефект, подобро нека прележи тоа што треба и самиот организам ќе стекне имунитет.
Кај нас траеше цела прва година. Има деца и по 3-4 месеци веќе што не настинуваат толку многу така да нема правило стварно.
Кај нас првата година кога тргна во септември се до март, април се разболуваше доста често, после тоа се стабилизира.
Големата почна во јануари, првите 4 месеца освен мрсули друго не покажа, значи дури на пролет првпат качи температура. Малиот почна сега во септември, после околу месец со мрсули качи температура заради бактерија во нос, а цел септември малтене лето беше, се по кратки. Еве и втор месец пројде, за сега е добар. Знам за деца што буквално на секои 4-5 недели се болни. Кога ќе почнат не е толку релевантно колку самото дете каков имунитет има.
Какви 4-5 недели... За нас тоа беше премија. Имунитет на дете крш. Не значи дека секое дете е исто, моето така се погоди. Првите месеци ако врзеше 2 недели бевме на коњ што се вика, не пак повеќе. Е после неколку месеци кога буквално без 1 ден прекин, го истера одма друга приказна. Сега веќе и месеци без прекин оди, што буквално да се заборавиме кога отсуствувала ради настинки. Ептен ние да сме шетале или некои други обврски систематски, заболекар итн па да остане дома.