Ете тоа е другиот крај на спектарот. Ама додека не тргне дете во градинка не можеш да знаеш како ќе биде. Секако мора да помине низ разболувањата да створи имунитет.
Ние повеќе од 1 недела не издржавме првата година.. Мајки многу сте среќни ако на почеток не ви се разболуваат дечињата. Неиздржливо е. Сега ни е 2ра година па ќе видиме како ќе биде...
Нас ни траеше година и некој месец. На почетокот 1 недела одеше, 1 дома болен. Во таа година најдолг период на континуирано одење во градинка му беше 3 недели. Сега од септември да не го заречам си оди редовно со малку нос растечување и подзакашлување од време на време. Не се одкажувај посебно ако сака да оди во градинка. Ама пуштај го целосно здрав зошто вирус врз вирус најмногу го утепува имунитетот. Со големиот грешка направив сите околу мене нека оди лечен, недолечен така се гради имунитет, не можев детето да си го оправам 2 години. Сега и носот кога ќе подзатече го оставам ден два пред викенд, пиеме витамини, супи па лесно поминуваме. Исто секое сабајле пие вит ц, вит д, во носе диво оригано и едни мултивитамини ко бомбони што се.
Исто, само до мај траеше кај нас. Не било нешто мн страшно, ама мрсули не прекинаа, и еднаш на 3 недели - ден, два температура. И после сите по дома, и така во круг ама преживеавме, чекаме сега како ќе се движат работите, до сега е добра
Кај нас имаше и страшни болести, среќа во болници не сме лежеле. Исто и дома со фаќавме сите, јас 30год не сум била болна вкупно како таа година.. ужас беше
Кај нас, не сме во Ск Околу 8:30 е појадок 11:30 е ручек После будење би било отприлика 14:00-14:30 е ужина. Немаме мени јавно објавено и не знам дали меѓу појадок и ручек имаат ужина плус.
Е тоа најмногу ме нервира што и мене ми викаат дај му сирупот и носи го во градинка. И ние сме една недела во градинка една дома. Во понеделникот завршивме со антибиотик, планирав вчера да го вакцинирам со последната вакцина која треба да ка прими ама матичната не ми дозволи, рече две недели да чекам после антибиотикот. И сега одма сите околу мене дека не сме сериозни со градинката дека само си играме со детето, и тоа од блиски што немаат деца. До сега културно ги игнорирав ама веќе не ги можам. Колку треба да седи ќе седи, а упорна ќе бидам зошто стварно сака да оди и му е убаво. Мислам и на 3 години да го пратам ќе мора да помине низ истото.
@Coldheart ,кај нас и за зелени мрсули враќаат дете дома да седи. И од таа причина дете повеќе беше дома од во градинка првата година. А сум имала коментари, само дома седи, како сакаш да се навикне, од Петкана (пример) се изнаоди во градинка и со температура и со кашлање и секако. Арно ама од Петкана детето 2 дена е со температура третиот како ново, ништо не му е. Моето правеше понеделник проѕирни мрсули, среда зелени, петок симнато на гради. Ќе ја вратам недолечена оти нели сите одат, по 3 дена пак кругот исто така. Се дури не пресеков дека ќе ја враќам скроз оздравена. Ова оти имаше со кој да останува меѓудругото, за јас да не губам денови од работа.
Моментално и јас имам со кој да го оставам да седи затоа сакам да го искористам барем тој период. Со мрсулите иста работа скроз. Понеделник проѕирни веќе до среда зелени, па брис, па додека да излезат резултатите престанаа зелените мрсули, а на резултат излезе стрептокока ама го оставија без терапија оти нели предтснаа мрсулите. И после некој ден си направи воспаление на ушите и мораше антибиотик. Стандард во понеделник го праќам во петок се покажува што си донел Сега наредно ќе се спремам за сипаници, така ми најавија божем ноември/декември се појавуваат. А ни јас немам прележано што е најтрагично, ама одиме храбро белким ќе преживеам
Здраво,пак јас. Некој да ми каже како изгледа во државна градинка, поточно весели цветови, групата 9-18 месеци, како ги хранат, заспиваат, по колку деца има, како успеваат за сите да се грижат, што се треба да носам за нејзе, за колку време се навикнале вашите. Фала многу за секој одговор
Имаш мени секој месец различно. Другото е хаотично и зависи од конкретната градинка. По многу деца се, 20-30. Ќе ти кажат што треба да носиш на првиот ден.
Во јасли кај нас беа на список околу 20тина дечиња, на сликите кои ги праќаа (ретко) најчесто беа околу 15тина дечиња. Во јасли има малце активности, најчесто ги ставаат на земја и им даваат играчки па дечињата се занимаваат. Другите активности се јадење, менување пелени.. Во нашата градинка ги учат да заспиваат сами, т.е во креветче... Како го прават тоа не знам, ми кажуваа дека некои ги нишкаат или седат до нив до креветче. Секако не сме таму па не можеме да знаеме со сигурност... Во јасли ги ранат воспитувачките. После 2 часот имаат ужинка, и доста дечиња ги зимаат па кај нас слушнав дека ги спојуваат групите со поголемите дечиња, најверојатно од прва мала. Во државна градинка дефинитивно има многу повеќе деца и нормално е дека не постигнуваат се, но најважно е како е детето според мене, да го пратиш како е, дали е среќно и дали сака да оди во градинка. Адаптацијата е многу индивидуална, некои дечиња брзо некои поспоро. Ќерка ми отприлика за 2 месеци се адаптираше, но беше цело време болна цело време. Дур не тргне тоа не можеш да го знаеш. Со лесно мајка
И јас би сакала да слушнам искуство за јасли, поготово ако има некој конкретно за 13 ноември објектот кај парк
Девојки во тешка ситуација сум незнам како да постапам,пробано е секако и со арно и со лошо,малата има 2.5 г до сега супер беше не сме имале проблеми последниве недели 2 деца има каснато,првото кога го касна цело време и зборувавме дека не е во ред и помина 5 дена супер умна била ја фалеа,денес еве повторно каснала друго дете.Инаку и двете што ги има каснато најмногу си играат заедно.Пробано е да разберам зошто ги казнува ама не кажува. Кажете начин да допреме до неа да разбереме зошто,инаку закажавме на психолог.
Не знам на 2.5г колку можр да се влијае, да ќе збориш и ја сум зборела за Х работи сфаќал тек оф кога наполни 4г. Во градинка што прават каква метода имаат? Таму е најважно, место ти на психолог со детето пошто мислам ќе нема некој ефект за да магично престане, ќе закажеш со раководител и педагог ако има и учителката состанок и ќе разговарате што преземаат и како да постапувате. Затоа што мора да бидете еднакви ако ја караат они, да караш и ти пример. Да обрнат повеќе внимание, ако треба нека си најдат начин пример раководителката нека е таму 2 3 саата во денот за да набљудува и да спречува. Пак ќе кажам најбитно е таму што прават и како постапуваат за да сфати детето дека не е во ред. Моето кога гризна, одеа сите го гушкаа гризнатото, сите укажуваа во моментот дека не е во ред итн. Џабе ти после 5 саати дома ако кажеш на 2.5 години дете "мама гризнеш другарче никако", премали се, а градинките очекуваат ние магично ќе ги средиме од дома
Здраво, што користите за имунитет при тргнување во градинка? За деца под 1 година. Мене матичната ми даде мултивитамини wellbaby, дали се доволно?
Dali imate iskustvo so.gradinkata veseli cvetovi vo Kisela Voda za vo jasli?Dali se grizat dobro ....