Wellbaby е многу добар суплемент , барем така се покажа за ќерка ми, ама сум го давала само по потреба, не превентивно. Тргната е во градинка на 8 месеци и не сум давала суплементи, само прскав изотоничен спреј во носе превентивно. Суплементи според мене меч со две острици, само што ќе престанеш да даваш , ќе фати нешто, а реално не е ОК нонстоп да користиш суплементи.
Која поточно беше весели цветови пред 4год таа на шамионче катастрофа гледаат само на тераса да седат и цигари да пушат а бебињата сами во занимална врискаат, они исто им се иживљаваат. Мислам Бети едната беше учителка другата не знам се жалев џабе. Кај општината го префрлив втора шанса, исто ми збореа како имал аутизам затоа што ммр сум му ставила на 12м дека сум ненормална, тука таа вакцина не е задолжителна. Веројатно некој исклучок во кисела вода што сами го измислиле . Ми се лоши кога ќе ми текне и многу мирна бев сега да ми се појави некоја пред очи ќе ги испокубам. Лоши женишта ми се погодија, како да кажам искомплексирани покварени испикани од политички партии Уште ми го вратија еднаш изгребан по газе од прстени ама јас бев во многу заникаде тогаш и го отпишав од едната, од другата, па одеше во литл ми
Defendyl дава ли некоја мајка? 11ипол месечно бебе ми го препорача докторката,не знам дали да го земам,оти одиме во градинка?
Зошто да не? Добар е, секој сируп за имунитет е со бета глукан во него секако. Не очекувај дека некоја магија ќе се случи.
Јас давам, мојата е 15 месеци. Не можам да ти кажам делува, премногу е рано, едвај 2-3 недели како го пие, ама месецов го помина во градинка. Јас планирам да го давам барем 3 месеци, па ќе прекинам.
Fala na spodelenoto. Veseli cvetivi mislam deka se vika ovaa kaj opstinata . Ponedelnik ke trknam do kaj niv za da mi kazat so treba od dok za da go prijavam. Od sto citam gledam deka I privatnite ne se cvekje za mirisanje. Imase nekoi majki na forumot koi nemaat dobro iskustvo... pa aj sega bidi pameten...
Не се , моето оди во државна сега зошто се преселивме во друга населба. Ама далеку од тоа дека литл ми беа сјајни. Ама за овие кај општината отвори очи да не те моткаат многу се безобразни само гледаат што подолга адаптација, ми се јавуваа во паники плачее одма доаѓај ми создадоа такви трауми глупачките не знам како не им е срам за понашањето. Еве од другава државна во карпош се светлосни години разлика. Се надевам ќе ти се погодат ок жени ама биди спремна
Таа кај општината е Синоличка, а таа подолу кај Тинексот е Кокиче. Јас од 5 дена искуство имам средно жалосен впечаток за Кокиче. 20 деца оставени сами да вриштат додека тие менуваат пелени. Ама не е и до нив, нема кадар и се е партиски вработено.
Јас го имам истото искуство за Мимоза објектот. Премногу дрзок персонал и да не набројувам. Кај Шампионче е Мимоза.
Не. Барем другаркава што раб во градинка, не оди. Она е во градинка во Карпош. А и внук ми во Ѓорче не одел.
Зависи кои. Православните не. Останатите ги работат, освен верските што се и државни, како бајрам. И логично ми е ако градинката е цела со вработени кои се ослободени на Водици на пример, како би работела? Не знам како е во Чаир пример, или градови во западна Македонија, каде доминантно се слават муслиманските празници. Таму логично би ми било пример да работат на Велики Петок, а да не работат за оној бајрам што е само верски празник, не е државен празник.
Мајки како комуницирате обично со родителите на другите деца од група? Имате ли групи без учителки? Колку често се споделува за болести?
Кај големата во градинката имавме група без учителките зошто беа поголеми и имавме доста комуникација неповрзана со градинката. Само една мајка комуницираше и пренесуваше што треба со нив, за болести ретко се пренесуваше. Малиот сега оди во друга градинка, учителките ни се во група, ама мали се децата и немаме никаков муабет надвор од тоа што ќе пише учителката. До сега имало известувања за болести, ама немало нешто посериозно, се работеше за бактерии во нос. Така да би рекла се зависи од учителките како ќе се постават, нема некое правило за вакви работи, иако мислам дека треба да има известувања редовно.
Имаме група без учителки, ама за болести се споделува во групата со нив. Обично за родендени покани, праќање слики и слично ја користиме без учителките.
Имаме и со учителки и една без нив. За болести, ако е од типот на сипаници, коксаки и слично, пишано е да се извести воспитувачката било приватно, било во заедничката група со сите. Настрана од сипаници, друго од страна на болест, не се споделило, ни во едната, ни во другата група. Таа со родителите ни служи за договори околу собирање пари, за материјали, ако некој предложи нешто плус. Засега сме немале покани за роденден во група од 2-3 години сме, па очекувам тие понатаму да следат.
Фала девојки @Miss_S @LiquidLuna @Spidy Прашувам пошо другарки ми зборат како се здружиле со родителите од децата во вибер групи, а ние имаме само фб група кај што не се сите родители и е тотално еднонасочна комуникација, па реков чекај да не треба да иницираме нешто.