Ние имаме вибер група со се учителките. Немаме никаква посебна група. Нити некој се дружи со некого. Мојата од 1 година оди во градинка. Истите родители сме. Порано нон стоп јас прва ќе им речам здраво. Ќе ти го возвратат поздравот. И после ме фати инат зошто прва да ги поздравувам. Престанав. И замисли ни тие никогаш не ми кажаа здраво. Ете до толку се чудни а камоли за дружење приватно. Додека пак рандом родители од поголемите групи што не се сретнуваме толку па нон стоп ми се поздравуваат. За родендени уште не почнале да викаат. Си имам јас од групата две што се дружев од претходно а сега уште повеќе се зближивме покрај децава. И уште неколку што ги познавам од претходно и имам едно здраво. За другите дадов коментар погоре. А инаку децава за разлика од родителите, на родителската кажуваа дека премногу си играат. Сите.
Кога тргна детево во јасли ист принцип 2 групи, постојано гледав мајки што по кафиња, игротеки итн се заедно. Моја претпоставка дека фамилијарно од порано си се дружеле. И до ден денес истите мајки си се викаат за сите настани. Оти реално дете од 1на, па и 2 години не остварува другарство којзнае колку. Еве јас лично, не познавав никој од група. Со тек на време се погоди со една мајка да комуницираме за проект поврзан со работата заедно, па и на роденден не викна. Онака на игралиште, низ чаршија ако се видиме сврзуваме муабет ама кафиња, чуда, немаме. А сум помислила некогаш да иницирам во група да пишам и средба во игротека и слично, не дека не. Ама само на мисла ми останало.
Кај нас никој не дал ваков предлог. Врв ми беше лани подарок за роденденот на воспитувачките ама за Нова година никој не спомнал. Сикрет Санта пак од друга страна имаме.
Хелоу , година ипол одиме во градинка последниве 6 месеци е ужас влегувањето , значи со влечење го внесуваат премногу плаче нејќе топлинки нејќе јакна да соблече и тоа трае додека влезе 5 минути и после внатре бил супер . Некој совет нешто или да си се помирам дека не сака градинка
Ако несака ќе плаче и таму цел ден. Штом се смирува, игра, јаде, не прави проблеми, не е дека несака градинка. Ако несака и таму ќе одбива се. Внук ми беше така и таму седеше во ќош, не јадеше ништо, не играше со никој.
Кај едното дете имаме две групи, една со воспитувачката и негователката, една само родители. Во таа само со родители комуницираме доколку треба да се соберат пари или да се организира нешто, покани за родендени. На почетокот една мајка напиша во групата за родители за заедничка дружба мајки и деца, каде се собравме добар дел, па од тогаш наваму се дружиме и приватно, па се родија дури и фамилијарни пријателства. Во глобала сите родители стоиме ок со комуникација во и надвор од градинката, секако има исклучоци. За болести се споделува во групата со воспитувачката и негователката, иако веќе се средна група и поретко се разболуваат. Кај помалиот има само една група, со воспитувачката и негователката, каде што исклучиво само тие две пишуваат, родители само доколку има јавно известување за сите родители. Ова е со договор на воспитувачката, на родителски. За болести и отсуства им пишуваме приватно нив, доколку е од интерес за останатите родители споделуваат во групата без да спомнат име на дете. Дека ние најрано го носиме, а кога го земаме веќе во дежурна е измешан со дечиња од друга група, не се среќавам со родителите на децата од неговата група, поточно можда се среќаваме ама не се знаеме. Од култура со сите родители шо се среќаваме в градинка кажуваме здраво.
Мајки како ги пуштате во градинка после разболување? Ова му беше 3та недела дома, прво пиеше антибиотик, после крена температура која траеше до вторникот, сега е добар ама на мисла сум дали да го пуштам од утре или да поседи дома уште една недела, домљ сум има кој да го чува ама да не му се собере многу дома седење не знам како ке се вратиме во колосек после
Колкаво е? Ако е во јасли нека седи дома. Ако е во градинка јас би го пуштила. Ама направи како што ти си осеќаш. Ако ти е кејф да си седите дома заедно, нека седи, една недела плус нема да му смени ништо во колосекот.
Единствено после пневмонија/бронхит седела подолго дома. За настинки или бактерија или после пиење антибиотик сум ја враќала за брзо. И со дома седење и во градинка, првата година се разболуваше од одма. Не е ич утешно ова. После пневмонија повеќе од месец беше дома, само што се врати во градинка веќе втората недела повторно беше со секрет до гуша. После настинка, се случувало пример од понеделник да тргне, веќе до петок пак да е со мрсули. Така да нема правило.
Ако е многу болна чекам неколку дена од последен симптом. Ако е само нос и малце омалаксаност ја следам и најчесто ја враќам побрзо за два три дена откако ќе видам дека се е ок.
Мислам дека една членка имаше вакво прашање ама не можам да најдам каде е.. Малава оди од 8 сабајле до 2, значи доручек ручек спиење и ја земам, втпр ден денес така тераме, се надевам до крај на неделава ќе седи повеќе. Е сега вчера кога ја земав во 2 беше прегледнета, две шмукалчиња изеде тоа имав во мене и бараше уште. Ручекот им е во 11ипол. Ми рекоа изела се од ручекот ама до 2ипол имаше огладнето душиче. Прашањето ми е, како ќе седи до 4 еве да речеме, нема ли многу да е гладна? Ужинката и не им е нешто обилна.. и еве денес во 2 кога ќе ја земам што да и дадам, да и дадам втор ручек ли? Не ми е јасно како да се организирам
Јадат ужинка во 14:30. Јас секогаш сум давала/давам ручек после градинка и плус нешто ситно да грицне додека стигнеме дома.
Не се оптеретувај толку околу организацијата. Ако е гладна после градинка носи и нешто, ако сакаш да ја заситиш земи нешто полесно (овошје, банана, шмукалче), ако сакаш да ја држи подолго земи некое пециво (геврече, кифла со јогурт). Јас и реков на мојата да си бара репете, и си бара, и даваат кога има, се случува да нема или да не сака, тогаш не јаде. Ние околу 3ипол ја земаме, па дури се клацка до дома јаде најчесто пола јаболко преку сила, и дома кај 4-5 руча (ако има ручек), некогаш не го ни јаде ручекот, така што не е прегладнета. После се случува да грицне нешто (и здраво и нездарво) па да вечера, и пак прашање дали ќе вечера. Си легнува порано околу 20-21 и реално не може количински толку оборци да ги изеде во 4 саати. Ако касно правам ручек после 4-5 или сме планирале да јадеме надвор, знам да и дадам нешто што повеќе ќе ја засити после градинка, па после тоа има ручек/вечера во едно и тоа е последно пред спиење. Ама јас гладта после градинка ја користам да изеде некој витамин, пошто тогаш е дај шта даш, а она не посегнува своеволно по овошје.