Колку се согласувам со ова. Во периоди кога беше екстремно настината, болна ли што не, покрај витамини, лекови, инхалации,чуда, неделно мислам само дека добра 1000ка трошев за дома да оставам, појадок, ужини, ручек додека е со баба/дедо. А не за цел месец. И на овие трошоци реално тие 1500 денари се ништо. Не знам што прават и што плаќаат со тие 1500 денари ама знам дека сум презадоволна од грижата за моето дете и напредокот. Инаку во градов сеуште немаат споменато зголемување, бар не сум слушнала, ќе видиме сега сметките што ќе кажат.
У идеален свет и ќе биде гратис и ќе одат децата во sunshine&rainbowѕ градинки. Ама ко шо кажа некој 1500 било пред 20 години, сега буквално се е качено а живееме во Ич идеален свет и тоа е тоа
Ама во светот и земаат додатоци за децата, да се потсетиме. Овде за давање нешто, малку потешко...никогаш уствари.
Точно дека се е покачено. И тоа е проблемот. Основните намирници се отидени во плафон, струја, цени на станови. Се што може да помислиш. Проблем се политичарите, во пакет со патишта градени со години, тренинзи на магариња и патни трошоци. Градинка качена за цели 500 денари!!! 2000 за еден месец се незначителна сума, дури и за оние кои работат за минимална плата. Ако не ти одговара ваков тип на државно уредување, повели во држава каде се е приватно. Каде градинка е мисловен поим. Здравство исто. Па врати се да кажеш како е подобро. За придонеси не може да мериме кој колку потрошил. Има луѓе кои цел живот плаќаат па не искористиле ден поволност градинка ако немаат деца, или здравство користат еднаш годишно. Или пак оние кои цел живот работеле а во пензија биле некоја година.
Мојот седи до 4 од дома доручкуван за да нешто бар јаде, ужинка кога како јаде, ручек јаде само грав, макарони и ретко ориз. Значи на 2 кришки сув леб...тоа е одиме дома и јаде, немам опција за порано да го земам. Дома дури направам 5 ме фаќа. Се навикнувал валда, ама ете да те утешам и со помалце храна па седи што ќе прај
2000 плаќаме субвенционирана цена, државата доплаќа по дете бар така знам + 9000 денари. Тотал 11.000 месечно, ако нешто не смениле. Така што не е малку по дете тоа што добива градинка. Во нашава во само еден клон одат 180 деца. А има 4-5 клона сигурно. Групите се 30 деца...не ги жалете си зима пари градинката. А екстра на тоа им купуваме материјали за работа, брисачи, чаши, тоалетни , принтер требало, тонер требало, завеси, теписи немале само донации бараат. И секако сето тоа екстра од нас џеб се наплаќа само преку даноци што не "ги осеќаме" па мислиме евтино е. Нека ни дадат на сите додаток ос 9-10.000 па да си одлучи кој сака градинка, кој дома жена-баба, кој приватна-кој државна
Па зошто да не сум благодарна на градинката. Ми испраќаат дома чисто, изиграно, најдено и среќно дете. Што толкава одбивност кон градинките. А замре времето кога молеа да работат во градинка, искуство од блиски неколку огласи пропаѓаат зошто не може да се најде негователка за во градинка. И на продавачките во маркет сум им благодарна што ќе ми помогнат да најдам некој производ, иако зимаат плата и на чистачите од општина што секој ден ми ги празнат кантите пред зграда и на пожарникарите и на докторите итн...
Надвор од темата сме веќе. Муабетот е да не мислите дека за 2000 некој ви го чува детето, затоа што не е толку. Не викам дека се проблем 2000 или што качиле 500, ама не е тоа цената што ја покрива градинката да функционира. А што се однесува околу приватно, а не државно, плаќам за жал, иако ~40% од плата ми иде кај државата.
Еве нека дадат. Која приватна градинка е 11.000 месечно? Или која жена ке дојде да го чува за таа сума? Плус јадење ке треба да покриеш со тие пари.
Апсолутно сум запознаена за се што кажа. Не знам ни дали сакаше баш мене да ме цитираш. Нејсе, покачувањето за градинка е минимално, незначително да кажам. И не знам зошто баш таква реакција за истото.
Ок де ти не, друг ќе даде. Тоа значи дека место децава да ни се пикаат по 30 во група ќе бидат редуцирани, поквалитетна настава ќе имаат, подобра храна и услови. Ќе се борат и државните да дојдат до деца што повеќе. Имав проблем со адаптација па без надомест првата година плаќав 13.000 , да не речам пола плата мораше да ми оди. Ти исто нели го чуваше дома да не ти се разболува до одредена возраст? Замисли ќе добиваше надомест. Ама ние сме со мајндсетот "абе за 2000ки што сакате" за жал, затоа немаме ништо од државава само давачки
Mnogu e 2000 odednas 500 denari, trebase barem 1800 da bide, jas za 2 deca 4000 ke treba da plakjam, plus vlazni maramici, plus toaletna, plus sapun, pudri casi, toa e vekje 6000 denari mesecno a ima roditeli rabotat vo fabrika I saboti I nedeli I nema koj da im go cuva deteto a rabotat za minimalec od 24 000 I toa se mnogu pari, poskapuvanjeto nema da go osetat tie so imaat golema plata a ne moze site da se vo administracija, drzavno I programmeri, mora da ima I cistacki I prodavacki tie nemaat 1000 evra plata
Не не, грешка си. Јас никогаш нема да кажам "што сакаш за 2000ки." Апсолутно сум за да се подобри квалитетот секаде, вклучително и градинките. Значи зградите да се реновираат, вработените подобра плата да добијат, да се намалат групите итн. Затоа што де-факто може. Ама државата нема интерес да го направи тоа. За жал. Како што кажав претходно, идејата да не даваме никаков приход за образование здравство е многу непогоден. Буквално една посериозна болест може да те остави на улица. Земи ја Америка за пример, прочачкај и ке ти биде јасно како стојат работите. Од државата имаш бенефит. Но да не на полниме темата со неповрзани работи.
Ние во Карпош уште од 2025 плаќаме 2000 денари. Искрено би плаќала многу повеќе со оглед на тоа како го чуваат. Заслужуваат многу повеќе! Јас сум презадоволна, не се многу во група, мал е ама гледам дека е среќен кога оди во градинка. Тоа значи дека му е убаво.
Чим вие толку задоволните би платиле и повише за тоа што некој ви го чува детето во државна институција, дали тоа значи дека мајките кои не се задоовлни (да , има и такви,замислите) не треба да плаќаат воопшто? Збориме за државна институција. Работа им е да ви ги чуваат децата. За тоа се платени, замислите. Инаку,мене не ми мене толку тие 500 ден повеќе, ама има родители со 2,3 деца во градинка. На крај краева секој си го знае неговиот буџет дома. За некој се ништо 500 ден, за некои значат и тоа како.