Исто во светот самохраните родители не плаќаат за градинка и покрај другите бенефити, еве јас плаќав градинка нормално како и сите. Добрата вест е што порасна
Во ред е покачувањето, нека го направат и 5000 ден, НО! да се вложат тие пари во градинките, да се реновираат, да се купи опрема, играчки за развој на децата, да се имплементираат нови програми за едукација, да се вложи во едукацијата на кадарот, да се надополни онаму каде што фали, да не се 30 деца на една негувателка оставени и цел ден Кокомелон да гледаат на тв, да има квалитетно јадење, овошје и зеленчук, а не бисквити и жито лукс леб со куп адитиви, да се вработу млад кадар, бенефициран стаж за вработените, да се работи на ХИГИЕНАТА и свеста и кај децата и кај родителите и кај вработените па да немаме жаришта на зарази, итн, итн... додека вака не се промени образовниот систем кај нас се е млатење празна слама па дури и беспари да е одењето во градинка...
Ако родителите немаат доволно пари за градинка, треба да размислат и најдат начин за поголема плата. Затоа што кога тие деца ке тргнат на школо, ке треба многу повеќе пари. Не знам како тоа го перцепирате дека некој друг треба да е одговорен за вашите деца.
Еве кај нас во групата, баш вчера учителката пиша за прослава на роденден на детето во градинка да не се носи ништо (или по едно крем бананче симболично) оти децата после не јаделе од ручекот, па наместо тоа со парите планирани за роденденот во градинка да се купи едукативна играчка/ки, оти немало играчки и децата буквално се тегнеле за тие неколку што ги има. Пред нова година дававме пари за декорации на занималната. Хигиенски средства се носат и тие. Ама пари се нема за играчки... Јас не сум против, да се разбереме...јас и самоиницијативно би донирала, и така не сакам да ми се трупаат дома...ама ова го кажав во контекст на муабетот на членката оти се' се нема...
Истото правило и во нашата група Знаеш колку пати со најлон играчки сум се одвлечкала, баш од тоа трупање по дома. Генерално настрана од тие 1500 +/- денари, нели и хигиенски работи, месечно сигурно имаме и плус трошоци, ова притребало, она притребало. Е за декорации немавме. Ама базар ваков, таков, претстава, овој празник, оној празник. Па Сикрит Санта итн.
Работа е што во Скопје, посебно во градските населби се градат нови згради градот стигна до милион жители, а бројот на градинки останува ист од 1960 год. Истиот инвентар во гранките е од тогаш, нешто и да се изреновира е фушерај, само да се замачка очи и да се сликаат од општина. Пред неколку години во градинка нова реновирана падна таванот, среќа што тоа се случило за викенд инаку би било катастрофално. Не знам, еве некој попаметен нека даде идеја како да се организираме, како родители да бараме нови градинки, повеќе вработени, број на деца во група како што е по регулатива, подобри услови и за децата и за вработените. Зошто стварно не е хумано 40 деца да бидат во 20м2 по 8-10 часа дневно и за нив да се грижат две жени.
Воспитувачка и негувателка СЕ одговорни за детето додека тоа е во градинка!!! Или го оставате на сопствена одговорност?! Само да се чува?! Покачувањево, вака кога ќе видиш 500 ден не е многу, ама ако се направи паралела просечна / најниска плата в.с цена на градинките, па и не е малку. Особено ако се направи споредба со другиве европски држави каде што платите се десеткратно поголеми од тука. А, најсмешни ми се благодраностите до воспитувачки, наставнички итн... Абре тоа им е работа! Платени се за тоа. Во ред е од култура да се заблагодариш за некаква услуга, ама да паѓаме во несвест оти ги чувале децата кога тоа им е примарна дејност!!!
Здраво. Дали некој може да сподели искуство за јасли во градинка Кочо Рацин (Бели Мугри) или Панорама на Водно? Колку време трае целиот процес за да примат дете, и за време на адаптација? Дали сте задоволни од учителки/негувателки, итн, по колку деца се во група, итн? Се што може да ми кажете е добредојдено за да донесам одлука. Ќеркичката ми е 15 месеци, сакаме да ја пуштиме во градинка за месец-два (да стивнат гриповите малку), и се мислиме меѓу државна и приватна.
Hi Ќере ми е во Бели Мугри. Јас ја запишав на 6 месеци, без проблем тргна од 9 - кога сакав. Во јасли беа околу 18тина , ама ова беше пред 3 години. Адаптација траеше едно месец дена, не биди јас. Сечи од корен дека не можеш да доаѓаш кога ќе сакаат. Едната негувателка е иста од тогаш, другата ја сменија и сега не знам која е. Оваа шо остана, генерално задоволна бев од нејзе и ден денес кога ќе се видиме и надвор од градинка се муабетиме. Сега е кај поголемите, а според возраста и зависно кога ќе го пуштиш бебе, може и ќе ги скокнете јаслите нели. Кај поголемите првата година немаа нешто кој знае какви активности , повеќе ги учат да си седнат на газот за јадење ,им ствараат фини навики.
Фала ти многу на одговорот. Сабајлево ми се јавија, примена е, само во Панорама, зошто во Бели Мугри немало место. Не очекував дека 3 дена после апликација ќе ми се јават. Ако има некоја мајка со бебе/детенце во Панорама, Ве молам даа сподели мислење. И дали кога ќе наполнат 18 месеци автоматски ги пуштаат во друга поголема група? Истите негувателки одат со нив, или им се менуваат? Се мислам дали да почекам до април, кога ќе направи 18 месеци, па од старт да тргне со поголемата група.
Мислам дека во секоја градинка е различно во зависност од капацитетот, годинава кај нас има само една група јасли, а пред тоа имаше две. Најдобро е да прашаш конкретно за твојата градинка таму како им е планот. Обично во септември прават нови групи
Нови групи се прават во септември. Дали сега или во април не ти менува пак во истата група ке си биде.
Не се префрлаат автоматски. Зависи која е политиката на градинката, од септември би почнало прва мала веројатно.
Kako e mozno zdravo dete prakam vi gradinka cel mesec doma sedese ni mrsulce ni nisto 5 dena vo gradinka i eve go kasla, znaci poveke ne odi nego sto odi , ne mi e jasno zasto prakaat bolni decinja vo gradinka prvi radi nivnoto a posle radi drugite e stvarno nemozam da razberam preku glava mi e veke celo vreme antibiotici zaradi nesovesni roditeli!