Беше 800 ден ама минатата недела мм го пратив да купи и рече дека две шишенца платил околу 800 ден, а долго време го немаше сирупов па може ја поевтиниле новава серија, би требало да е околу 300-400 ден.
Па нема некој многу јак мирис,малку како на билки мириса и дава некоја свежина кога ќе го ставиш. 860 мислам беше во Еурофарм Јас од маслото од грејпфрут сум задоволна,нас ни се покажа ефикасно
fala ti, da te prasam imas pisano deka ima omega vo sostavot, sega najdov na net sostav i nema omega vo nego.
Како ги облекувате децата овој период за во градинка? Никако да сум на чисто дали е многу, малку или добро облечена? Денес е во боди на кратки ракави и памучно блузиче а надолу тенки хулахопки и тренерки (морам хулахопки оти чорапите во секунда ги соблекува) Што земате наутро пред градинка? Мојата во 7 станува и одбива цеден сок па гладна ја носам за појадок? Вие? Инаку за имунитет давам Бимунал, витамин Ц капки, пробиотик Дарм флора и сега почнавме со Вигантол...овошје обавезно барем еден оброк, мед уште не смее ради алергии па најчесто заблажувам со маџун! Имате ли искуство со Seven seas сирупот од рибино масло? На времето пред десетина години беше многу актуелен а сега никаде го нема низ аптеките!
Јас ја облекувам со маичка на рамки,или боди со рамки,и блузичка и хеланки,или фустанче памучно со хулахопки овие денови дека е потопло, а и она сама си бара фустан ама врз хупахопките обелкувам хеланки додека стигне до таму дека наутро е поладно,а после внатре ги соблекуваме и си оди така.Инаку хулахопки по тренерки или хеланки не облекувам уште т,дури од кај ноември и облекувам тенки хулахопки. Верувај ми внатре им е многу топло зимно време,а они цело време во движење и се потат,а и мојата е с'клетџика. Наутро пие само цеден сок од портокал и лажица мед со таан,друго не давам да јади ,некогаш може по пат јаболко да земе,ама кај 8,30 имаат доручек и таман е па ако се најаде дома таму ќе неможе да јаде.
Јас и облекувам маичка на рамки, памучни маица и хеланки и чорапи, во градинка ни рекоа да не ги преоблакаме бидејќи внатре им е топло. Наутро пие шише козјо млеко со лажица боров сируп. Не и давам ништо дополнително (капки, витамини....), а планиран ацерола да купам, гледам сите даваат, па јас покуса да не останам.
И ние сме на хеланки (или тренерки) и памучна тенка блуза , под блузата маичка на прзрамки. Во ранче и праќам и маичка на кратки ракави па воспитувачките секој ден ја преслекуваат покасно кога станува ептен топло и си седи со маичка на кратки. И нас не предупредија дека е претопло и да не ги наоблекуваме многу па се придржувам до тоа. Инаку до градинка одиме со дуксер или џемпер оти насабајле ладничко е ,макар со кола одиме.
Сега ми се јавија од градинката, момево од јасли ја преместиле во прва мала група! Во јасли беше најголема - 20 месеци е, и двоела од другите бебиња! За почеток се договоривме да и земаат од јасли пасирана храна оти баш не е по џвакањето! Инаку морам да и облекувам хулахопки, 2-3 недели борба водевме со чорапи и максимум 5 минути и остануваат на нозе, ги собува и пак си ги обува на босо чевличките!
Исто. Војна се води за чорапи, не ги поднесува. Ајде до сега ладничко, ама дома не е страшно ако е боса. Ама од утре ќе мора хулахопки.
Ајдее јас на моево боди со долги и блуза подебела му ставам за во градинка. Жешко викате му е? Е ај утре со кратки ќе му облечам. Насабајле цедам сок и една лажица мед давам. Го обожава!
100% му е жешко, па рано е за боди на долги ракави, остај тоа за во зима, сега нека е со маичка или боди на презрамки а одозгра некоја тенка блузка. Од другарки кои работат во градинки, па и од воспитувачките на ќерка ми мене ми е кажано дека им е дста топло во занималните и да не ги наоблекуваме дечките оти се потат. Јас и за хулахопките би ве советувала да ги оставите за понатака кога ќе е многу ладно, ама па ако стварно не носат чорапи малите тогаш проблем ќе е боси да седат.
Моево носи боди на прерамки и тенка блуза, доле обавезно тренерки. По пат до градинка носи дуксер или јакна. Топло им е во занималните, плус се многу деца на мал простор и нон стоп се во движење.
Аууу не би ти препорачала боди на долги за во градинка,нема потреба најмногу боди со кратки,јас прв пат лани на тоа -20 и облеков боди на долги и тоа за надвор или дома ако беше поладно,во градинка нема потреба топло му е
Оваа недела беше недела на детето. Во нашата градинка секој ден организирале по некој настан, имаше на хамер напишано кој ден каква активност имаат. Имаа и ,,пикник,, организирано.Малите во двор на клупи и масички јадеа грицки и сокчиња, големите до блиска ледина па на чергичиња седеле, а најголемите на ледника под Водно Денес во градинка им доаѓа детски театар со претставата ,,Малата принцеза,,
Старите викаат се згреши детето, е така и моето. Очекувам денес утре да качи пак тт и да се разболе, едно дете што го знам дека е болно вчера го носеше мајката во градинка и кога го зимаше фино лепо си извади сирупот од ташна и шлап у уста а денес не го донела. Ќе пукнам од нервози. Од дете здраво право кое обожаваше градинка, солза чисто газе, имам болежливо дете, од антибиотиците црвен газ и дете кое нејќе во градинка се тегне и плаче. Да е само здрав, од понеделник здравје ќе си оди од 8 до 3, а мама свечано ќе го пушти првото цв. Ќе си пукнам од нервози. За имунитет давам лажиче мед насабајле, ацидосалус во грло и нос, сокче од лимон и портокал со мед засладено. И се молам на господ да го почува бар месецов од болештини. Го облакам во боди тенко по кратки или прерамки, маичка по кратки и тренерки одозгора, ама во градинка му ја соблакаат тренерката, по кратки седи. Хулахопки здравје од как ноември ќе облечам, сега нема потреба.