Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.754
    Допаѓања:
    26.611
    Пол:
    Женски
    Мојата е кај Мирче градинката. Прв ден 15 мин, втор 30 мин. Вчера 1 саат. Денес саат ипол. Од понеделник ни кажаа до ручек ќе седи.
    Внук ми во Хром, 5 месеци го адаптираа. На секое прдење и кивање, се јавуваа да го земат.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.071
    Фала мајки, нормално очекувам дека ќе ги караат ако има несоодветно однесување, се секирав за моментот дали казната им е да ги удрат. Па и да ги стават на столче, кревет, хранилка, одделени од другите да плачат и да се регулираат сами на 2 години, не сметам дека е соодветно, ама кога веќе во предвид е и удирање како воспитна мерка, ова е друга категорија..
     
  3. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    здраво мајки, имам дете кое оди во градинка ама е доста мирен и повлечен, кога ќе го удри некој не враќа, ќе му земат играчка од раце не се буни…очигледно јас лошо го воспитувам дека треба да биде умен и културен…
    е сега има едно дете што постојано го малтретира, знае да каже ме удри по глава по лице по рака по нога и тоа често веќе се случува, им кажав на учителките ми викаат лелее сите се жалат од него, им кажав на неговите родители џабе ефект нема па ме интересира која е следна постапка кај да пријавам за некој да фати да реагира околу ова дете
    се жалат и други родители од него ама никој не реагира ни учителки ни родителот а искрено не сакам на толку мала возраст детето да се соочува со вакви работи насилни од удирање мавање и тоа само од едно исто дете
    ве молам за совет доколку некој бил во ваква ситуација како постапил.
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.266
    Допаѓања:
    15.433
    Пол:
    Женски
    Ќе почнеш да го учиш да се брани. Клучно е да се брани, не да тепа.
    И ќерка ми беше мирна, ако некој и земе нешто од раце само ќе стои и ќе гледа. Во градинка имаа дете што ги маваше со клоци под маса ако нешто не му е по кејф. И јас ја учев дека што ти прават на тебе да враќаш со иста мера. Кој е добар со тебе, мораш да бидеш и ти, кој те мава/клоца/тегне имаш право да се браниш со иста мерка. И престана тоа дете да ја закача неа.
     
    На H.VAGA, Трагедијаупмм, Cherry79 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Ќе го учите да се брани. Исто беше и со ќерка ми и со едно дете. Па ја учевме на нас да не удри, еднаш и силно. И тоа ја научивме едвај со плачки да не удри, ама само кога ќе треба да се брани, ако ја удри, не прва. На крај научи, па му врати еден ден, па не ја чепна после тоа.
     
  6. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    и јас го учам тоа ако некој го закача да врати и да каже на учителката, ама ниту враќа ниту на учителките им кажува
    ми е страв да не се повлече уште толку и да не сака да оди во градинка
    а вака со мајки што имам зборено доста се жалат од истото дете дека ги закача и нивните деца тој е еден што прави проблеми само
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.754
    Допаѓања:
    26.611
    Пол:
    Женски
    Сите мајки, чии деца ги малтретира, да му вратат сите како оно што прави, нема да му текне да удира пак.
    Кога неможе учителката да се справи со тоа дете, справете се вие.
    Не сум за тепање и слично, ама ќе ја учам ако ја удираат да врати.
     
    На Трагедијаупмм и I.Ta им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.264
    Допаѓања:
    40.091
    Пол:
    Женски
    Истото беше и кај нас. И ја научив ќерка ми да враќа, и да вреска и така вчера ми кажа Ние пак сме другари со Х, веќе не ме тепа :)
     
    На I.Ta, le.soleil и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Maja@

    Maja@ Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo,dali imate informacija kolku deca se vo jasli vo gradinkata vo karpos 4 Orce Nikolov?
    Fala vi
     
  10. HoneyMe

    HoneyMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите мајки, заедно сме во ова. Првпат барам јавно помош, дете треба да тргне во градинка, не можам да најдам на нет како се поделени јаслите по возраст во општина Аеродром, под Срничка?
    И дали имате искуство, дете да тргне во градинка па да прими мрп? Како е вашиот став, ве молам? Загрижена мајка која треба да помине и адаптација и вакцина во ист период.
    Молам совет
     
  11. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    182
    9-24м јасли со тоа што секој први септември се делат групите односно ако е твоето дете родено после декември од истата година останува во јасли, инаку оди во следна.
    2-3, 3-4 и 4-5 се колку што знам.

    мрп мораше до 1,5г да се прими или да имаш легитимна потврда од диспанзер зошто не може
     
    На HoneyMe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HoneyMe

    HoneyMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала на искрен одговор.
    Има потврда зошто не можеше да прими, сега сме со нов термин за вакцината во средина на февруари.
    Уште е болна и со ниско железо.
     
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.207
    Допаѓања:
    40.582
    Пол:
    Женски
    Со оправдана причина имаат разбирање. Мојето тргна на 13 месеци без примена. Во меѓувреме беше паниката со црната кашлица и мораше да ја прими поливалентната. После почнаа разболувањата, 3 пати пневмонија и многу боледувања. Дури откако се стабилизираше и го најдовме чарето за честите опструкции на 2,5 години ја прими.
     
    На HoneyMe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    6.102
    Пол:
    Женски
    Мајки искуство за некоја државна градинка што била нова или ептен реновирана околу сити мол? Маж ми има некоја врска ама не го знаеме името на градинката, му ја пофалиле ептен инаку размислувавме за приватна ама не предомислуваат зошто блиска ни искочи врскава, за од септември :makeup: 15 месеци би била вероватно како јасли група
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mihaela123456

    Mihaela123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    2.756

    Majski cvet
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    6.102
    Пол:
    Женски
    Имате искуство со негувателки/хигиена/активности/храна? Чисто сакам да чујам мислења од мајки на дечиња што одат баш во таа градинка
     
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Орце Николов во Карпош 3, има нов доизграден дел, го отворија пред 2 години. Ќерка ми е таму, предобра е, само што јасли не е во тој дел. Моментално се четири групи, една средна и три претшколска.
     
    На Simon4e0507 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    6.102
    Пол:
    Женски
    Имаш инфо како е јаслито? Уствари јасли делот не е реновиран?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Имам инфо, син ми е таму :D.
    Јаслито е во стариот дел од градинката. Оваа градинка е целосно реновирана. Значи неспоредлива е со тие во Карпош 4 и Карпош 2, иако и тие се Орце Николов. Секое лето нешто плус се реновира. Во јасли конкрето се реновирани прозори, под, кровот летово го менуваа. Знам пред 2 години и нови душеци носеа. Во однос на просторија и инвентар ок е.
    Е ако очекуваш персонал како во приватна нема. Две негователки се на 15 бебиња. Они се супер ама колку што можат да постигнат. Деца се најадени, пресоблечени, изнаиграни.
    Сепак, ако правам компарација со новиот дел каде што е ќерката нема споредба :). Кај нејзе е се ново, дрвено, "монтесори".
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    6.102
    Пол:
    Женски
    Една група е јасли? Од 8 до 24месеци? Или поделени се?