Ве молам тие што сте пуштиле бебе на 9 месеци во градинка да споделите како сте поминале и како се адаптирало бебето. Јас ќе морам да ја пуштам бебулка на 9 месеци сега е уште мала ама сум цела во страв и паника како ќе поминеме. Дали ќе се адаптира, дали ги гледаат или ги оставаат во креветче да плачат по цел ден, ги молат ли за јадење или ги оставаат така, дали редовно им менуваат пелени. За разболување исто како е? Знам дека некои работи зависат од детето ама чисто да имам слика од прилика што да очекувам. Гледав и за во приватна градинка ама тоа што прочитав во таа тема не ми се допадна има многу негативни искуства скоро како во државна градинка а плаќаш најмалку 300 евра. И за ммр вакцината дали мора да се прими. Не сакам да ја боцнам додека не прооди и прозбори.
Ммр на годинка се прима нема да ви ја бараат, во однос на адаптација секое бебе различно се адаптира. Првата и втората недела се потешки, разделување од мајката и одење во нова средина ама полека ќе станува полесно. Првата недела седат по 30,40мин, па втората наголемуваат до кај два саати ќе пробаат и доручек да и дадат. Третата недела ако се навикне на доручек може да пробаат ручек да и дадат и да пробаат да ја заспијат. Сите реакции се нормални, само храбро. Почни со мултивитамини некои за имунитет. Моето првите 8 месеци одеше по една недела максимум две и беше дома болна за жал, температурата поминуваше ама кашлање и затнато носе траеше подолго и затоа седеше дома. Не се секирај се поминува после ќе трча накај градинка и кога ќе ја земаш ќе трча разположена, само да се издржи почетокот. Во однос на пелени менување во мојата менуваат често, во рок од една година само еднаш беше малце вцрвенета, за јадење исто се трудат да ги нахранат ако нејќат од тоа што има ќе им дадат нешто друго ама се случуваше и да прескокнува оброк се бунтуваше малце
Од мое искуство само да ти се погодат човечки суштества од негователки. Ако се они салам и си ја сакаат работата нема да имаш проблем.
Многу зависи од детето а и од негувателките. Зависи и колкава група на дечиња се и колку негувателки. Ние почнавме со адаптација на 9 ипол месеци и од оваа гледна точка само си направив стрес и траума. Ова е мое искуство не мора да значи дека кај вас ќе биде така. Ќерка ми тогаш седеше но ако легнеше и слично не знаеше сама да се исправи во седечка положба. Се уште не се ни исправаше на ноџиња. Малите бебиња на таа возраст поточно оние што само седат/лазат се претежно во креветче. На мое прашање зошто е тоа така одговорт беше за да не ги повредат поголемите дечиња. Ќерка ми одеше 2 месеци, во тие 2 месеци имаше прекини можеби преку една недела она се разболуваше ама за цел тој период ние едвај стигнавме до 2ч. Плачење со липање. Многу деца имаше тогаш на адаптација септември/октомври претпоставувам и тоа влијаеше ама и по карактер ќерка ми подобро функционира кога е во друштво на 4-5 луѓе отколку во хаос и галама а во градинка поготово во јасли секогаш има галама. Друго нешто што исто мислам влијаеше на адаптацијата е тоа што се само 2 негувателки на 30 деца. Исто во тој период главната негувателка после извесен период ја заменија со друга па и ова сигурно допринесе негативно. Секое мое одење да си ја земам некоја различна ми ја даваше. Децата сакаат рутина, се врзуваат со личности и ова константно менување не кај секое ама мислам кај некои дечиња влијае и те како. На крај ноември завшривме со стомачен и уште еден вирус, тој месец не само што не качи килажа туку и ослабе. Од тогаш тераме со сите можни математики и комбинации дома. Планирам сега март да почнеме пак, и искрено мислам дека маж ми ќе го оставам да ја тера адаптацијата зошто мене и те како ми влијаеше психички тоа липање и плачење, се чувствував како најлоша мајка на свет. Ќе напоменам пак ова е само мое искуство, не се сите дечиња исти. Верувам дека градинката е убаво место за учење нови работи и созцијализирање но сепак не секое дете лесно се адаптира. Со лесно, се надевам кај вас поинаку и полесно ќе оди се
Малиот почна во градинка на 11 месеци. Одеше во јасли 1 (во нашата градинка до 18м се јасли 1, поголемите јасли 2). Цело време беа на под и в раце кај негователките. Во креветче само за спиење. Се адаптираше релативно брзо, за 2-3 недели. Со јадењето ние немавме проблем, дете што сака да јади е, секогаш се смееја дека прв се мести за јадење и после пак одново во редот. Прематурче е и од искуството со поголемиот бев преплашена како ќе врвиме со болести, ама фала му на Бога, сега е 2 и пол год, досега само еднаш имал конјуктивит и еднаш бактерија во нос и прележа варичела ама префати од брат му. Јас давав бронховаксом, така да можно е и тоа да влијаело на имунитетот. Во однос на ммр, кај нас е ригорозно, гледам во скопските градинки не е. Кога го запишувавме на потврдата за примени вакцини стоеше запишано дека по календар за соодветната возраст се примени вакцините, а ммр е закажана на одреден датум. Дента кога појдов да го земам, на датата кога требаше да прими ммр, ми рекоа утре да донесите потврда дека примил ммр или потврда од педијатар зошто и до кога се одложува. Не одеше, не зборуваше, не знам дали тоа што е прематурче влијаеше, но тој сѐ почна многу подоцна да прави, барем во споредба со поголемиот. Ние го вакциниравме, фала Богу, супер помина. Сега никој не може да го надзборува и да го наттрча. Немој да мислиш мајка, секое бебе е различно, секое искуство различно. Поадаптабилни се и поиздржливи од тоа што мислиме. Со среќа и со лесно.
И јас се премислував неколку пати дали приватна или државна бидејќи во близина имам и добра државна но сепак одлучив приватна бидејќи во повеќето приватни се далеку помали групите во споредба со државна така да сигурно малце повеќе внимание ќе може да добијат. Колку што разбрав во некои приватни се по 3-4 деца на една негователка (во јасли). Чисто да споделам мислење, твоја одлука и секако верувам и финансиите влијаат на одлуката
До две години е една дозерка. Се става во што било, само да не е топло. Најчесто го ставам во, пудинг, кисело млеко, павлака, грчки, ако јаде некоја блага каша, цеден портокал, јогурт. Најубаво посебно една лажичка од што и да е од ова погоре, на страна ставам и мешам со прашокот, да сум сигурна дека го изела.
Види можеби затоа што одат по одмори сите наставнички и негователки и ги мешаат групите. Хаос е цело лето во градинка општо, нема да можат да му се посветат на бебето, а и за адаптација е подобро да биде со наставничките/ негователките што ќе му бидат цело време, а не му се менуваат цело време. Јас од искуство со поголемото, не ни сакам да го пуштам за прв пат малово во лето. Е сега можам (морам) да се снајдам за чување, ако не можеш е друга приказна..
Не дека не примаат, туку не препорачуваат. Се користат одмори, воспитувачки/негователки се по месец дена на одмор, се спојуваат групи на деца. Детето ќе биде со една воспитувачка, па после ќе му дојде нова, а таман се навикнало на старата. Па после и другата ќе оди на одмор. Ќе биде со мешана група на деца, веројатно многу на број, похаотично е и нема да можат да му посветат многу внимание при адаптација.
Може ако си упорна да го примат, реално истекува некогаш породилно што да направиме ние според нив. Проблемот ќе се споените групи, никој нејќе да се занимава со адаптација, сакаат што помалце деца. Реалноста е дека бар лани кај син ми од 2 групи споени (50деца) скоро цел јули одеа 10 деца, а во 16часот беа син ми и 2 деца чекаа. Така да лето ми се чини подобро за адаптација него септември кога сите плачат
Лето воспитувачките зимаат одмор и спојуваат најчесто 2 групи. Што значи дека наместо 20 дечиња има 40. Адаптацијата сама шо себе е специфична и добро е да има помалце деца и континуитет со воспитувачките за да може детето да се навикне. Ради тоа кажуваат септември.
Pa vo septemvri tie sto polnat 6 godini se otpisuvaat I idat vo skolo na nivno mesto doagjaat tie so 5 godini I taka site grupi se menuvaat kako rastat decata po vozrast
дека во лето користат одмори и се спојуваат групи па затоа од септември пиримаат така лани беше со нас случај во Охрид
Кои документи се потребни за упис во државна и приватна градинка? Се чека многу за упис или..? Која цена се отприлика?
Drzavna 1500 den a privatna okolu 20000 zavisi vo koja. Vo privatna mozes odma vo drzavna se ceka dosta dolgo, ako imas vrski moze da bide za brzo
Зависиво која приватна, нема секаде место поготово јасли. За приватна треба вакцинален картон и некое досие околу здравствена состојба на детето, тој формулар го дава градинката ама слично како во државна. Кај шѕо оди син ми не може паралелно да е запишан и во државна ( да си чуваш место), ги пријавуваат некаде во министерство.