Здраво мајки Јас сум дома користам боледување за бебето,но здравје планираме април да тргнам на раб..Во градника е примен потребно е документи да однесеме,што од прилика од документи е потребно? Се мислев додека сум дома овој месец да го носам по малку да пробаме адаптација па ќе видиме како ќе се одвиваат работите ,знам за брисеви дека треба ама што од документи за упис обично бараат? Убав ден на сите
Од градинката ви кажуваат што треба. Кај нас ни дадоа формулар, што матичен го потполнува и става печати. Потврда за здраво дете, не постара од 3 дена и вакцинален картон. Брисеви не бараат. Барем не кај нас.
Ти благодарам ќе одам од понеделник да прашам Охх значи малку зезнато ќе биде нема да можам сега да го пуштам ако бараат потврда ,он е здрав ама сепак користиме боледување за да поседам повеќе со него..одмор искористив..
Нема врска мислам дека тоа што користиш боледување. Бланко документ потполнуваат мислам дека компјутерски. Можеби грешам. Баш после ќе вадам потврда и ќе видам и прашам.
Период е. И ќе се разболуваат. Ќере 3 недели одеше и фати моксарела. Тоа е ептен честа бактерија и се третира локално до маст. Но ќере беше со температура 4 дена и заврши со антибиотик. Супер беше цела недела, дома ја оставив и спремна за од понеделник во градинка и оп вчера крена пак температура. Процес на стекнување имунитет е се тоа. Ако ги чуваме дома до школо ( вакви ситуации имам во близина), кога ќе тргнат во школо , па таму ќе биде истото. И од двете зла, го бираме подоброто, а тоа е цел тој процес да го поминат додека се во градинка, отколку во школо. Тешко е да гледаш болно дете. Ама цела утеха ми е дека е нормален процес и дека ќе помине.
Сега кога го прочитав ова ми текна дека јас сум чувана од баба и дедо и стварно кога тргнав во школо до петто одделение цело време бев болна и лежев во Козле многу ама многу често. Се помирив јас дека ќе оди во градинка од малецка ама па ни прва ни последна.
Јас во градинка кога сум била, повеќе болна бев , отколку што идев. Ама јас бев со болни и скапани крајници, кои ми се извадени на 3 години. После во наше време имаше забавиште до тргање во школо. Дома со баба и дедо сум била до пред некоја година, ама одев пак во забавиште. Ме чувале само периоди. Само ти биди психички спремна дека ќе има разболувања. И дека е се тоа период. Полесно ќе поминеш, само ако си спремна и ставиш во мислите, дека е период кој поминува. Исто како грчеви, вадење заби, држење во раце по цели денови( ова го поминав ), се се тоа периоди, кои поминуваат додека трепнеш.
Денес бев да ја земам малава, ми рекоа каснала некое дете. Значи во земја пропаднав. Не е воопшто агресивна, нонстоп си играме заедно сите, и јас и татко и ама исто така и сама си игра, не бара внимание цело време. Мене ме гризнува некогаш иако во последно време многу ретко зашто ја карав, и викав дека ме боли. Она уствари гризнува наместо да баци, мислам дека спрема мене го прави тоа од љубов ама спрема детенцево не знам зашто така направила, дали за внимание или нз.. Значи ептен незгодно ми падна. Прашав дали некое друго детенце така прави ама ми рекоа не. Фаза ли е ? 14 месеци е.
Been there, done that. На слична возраст и ќерка ми си дојде прекасана, за кратко време ми рекоа таа прекасала дете. Не да пропаѓав во земја. Истото се случи и неколку месеци подоцна, сега веќе (моево) поголемо дете. Тригер не знам што било, дали си грабале играчки, па во одбрана, дали, што и како. Е од односот на воспитувачките ич не бев задоволна. Кога моево си дојде прекасано никој ништо не видел, во обратниот случај добив лекција како моето дете било вакво/такво, како можело да добиеме и ние тужба од другите родители и градинката како објект. Се надмина ситуацијата со тек време, сега помалите се тие кои касаат во група. Сакам да ти кажам, се надминува, кога ќе те прекаса, тргни се, објаснувај дека боли. На играчки, кукли, покажувајте како правилно се гушка, бакнува итн.
Хах како бе тужба? Па ти си таму со нив ли леле безобразни. Така зборореле по сите што касале не обрнувај внимание, само следно на вакви сериозни закани да не им ќутиш одма барај состанок со дир, раководител и совет на родители. Срамота значи голем дел 2 гр мозок немаат а работат со деца
@Milkiway ,завршена приказна е ова кај нас. Мене искрено ни на крај памет не ми паднало да нападнам родител затоа што ќерка ми на една или две години си дошла прекасана, удрена, изгребана... Ама може има секакви родители. Генерално на воспитувачките им е начин да се заштитат. Во Х ситуација присуствував на кавга меѓу друг родител, ама жесток напад против воспитувачката затоа што детето на земање попладнето е со поприличен број на модринки на телото, што утрото ги немало. Детево изгледаше како некој да го тепал ама баш долго. Е нели битното воспитувачката вика цело време сме тука до нив, немаше тепачки, реалноста е веројатно дека дел од денот децата биле оставени сами, макар и на неколку минути. Е нели на овој начин со приказни за тужби и се останато, да се заштитат и тие.
Прв пат почнуваме градинка, на вибер пишаа да се носи за месецов за хигиена, што се носи освен влажни и брисачи?