Секоја градинка/група различно. Ќе си прашаш воспитувачка. Кај нас пример е влажни х3, хартиени бришачи, хартиени чаши, крем.
Дури вчера земавме потврда. Па затоа не ти одговорив до сега. Додека користиш боледување за дете, неможеш да извадиш потврда за здраво дете за во градинка.
Женски дали знате како им ги прават макаронките во градинка? Ми бараат децава како во градинка, прашав во градинка но не беше негователката многу информативна, само ми кажа дека биле со пилешко. Ќе ве молам ако некој знае да ми сподели многу ќе ми биде од корист
Оххх ти благодарам многу, претпоставував јас дека тоа ќе биде проблематично,нема да можам значи да го носам додека сум дома..Ништо здравје ќе видиме опција Б
Ако имаш лично за тебе боледување , тогаш ќе можеш. Зошто како и да е, боледување за дете макс две недели ќе можеш со крвна слика.
Откажи се, џабе ти е, никогаш нема да ги погодиш . Таму и дека заедно со други деца јадат се е повкусно. Така јас никогаш не ја погодив мусаката од градинка, детево воодушевено беше секое јадење. Ми кажаа што ставаат, ама џабе, нема рамен на таа таму.
Фала ти И вие сега почнувате? Ќе видам како ќе направам,ама ќе се снајдам Наредно после една недела макс две ако користам за мене и после план Б (баба)
Ахам душичка мала,а во јасли е или поголемка е? Ние ова ќе ни биде прв пат јасли 11 точно денес правиме
Во втора група јасли е. На три групи по месеци се поделени. Од септември во прва мала ќе е веќе. Година ипол е точно денес.