Мајки здраво, искуство со градинка Сончоглед- Весели Цветови, К.Вода? Поконкретно ме интересира група од 2 до 3 години што се моментално, препорака за воспитувачки можеби?
Значи аплицирам за конкретна градинка, таа што ми одговара. И дали се наведува точно од кога би почнале во градинка, пр.март 27ма. Ако нема место, што прават, нудат друга градинка или си чекаш? Прв чекор кој е, каде се оди, ја има ли онлајн аплилацијата? Како да знам дали треба електронски или лично?
Кај нас градинката има неколку клона. Ние рековме во тој и тој ако може. Е ние со врски бевме едвај за запишавме , за во друг клон, ама ич не жалам. На снаа ми и рекоа нема место во овој објек, за другиот ако сакате.. Одиш во делот администрација во градинката. Таму поднесуваш барање.
Мајки здраво, ми треба инфо дали некоја била во слична ситуација Преселени сме во друг град а документи сеуште немаме сменето, дали можам да го запишам детето во градинка иако по адреса не сме од овој град?
Ако фатиш врски нема проблем никаков, а ако немаш ќе го користат како аргумент да не ти го примат детето. Мое мислење. Јас го запишав во друга општина без проблем, лична карта и живеалиште не ми беа кај што е градинката, ама со врски.
Se Кај мене пола згради се без имотни и без адреси во Ск, па на сите децава во градинка и школо им одат.
Најпрво аплицираш во градинката (електронски или писмено, зависи во која градинка како е) и даваш податоци за детето и кога би сакала да почне со адаптација. Потоа чекаш одговор од градинката. Конкретно во мојот случај немаше мести во градинката до мене, па ми кажаа дека ќе ја примат во градинката клон во следната населба. Откако е официјално примено детето и ќе дефинирате почеток на адаптација се носат и други документи и се потпишува договор. Генерално процесот оди вака. Е сега за информација дали е примено детето се чека, некаде повеќе некаде помалце, а некаде ќе треба и врски. Се зависи во која градинка аплицираш и колку дечиња има таму.
Јас не ја разбирам оваа држава каде што премиер ти вика ајде работете на наталитет, а од друга страна те заебава и ти вика ќе чекаш да ти се прими детето во градинка. Како бе ќе чекам? Па кој да го чува? Немаме сите баба сервис и екстра пари за приватни градинки и жени дома деца да ни чуваат. Не дај Боже да не ја примат на работа ќе ја носам. Во државно работам ете нека земе директорот по партиска линија нека ми среди да оди детето во градинка. И нека проба да ме казни ќе ги кренам во воздух. Ептен се изнанервирав ќе чекам дали ќе ми го го примат детето па уште и ќе ме тераат врски да фаќам. Море марш.
@BellaBibi @AlmaOculta @LadyInPainting благодарам на одговорите. Имам две градинки во близина, т.е едната ми е поблиску а другата нешто подалеку, но во правец накај работа. Кое е времето на прием на деца во градинките?
Мислам дека примаат дечиња од 7, ако може некоја членка со сигурност да потврди. Јас ја носам нешто пред 8 часот, а крајно време на прием е 8 и 30.
Не сме во Ск, ама во нашата градинка приемот е од 6:00 наутро или 6:30 беше, треба да проверам баш, кај дежурен воспитувач. Околу 7:00 доаѓаат сите останати и си ги распоредуваат децата. Најдоцна до 8:30 може да се носи дете.
Здраво, искуство со Буба Мара Аеродром? Гледам имаат онлајн пријава, треба да се оди и лично или доволно е само онлајн? Ако аплицираме сега, списоците за дали сме примени се во Септември?
Ќерка ми оди во Буба мара, пре задоволни сме од сè. Аплициравме онлајн, ама ние бевме со врски па ни јавија дека е примена, за списоци не би знаела да кажам кога има, нај убаво јави се прашај.
Zdravo majki, sakam da go zapisam deteto vo gradinka vo Tetovo, dali znae nekoj ima li dvosmenska gradinka primer da mozam od 12:00 casot da go nosam deteto , prasuvam za drzavni gradinki. Vi blagodaram