Вечерва ќерка ми (4г) додека се спремавме за спиење ми ја потегна косата, не изреагирав, па уште еднаш и уште еднаш и викнав “ау немој ме боли”, она се насмеа и прекина, ја прашав дали некој вака и прави ми рече да, учителката Х… Ја потпрашав колку што можев ненападно одоколу. Кажа дека ја тегнела за репчето. Кажа дека ја плеснала по газ. Кажа претходно дека и по лице ја удрила. Ја прашав што прави она (ќерка ми) после тоа, рече дека плачела. Кажа дека и на други деца исто им правела. Три учителки се. Од другата рече дека само некогаш силно ја стиснала за рака. Третата дека не ја удрила. Ја прашав дали ја сакаш Х (оваа што ја удрила) рече да, па не, па пак да. Ама не беше воопшто растревожена додека ни го кажуваше ова. Нешто се случило ама не знам во кој контекст. Мислам во кој и да е контекст не е во ред, ама не сакам да сум лигава мајка. Ама не можам да поминам преку тоа некој физички да ми го повредува детето! Тотално ми е разбуричкан стомаков. Ја легнав, а едвај се воздржувам да не почнам игра за да испитам се. Мислам дека не ни имам толку знаење да ја испитам. А она па пусто ништо не кажува ако не почнеш да “копаш” преку игри, а јас не ја форсирам. Не ја гледам дека е растревожена, нема отпор за градинка, не дека гори од желба да оди, ама си оди. Нормално дека ако може да бира ќе сака да е со нас. Секогаш до сега кога прашувам ми викаат совршено дете за во градинка е, нема проблеми, не прави проблеми, се вклучува во активности, знае да се закача ако некој и земе играчка и сл. Ја гледам и надвор со деца, не е личност што трпи, бунтовна е, може тоа им смета ако е и таму таква, ама неколку пати сме прашувале подетално, ниту еднаш не ни рекле на нешто да обрнеме внимание, напротив ни рекле дека има добро домашно однесување и дека како родители добро правиме. Не знам утре како да ја пуштам во градинка. Не знам што да и кажам. Она кај нив треба да се осеќа сигурна, не да се плаши од нив. До вечерва и викав ако те удри дете ќе одиш кај учителката, ама ако те удри учителката? Не мислев дека ќе дојдам во ситуација ова да се прашувам.
Мојот апсолутно ништо дома не кажува(ше) што се случува во градинка, освен што работеле, ако биле негде, имале некоја активност. Пред скоро време пред спиење почнавме да си раскажуваме како сме го поминале денот, почнав да го прашувам што интересно му се случило, што го направи среќен, што го растажи, што го налути и заедно да анализираме одредени ситуации. Се изненадив колку детето ми се отвори. Не знам каков конкретен совет да ти дадам за ситуацијата, освен да ти речам да не брзаш со реакција додека не си сигурна што и како се случило. Доколку си во контакт со родител од групата, можи да замолиш да го потпраша детенцето, па да видиш дали ќе кажи нешто исто/слично.
Зборував, не ми ја потврдија оваа ситуација, затоа сум со резерва. Ќе оставам деновиве подетално сама со нејзе да откријам и ќе се распрашам пак. Ги раскажуваме и ние вака деновите и случувањата, ама пак не ги кажува толку конзистентно и течно за да проценам што се случило. Или ме провалува премногу брзо или не и го правам доволно интересно или па нејзе стварно ништо не и е таму интересно.
Влечење за коса и удирање е физичка казна, и не, воопшто не си лигава мајка ако тоа ти пречи. Градинката е педагошка институција, не смеат да си дозволат такво нешто, во право си дека таму треба да се осеќаат безбедно. Според мене добро е тоа што не реагирала дека е исплашена. На твое место би зборела со други родители и би почекала и сама што ќе каже следните денови. Ако дојде до конфронтација верувам дека само ќе негираат, без разлика што и да е вистината. А не се сомневам дека е можно да прават такви работи, имам слушнато и полошо. Мојата е помалечка, знае и да измисли нешто за тоа што се десило, ама често и точно кажува. Можеби да пробаш преку игра, со куклите да си играте градинка.
Здраво мајки Сакам да ве прашам дали во Македонија постојат правила што се прави кога некое дете каса во градинка ? Се работи за 1-2 деца кои константно касаат во градинка и ситуацијата е ваква од Октомври. Вклучен е психолог ама еве нема подобрување. Дали постои можност со потпис на останатите родители или некоја слична ситуација да се преместат тие деца во друга градинка? Жал ми е сепак се мали деца и период му е ама ситуацијата е сериозна. Секој ден повеќе деца се каснати
Сме биле во двете ситуации и ќерка да дојде прекасана и таа да каса дете. Имав и претходно пишувано, некои посебни мерки не беа превземени. Ова беше на возраст од околу година и после во групата до 2 години. Претпоставувам на таа возраст се? , Ќе ти пишам лп на подолго.
Моето и касаше и беше касано , потешко ми беше кога моето касаше . Ама за жал нема што да се прави особено на возраст од 1-2 години . Мислам и родителите и воспитувачките знае дека е фаза и дека ќе помине и нема што да се прави
Здраво мајки! Дали може некој да ми сподели искуство за Буба Мара градинката во Ново Лисиче, или Лале во Аеродором. Конкретно за групите од 2-4 години. Навистина ли се преголеми групите? Како сте задоволни? Прв пат дете во градинка, мислам дека јас имам поголем проблем за тргнувањето, отколку што ќе има детето Фала!
Здраво, ве молам споделете искуства за градинката Мимоза во Кисела Вода. За групите над 2г доколку има некој дете таму. Благодарам
Не ни дадоа ништо, ни се јавија дека е примена само и кога да дојдеме да ни дадат што треба да однесеме.
Ве молам за совет. Веќе шест месеци син ми редовно оди во градинка. На почетокот беше весел и сакаше да оди трчаше да влезе внатре. Сега тоа де смени. Плаче уште по кола, го предавам во раце, не сака да оди. Денес зборев со воспитувачката вели некогаш се смирува побрзо некогаш подолго време плаче. Дури ми рече дека се изолирува од другите и седи на страна. На две години и не знам колку тие си играат заедно, но ова ме вознемири. Прашав некој од децата да не случајно го задева ми рече не. Што да преземам, некој се соочил ли со слична ситуација?
Ние , потполно исто . Таман се адаптираше со трчање одеше во градинка. Сега еве две недели едвај воспитувачката го внесува внатре ,ама ние имаме проблем и надвор бега од деца се крие во мене , нејќе со други деца да игра а воопшто не беше такво дете дали им е некој период не знам .
Од како е дете тргнато во градинка сме поминале секакви фази. И со трчање да оди и плачки. И пак со трчање. За колкаво дете се работи точно? На 2 години и не се очекува да имаат којзнае колкава интеракција меѓу децата.
Се надевам и јас дека е период. Си велев ајде само да издржиме периодот со разболување и таман почна да сврзува по три недели, веќе и месец и сега овој проблем.
Две години и еден месец точно. Се надевам дека е период и дека ќе помине. Инаку надвор не бега од деца, ако му кажам ајде направи здраво со детето, тој го фаќа за раче. Знам дека на таа возраст и не си играат едни со други. Си велам можеби е од заби бидејќи многу бавно и тешко му раснат, а гледам дека ќе искачаат тројки. Инаку во четвртокот кога ги прашав дали нешто се има случено што е таков ми рече воспитувачката “вчера цел ден плачеше” и еве го сега со зарипнат глас е од што е повеќе плачлив последната недела. Па јавете се бре дека многу плаче, ќе се снајдеме да го земеме, јас и од работа ќе излезам ако треба, ама тие неее, само на родителска знаат да кажат на телефоните да сме достапни цело време.
@Coldheart , да не ме сфатиш погрешно ама од искуство ти пишувам, најголема грешка е да кажеш ќе се снаоѓаме, ќе го земаме. Не бива и цел ден да плаче, факт е тоа ама колку повеќе дадеш на знаење дека си на располагање, ќе го користат до бескрај тоа. Верувај ми многу добро го знам нештото од искуство. Лп ќе ти пишам повеќе ако сакаш.
Здраво, ме интересира за во Гевгелија за градинка објект Сончогледи некој да сподели искуство за јасли?
Знам, пробуваат тие кај кого може да успеат да се зима детето порано. Им реков ако е ептен екстремно да ѕвонат. Кажано им е дека нема кој да го чува, што е и точно, сите сме на работа. Мислам дека плачеше поради тоа што останува на спиење. Последен коментар е дека само од сабајле плаче.