Море, машала списокот за потребни материја за во градинка...во најмала рака илјадарче! Денес ми го дадоа со обврска да набавам до идната недела, абе ајде за дете од 20 месеци 5 блока и 3 пластелини... Уф само да сме добри со здравје па се што треба ќе си купиме, обврска си е обврска, а колку ќе работат со нив е знак прашање! Учителката ми кажува пак шетал некој стомачен вирус меѓу децата, ама пак ќе речам - мајките се за ќотек! Ми кажува женава вчера едно дете испратиле порано дома заради пролив и повраќање и сабајле вика пак ми го носи назад и тоа со поврда од лекар дека е здраво!
Кај нас списокот чинеше 500 денари 2 блока бр 4 2 блока бр 5 една четка за водени фломастери Џиото Селотејп Охо лепак Хамер во боја (еден лист само, а сите различна боја купивме) Листови а4 Самолеплив колаж Од дома чашка за да си ги чуваат боичките требаше да донесеме. Денес ѕирнав во занималната, се зчудив колку убаво средено.По масичките сликовници, по рафтовите убаво средени играчки...беше отворен прозорот да се луфтира и искористив прилика
@referentka , ова е списокот за прва мала група (2-3 години) според мене е премногу материјал со оглед на возраста и нивните способности! - Топ хартија во боја - Острилка со 2 отвора - Чашка за моливи - Блок бр.3 * 5 - Пластелин *3 - Хамер во боја - еден лист - Големи дрвени дебели боици - Фломастери GIOTTO (тенки -24) - Селотејп, книжен лепак и еко лепак - Креди во боја - дебели - Самолеплив колаж - Детска енциклопедија по избор + годишна претплата за Росица
А има ли дополнителни активности? Кај нас има: -Гимнастика -Ритмичка гимнастика -Фолклор -Јазик Росица ќе земаме и ние.
^Ние и лани и годинава уплаќаме по 600/650 за материјали(боички,блокови,тракатанци) Секоја градинка/општина,друга политика. Росица произволно. Годишно осигурување 150 ден-произволно.
А во која градинка одите? Чудно ми е бидејки програмата во македонските градинки почнува со полни 3 години. Ќерка ми е во втора јасли, ама не ми личи како дека ќе бараат материјали ... Сеуште не сме имале родителска ама...
Ние плаќавме 400 ден за материјали и воспитувачката ќе требува што им треба. Росица исто, боенка плус и книги 2 кои чинат 500 ден. И тоалет си носиме еднаш месечно. Моево е средна голема група. Инаку, Ангел, може мајката и немала друга опција освен да го носи. Еве син ми фати бактерија, а 4 години е уште малку. Јас ќе го чувам десет дена дома. Ама да одев на работа, ќе одеше во понеделник на градинка. Клинички е веќе добар, се намалува кашлицата, секретот. Нормално е да се разболува. Не се нервирајте за тоа толку. Пуштај cv и држам среќа. Да се вработиме мислам време е.
Мојата е исто во прва мала 2-3 години,ние уште не сме имале родителска,незнам зошто се касни? Другите во Аеродром во Срничка сте имале родителски? Лани дававме по 300-350 ден само.Сега незнам колку ќе не крстат @Sunshine_1979 кај вас нема втора јасли? Дека колку што знам твојата нема ни две години,а веќе е во прва мала,али секоја градинка изгледа различна поделба има на јаслите.
Има само една група јасли, од 6 до 24 месеци! Таму одеше неколку денови и после ми се јави педагогот дека ја преместиле во прва мала! 20 месеци е, но 93см и над 15 кг, збори, оди и не се вклопувала со бебињата како најголема во групата! Вика, ќе се уназади во развојот со помали дечиња! Сега во новата група се само 2 родени 2016 а сите други се 2015! Малку сум загрижена што пак тука е најмала но ваљда ќе се прилагоди!
Мајки сакам да прашам дали на некоја од вас им оди детето во градинката во Козле кај канела и како сте задоволни ?
@referentka плативте за претстава? И кај мојов денеска некоја "Музичка претстава",60 ден. За саат време чекам импресии,баш ме интересира колку гледал
Моето оди таму. Пре пре задоволна сум. Во градинката е чисто. Воспитачките се одлични жени, навистина се трудат. Не се преоптоварени групите со многу деца Имаат сопствена кујна и се е свежо зготвено (е сега, менито не е нешто ваууу, ама е пристојно) Имаат убаво среден двор кој што еднаш годишно и воспитачките и домарот(секојдневно) и родителите(еднаш-двапати годишно) го одржуваат и обновуваат Воспитачките се принципиелни и одговорни.Има и помлади и повозрасни со искуство. @PUPICA да...60 денари, претавата е ,,Малата принцеза,, Епа недела на детето е, збиени активности имаат
Жени ,еден совет ве молам Малава има две ипол години и цел месец оди во градинка,за прилагодување супер,без плачки поминавме,сака да оди , но одбива да јаде таму. Секако пробав да ја убедам,но не јаде. Прво доаѓање од градинка вика "мамо не јадев во градинка,дај ми да јадам!". Инаку седи до 12 и 30. Кажете совет што да правам ? Искуства?
Оди од сабајле, фаќа и доручек? Или од 9 оди и фаќа ручек само? Баш прееска бев нешто до градинка и гледав дека ги убедуваат да јадат, седат заедно сите и кој колку јаде којзнае Ке пројаде со другите дечиња заедно... да не не и се допаѓа храната таму... Јас па кога го зимам се случило да да јадеше ми викаат, го прашувам него да да јадев вика... а ако му дадам дома да јаде, пак јаде значи може јаде но недоволно... Праша во градинката дали јаде? Што викаат они?
Ја носиме во 8 што значи дека оди пред доручек, тогаш одбивала да јаде. Исто така ни ручекот не го јадела. Освен неа и од таму ни кажуваат дека одбива да јаде. Некако голем период е гладна.
Ако решите ептен да подигате имунитет со специјално средство, јас би ти препорачала Дефендил. Нема која мајка што го користела да не е задоволна. Во врска со материјалите за градинка, лани во малата група (2-3) ни бараа многу помалце материјали од тоа што го прочитав погоре што бараат во Карпош. Оваа година се договоривме да собереме пари, за секое дете по 500, да купи одговорниот материјали а со рестото пари да се купат играчки за нивната група. Претстави и нас ни најавија, вкупно 3, по 50 денари ги плаќаме, но еве првата ја утнавме @AngelOfArh немој толку да се секираш, мачно е но ќе го пребрпдите периодот првава година додека да стекне имунитет. Сите поминуваме низ истото...Не бактерии, не температури, чекање по дежурни лекари секој викенд...страшно напорно и жално да си го гледаш детето болно. Но ќе стекне имунитет. Првата година во градинка бевме- една недела одиме, три недели сме дома Ич да не се откажуваш од помислата да се вработиш, малиот ќе порасне и све ќе си тргне по свој терк.
Mnogu pali fintata ucitelkata da se obrati kon site deca i da gi prasa dali nekoj saka da go izede nejzinoto jadenje. Predlozi im go ova dokolku ne probale
Не работи мајката, нејсе да не се расприкажувам многу, не е битно, ама еве го пак кива. А пред градинка не беше волку нежен. Жално е што градинката е одлична, ја обожавам, многу сум задоволна, ама ете... Не знам што да речам.