Ранче со резерва облека, боди, шише со вода, пелена, крема и влажни ало сакаш. Ние носиме и пижами. Ќе ти кажат кога ќе почнеш на адаптација
Резерва облека во ранче и пелени даваме кога ја оставам. Резерва уште 2 пелени во ранчето во шкафче. На 2 месеци, ни кажуваат кој што да донесе( влажни, крема, чашки за вода, бришач).
Здраво, дали има тука мајка што детето и учи во градинка Кочо Рацин матичен објект и од септември би требало да биде најголема група. Ако има таква или некој што познава некој пишете ми. Малиот ми оди во приватна градинка но на мислам сум да го префрлам во оваа државна затоа што после му следува училиште Киро Глигоров па сигурно би му се погодиле дечиња од градинка во училиште, вака од мала приватна градинка ми е страв како би се снашол во училиште кога ќе тргне, по пророда е доста повлечен.
https://forum.femina.mk/threads/Роденденски-подароци-за-деца.28388/page-25#post-7676696 На оваа тема коментиравме за ова скоро, има повеќе предлози на последна страна.
Дали паузирате од одење во градинка кога им е растечен носот? Ќерка ми (1г) тргна минатата недела во градинка и во петокот веќе беше со растечен нос. Дека празник па не ни одеше во градинка одтогаш секако но не знам дали утре да ја носам. Скоро и да се смири носот, други симптоми нема никакви, си јаде, си игра…
Нос ќе тече цело време додека е во градинка. Кога има температура, некој вирус , тогаш дома. Ако за нос течење чуваш дома, рачунај дека ич нема да го пушташ.
Ако се бели/проѕирни мрсули, само перење нос со физиолошки. Ќе се исчисти за 2-3 дена ако нема некоја алергиска причина да го иритира континуирано. Ако мрсулите се зелени, тогаш најдобро брис од нос за да се види кој антибиотик треба, најчесто лекот е хлорамфеникол маст или тобрекс капки една недела да се става. Само за нос не. Нос може да тече нон стоп, а и да го држиш дома да се среди, ќе се растече за 2 дена штом се врати во градинка.
Физиолошки и чистиме носе. Нема чаре. Дома и еден месец да седи, трет ден во градинка одма мрсули ќе има. Да не се зелени само. Тогаш брис обавезно.
Здраво мајки..ќе пишам и тука и во поголемата група..имено се работи за градинка односно за група на деца кај син ми кои од септ че одат на школо...е сега прават глупости, бељи , зборувале безобразно и слично..се работи за деца чии водич се други две деца ..а после нин уште 10на други гледаат учат и прават ... и цело време у множина ср жалат наставничкоте како ср со недолично однесување и неизантеррсирани..кај моето дете проблемо е во тоа што е смотан до тој степен што ги слуша и прави глупости претежно трчање и урлање ..засега не се пожалиле дека зборува лоши работи...цело време му зборувам дома и до арнп и со лошо ми ветува дека нема да ги слуша дека ќе седи на насѕрана фо кога до вчера ги изнесле да ги шетаат во дворот и 2 3 деца почналр да трчаат и излегле надвор од градинката по нив уште 10 други учителките викале по нив овие не застанале и не слушале...учителката разочарана сакала да ја преместат во друга група бидеќи неодговорни се..кажете ми како да постапам каоо родител што да зборувам веќе незнам ср му кажамќе речи ветувам и после кога пак оди по друг акл вика ја заборив на твоите зборови незнам зошто не ми текнува...а не е дете што седи на место сака да игра и трча ама таму мора да се учи дека има правила дека не смее, ако едно направило грешка треба да е свесен за тоа а не несвесно да се фрли и тој во проблем..кажете ми совет како да постапам
Ќе им се растури групата до септември, надежно ќе има подобра екипа во школо. Мојот во градинка не правеше проблеми, откако почна прво почнаа така да се жалат од пола машки што следат 1 лидер. Ние го казнуваме кога ќе има поплака, тв да не гледа, да не му купуваме играчки (зошто многу е научен секогаш да добива некоја ситнурајка). И многу зборење цело време. Освен зборење, устата пена да фаќа, не знам што има поголем ефект и што друго може да се направи. Очигледно генерацииве како идат машкиве (па и девојчиња има) се здивени..
Он не е разгален не бара ништо посебно освен сокче, чоколатка, џваки и тоа е ..сега еве тир дрнови ај сладолед купи ми...проблемо е што трча многу сака да трча да игра ама дрѕго е кога сум ја тука речам стоп не мрдај или се смири или дома си одиш...а таму се повеќе деца едно од друго гледа сд силат и нз ни ја веќе што да му зборувам викам кога ќе станат да трчаат да се глупираат мора ли викам и ти да одиш..мора ли да станеш ..умрев од нервози и срам веќе секој ден на секое зимање истиот муабет е
Абе види сега, не е пријатно да ти се жалат од детето, ама сепак се деца. Трчаат, скокаат, не можат да се смират. Не е дека толку со намера бељи прават, мали се. Мојот е многу активен, темпераментен и се тоа, ама не е иницијатор, а следачи како него се многу. Не може по 10+ машки во секоја група да се екстремно проблематични, тоа е новото секојдневие за жал и мора наставничките/ воспитувачките да најдат начин. Мајка ми е во образование, она истото го вика. Само збори му, сите дома ако зборат и тој што е лидер ќе му се намали влијанието. Ама не им се треси до толку, ти тоа што можеш правиш. Они нека си најдат исто начин да ги скротат, што им е работа.
Овој период сум ставала боди на прерамки и тенок комплет на долги. Во мај зависи од времето ама долу долги, горе куси. Веќе во јуни/јули/август варијанта горе и долу куси. Ако било посвежо плус боди. Ако не само блуза, хеланки. Не сум го облекувала детево никогаш со боди и пантолони било куси било долги оти како недооблечено ми е така. Мои бубачки тоа де. Не дека нема преубави комплети и такви. Ако носела фустанче, ставав од долу, баш гаќи, над памперсот, оти на мојава можеше да и текни и да го одлепува. Не сме во Ск и во градов секогаш било за нијанса поладно и поветровито од таму.
За летово од Синсеј и земав бодиња со исти шорцеви за комплети. Ќе ја облакам и во фустанчиња има памучни, ама обавезно и гаќи, да не извади памперсот .